Јазичното интерпретирање или толкување е интелектуална активност на поедноставна комуникација со говорениот јазик или јазикот на знаци, и тоа симултано и консекутивно меѓу две или повеќе употребени јазици. Функционално, интерпретирањето и толкувањето не можат да се изедначат меѓусебно. Во професионалната смисла на зборот, интерпретирањето ја покажува појавата на поедноставување на формата на комуникација или јазичната форма во својот еквивалент, или приближен еквивалент, и тоа во друга јазична форма. Толкувањето го покажува самиот исход, а притоа доаѓа до преточувањето на пораката во говор, јазикот на глувонемите, писмениот, на вербалните знаци или други јазични форми. Сето тоа е многу важно, со цел да се избегнат недоразбирањата. Всушност, толкувачот е личноста, која го преточува, преведува изворниот јазик во јазикот цел. Задачата на толкувачот е да ги преведе усно сите семантички елементи (тонот и содржината) и секоја намера и чувство на пораката, што ја дава говорителот на говорниот јазик и таа треба да се пренесе на слушателите, значи на јазикот цел. „Толкувањето за Европа... во англискиот јазик“ ("Interpreting for Europe ... into English") [1] е кратка снимка на YouTube, која содржи информации за работата на толкувачите, кои ја даваат најголемата услуга на толкување.

Историја на толкувањето уреди

Се претпоставува дека толкувањето настанало веднаш по создавањето на јазиците, пред речиси 100.000 години. Меѓутоа, историјата на толкувањето сè уште треба да се истражува. Нема многу информации за тоа. Постојат некои податоци дека постоеле толкувачи во старото египетско царство, потоа во Стара Грција и во Рим. Ама сигурно постоеле и во други земји.

Во минатото постоел добар принцип за обучување на толкувачи. Државните раководители меѓусебно разменувале т.н. „јазични момчиња“ или enfants de langue, кои израснале татковината и многу добро го владееле мајчиниот јазик. По самата рамена настанал процесот на учење на јазикот од другата држава. Потоа служеле на кралеви, кнезови и сл.

Денешната форма, на тоа што значи да се биде толкувач, е сосема поинаква. Во 20 век толкувачот се издигна на едно многу повисоко ниво. Постојат најразлични видови на толкување. Симултаното толкување (освен толкување со шепотење, за кое се вели дека настанало порано) се смета за првата дисциплина на толкувањето. За првпат се употребила во нирнбершкиот процес. Познат германски толкувач на 20 век беше Паул Ото Шмит, кој работел во министерството за надворешни работи во Третиот Рајх.

Во денешната дипломатија не може да се замисли државна посетата на пример на некој политичар без личен толкувач. Билатералните средби се водат во најмалку шест очи. За успешно обучување на професионални толкувачи ширум светов се основаа катедри. На пример во Република Македонија Катедрата за преведување и толкување започна со својата работа во академската 2001/2002 г.

Толкувањето наспрема преведувањето уреди

Покрај тоа што можат да се користат меѓусебно, толкувањето и преведувањето не се синоними, сепак тие се однесува на усниот и писмениот превод на некое одредено значење меѓу два јазика. Толкувањето се среќава во вистинското време, во сегашно време- и притоа физички (значи на лице место), снимено на телевизија или реализирано по телефонот- и тоа на одредена група. Сите овие услуги толкувачот може да ги реализира со партнер или сам. Од друга страна, пак, преведувањето е преведување или преточување на некое мислење од писмена на писмена форма (пишано, снимено на касета, знак) на некој друг јазик. Преведувачот има време и пристап до други извори (речници, глосар и сл.) за да даде веродостоен, вистински и точен преведен документ, односно превод. Многу чест, непрофесионален и неуспешен концепт на толкувањето е кога се толкува збор по збор, значи кога се употребува иста таква синтакса на преведувањето. Тоа е непрактично, бидејќи буквално толкување на пораката на јазикот извор би бил нелогичен и неразбран од слушателот на јазикот цел. На пример, фрази од шпански јазик: Está de viaje, буквално оваа фраза би се превела на англискиот јазик како: Is of voyage (без значење во англискиот јазик), ама во овој случај верен, точен и прецизен превод со тоа значење би бил ‘He/She/You is/are travelling’ or ‘He/She/You is/are out of town’ или „тој/таа/ти патува(ш)“ или „тој/таа/ти не е/си во градот: Целото значење, тонот и стилот се најважни во овој случај, а не синтаксата на изворниот јазик.

За разлика од преведувањето, толкувањето треба да биде на еден поголем стандард на прецизност . Кај преведувањето има повеќе време за размислување и можност на замена на секој збор или реченица пред да му се даде на клиентот крајниот преведен текст. Толкувачот се обидува во секое време да постигне прецизност, ама може да испушти некои детали, податоци на оригиналниот (изворниот) говор и при толкувањето да се изостави нешто во јазикот цел. Тоа се прави пред сè кога говорителот зборува многу брзо или набројува повеќе работи без правење на пауза.

Меѓутоа професионалниот толкувач, кој е веќе извежбан во симултано толкување никогаш не ја изоставува информацијата од изворниот јазик, бидејќи се учи на тоа да ја зачува и каже истата информација во јазикот цел. На пример, кога се толкува од англискиот на шпанскиот јазик, тие можат да го скратат толкувањето во граматичкиот род на посебната употреба и описните придавки, кои не се употребуваат во англискиот јазик.

При толкувањето во суд не е дозволено испуштање на информација од изворниот јазик, се едно колку брзо зборува изворниот говорител, бидејќи прецизноста за толкувачите не е само принцип туку и задолжителност. Менувањето на дури само еден збор во основниот начин може целосно да доведе до погрешно разбирање на фактите. Најважниот фактор за тоа ниво на прецизност е употреба на тим од два или повеќе толкувачи и тоа за време на еден подолг процес, со еден активен толкувач и вториот како надгледувач за поголема прецизност.

Говорителите на средба во која се толкува може да овозможи за подобра комуникација и пренесување на својата порака во другиот јазик со побавно зборување и со правење на паузи од 1 до 2 секунди на крајот на секој параграф.

Начини на толкување уреди

Едно од можните начини на толкување е симултаниот. При симултаното толкување (СТ), толкувачот веднаш ја пренесува пораката во јазикот цел додека го слуша изворниот јазик. Целиот процес се прави симултано, а тоа значи истовремено.

Консекутивното толкување (КТ) е претставено како ‘кратко КТ’ или ‘долго КТ’. При краткото КТ толкувачот се препушта на меморијата. Секој дел, сегмент на порака е доволно краток да се запомни. При долгото КТ толкувачот фаќа белешки од пораката и на тој начин може да запомни подолги делови од текстот. Овие неформални делења претходно се договорени со клиентот, и зависат од темата, својата тежина и намерата на толкувањето.

Во некои случаи, пожелно и барано е од толкувачот да толкува и знаци. Пред сè тоа се бара при консекутивното толкување. Има една очигледна разлика меѓу толкувачот и преведувачот. Толкувачот гласно мора да го чита документот од изворниот јазик на јазикот цел, на таков начин како да бил напишан на јазикот цел. Преведувањето се однесува на пишан текст и почесто се јавува со судска или медицинска терминологија.

Честа појава при СТ е, покрај другото, преземање на реле. Преземањето реле при толкувањето се јавува кога неколку јазици се јазикот цел. Толкувачот на изворниот јазик ја преведува пораката на еден јазик од кој ќе може секој толкувач да ја преземе и да ја истолкува во својот јазик цел. На пример, пораката на јапонски јазик, како изворен јазик, прво се толкува од група на толкувачи на англиски јазик, а потоа од англискиот јазик ќе може да се преведе на арапски, француски и на руски јазик, односно на сите јазици кои се јазици цел.

Симултано толкување уреди

При симултаното толкување, толкувачот колку што е можно побрза ја формулира пораката од изворниот јазик во јазикот цел и истовремено говорителот продолжува да зборува на изворниот јазик. Толкувачот седи во кабина со звучна изолација и при СТ зборува преку микрофонот, а истовремено го слуша и гледа говорникот на изворниот јазик преку слушалки и монитор. Со симултаното преведување за слушателите се преведува кон јазикот цел , кои преводот го слушаат преку слушалките. На тој начин се заштедува многу време, и на пример седницата е многу покуса. Забелешка: Непрофесионалните лица често погрешно го изедначуваат СТ и толкувачот на СТ со ‘симултан превод’ и ‘симултан преведувач’, и притоа ја игнорираат ја разликата меѓу толкувач и преведувач.

Толкување со шепотење уреди

При толкување со шепотење (на француски chuchotage), толкувачот стои или седи до мал број на слушатели, кои го слушаат јазикот цел и тој толкува симултано за онаа што се зборува. Овој метод не бара некоја определена опрема. Тоа се употребува во оние околности , кога мнозинството од групата го зборува изворниот јазик, а малцинство (идејално до тројца) не го зборуваат, односно не го разбираат.

Консекутивно толкување уреди

 
При консекутивното толкување, толкувачот Патрисија Штиклин на Гари Каспров го толкува говорот на Клаус Беднарз.
 
При консекутивното толкување, толкувачот Патрисија Штиклин фаќа белешки од говорот на Гари Каспаров.
 
При консекутивното толкување, толкувачот Патрисија Штиклин на публиката и го толкува говорот на Гари Каспаров.

При консекутивното толкување, толкувачот започнува со зборувањето кога говорителот на изворниот јазик завршил со зборувањето. Говорот е поделен на сегменти, и толкувачот при КТ седи или стои до изворниот говорител, и притоа слуша и фаќа белешки за пораката што ја пренесува говорителот. Кога говорителот прави пауза или го завршил говорот толкувачот ја толкува целата порака во јазикот цел.Говорот или некои единици од него, што треба да се толкуваат консекутивно, по правило се кратки.

Пред педесет години, толкувачот при консекутивното толкување преведувал говори од 20 или 30 минути. Денес 10 или 15 минути се сметаат за предолго, пред сè поради тоа што слушателите не сакаат да слушаат говор на јазик кој не го разбираат повеќе од 20 минути.

Често говорителот на изворниот јазик не е свесен дека таа или тој може да зборува повеќе од една реченица. Притоа по секоја реченица или две прави пауза за да се толкува кажаното, ама понекогаш тоа може да го иритира толкувачот. Има различни ситуации при кои може да се олесни или отежни самото толкување. Најдобро е да се има некоја средина, и пожелно е толкувачот и говорителот да се договорат за брзината на зборување и за правењето на паузи. Сепак си постојат најразлични ситуации. На пример, зависно од тежината и темата на текстот и од способноста за памтење на толкувачот, тој може да го замоли говорителот да прави пауза по секоја реченица или секој пасус. Секако дека тие ситуации се ретки. Толкувањето на реченица по реченица не бара голема способност на памтење и затоа е помала можноста за испуштање на информации, а, пак, негативната страна е тоа што толкувачот не може да го слушне целиот говор и целата смисла, и наидува на некои проблеми при толкувањето, бидејќи не го слушнал целиот контекст и толкување во одделни единици може да го изгуби посакуваниот ефект (на пример замислете си го толкувањето на виц со паузи и преведување измеѓу паузите). Овој метод често се употребува при толкување на говори, изјави, снимени изјави, сведочења пред суд, па и интервју за вработување. Меѓутоа најдобро е да се добие одредена идеја ја тоа што се работи пред да се толкува.

Целосното, тоа значи да не биде поделено, консекутивното толкување подразбира целосното сфаќање на смислата, информацијата на пораката од изворниот јазик за да биде разбрана при толкувањето кон јазикот цел. Тоа поразбира поверодостојно, поточно и попристапно толкување отколку симултаното толкување.

Заедничко толкување (лиесон) уреди

Заедничкото толкување, англиски Liaison interpreting поразбира толкување на тоа што е кажано на една, помеѓу два или повеќе личности. Тоа може да се направи по краток говор, или консекутивно реченица по реченица, или како толкување со шепотење без фаќање на белешки, при што не е потребна опрема.

Видови на толкување уреди

Конференциско толкување уреди

Конференциското толкување е толкувањето на конференција, и таа може да се реализира симултано и консекутивно. Меѓутоа 20-иот век е век во кој има поголем број на претставници од повеќе држави, пред сè во политучки средби. Притоа се помалку се користи консекутивното толкување. Едноставно, симултаното толкување овозможува да се реализира средбата на еден порелаксиран начин. Со КТ нема да може да се одржи таа рамнотежа на течење на говорот. Затоа се почесто се корито принципот на СТ.

Конференциското толкување е поделено помеѓу две „пазари“: институционалниот и приватниот. Меѓународните институции (ЕУ, ОН, ЕПО итн.), каде што се одржуваат повеќе- јазични средби, често негуваат толкување од повеќе странски јазици во мајчин јазик на толкувачите. Локалните приватни пазари негуваат билингвални средби (локалниот јазик и друг) и толкувачот толкува од двете насоки, и од и на мајчиниот јазик. Меѓународниот сојуз на конференциско толкување (МСКТ) е единствениот светски сојуз на конференциското толкување. Сојузот беше основан во 1953 г. и денес има повеќе од 2800 професионални толкувачи за конференциско толкување во повеќе од 90 држави.

Толкување на правото и судско толкување уреди

Толкување на правото, судското толкување или правното толкување често се јавуваат во најразлични судови, како управен суд и таму каде што има судска постапка (како што се просториите на конференции за давање на изјава). Толкување на правото може да се реализира на пример консекутивно и тоа на изјава од сведок, или симултано на цела судска постапка со помош на електронски помагала за една личност или за сите присутни личности.

Секој, кој не го разбира јазикот на некој суд (пред сè ако е обвинет за некое криминално дело) има право на компетентен толкувач. На тој начин се обезбедува вистинската комуникација. Затоа тоа право често е гарантирано во националните устави, декларации за правата, основни права кои се основани во правниот систем или се приоритет во највисоките судови.

Зависно од регулативите и дадените стандардите на средбата, вообичаено судските толкувачи работат сами кога се толкува консекутивно, или во тим кога се толкува симултано. Со цел да се овозможи добар превод на изворниот јазик во јазикот цел, од судските толкувачи се бара да има познавање од областа на правните и законските и судските постапки. Често од нив се бара да имаат формален документ за дозвола од државата да работат во судовите, и тогаш се нарекувани како дипломирани судски толкувачи. Во многу судски надлежности толкувачот се смета како важен дел на сведочењето. Некомпетентно толкување, или слични грешки како погрешни изјави на толкувачот може да доведе до неуспешно изведен судски процес.

Фокусирање на одредена група при толкувањето уреди

При толкувањето толкувачот се фокусира на одреда група и тој/ таа седи во изолирана кабина или во одреден простор, каде, сепак му е овозможено да ги гледа своите клиенти. Вообичаено има само еднонасочно огледало помеѓу толкувачот и учесниците, при што толкувачот може да ги набљудува учесниците, ама тие ја гледаат само нивната сопствена рефлексија, значи ја гледаат само својата слика на огледалото. Толкувачот го слуша разговорот во оригиналниот јазик преку слушалките и за клиентите симултано толкува кон јазикот цел. Не само што тие во основа толкуваат за одредена група, која се состои од 2 до 12 (или повеќе) учесници, искусните толкувачи не ги толкуваат само фразите и значењата, туку тие пренесуваат и интонација, начин на зборување, тон, смеење и чувства.

Придружно толкување уреди

При придружното толкување, англиски Escort interpreting, толкувачот придружува една личност или цела група на патување, на посета, или на средба или интервју. Толкувачот кој се наоѓа во таа улога се нарекува придружен толкувач или придружен толкувач.

Толкување во јавниот сектор уреди

Тоа е познато и како општествено толкување, и е дел од толкувањето од областа на правото, здравството и локалната власт, социјалните работи, живеење, здравата животна средина, образованието и добротворните услуги. Во општественото кај толкувањето постојат некои фактори, кои одлучуваат и му влијаат на јазикот и на општествените исходи, како што се чувствата на говорителот кои ги изразува со секој кажан збор, непријателски или одделни социјални околност, својот создаден стрес, силната поврзаност меѓу учесниците и степенот на одговорност на толкувачот. Тие во некои случаи се поизразити, а во други случаи од тоа на која начин толкувачот ја врши својата работа зависи дури и живото на некој личност.

Медицинско толкување уреди

Медицинското толкување е подгрупа на услугите на толкувањето, и се состои од комуникација меѓу медицинскиот персонал и пациентот и неговата /нејзината фамилија, која , пак, се реализира со толкувачот и тоа вообичаено дипломиран и квалифициран за давање на такви толкувачки услуги. Во некои случаи личноста, која е вработена во некоја болница и која знае повеќе јазици, може привремено да работи како член на меѓународната јазична организација, која нуди услуги на преведување и толкување.

Медицинскиот толкувач мора да има широки познавања од областа на медицината, истите медицински процедури, разгледување на случајот на пациентот, процеси на медицинско испитување и секојдневно да работи во некоја болница или клиника, со цел да им нуди ефикасна услуга на пациентот и на медицинскиот персонал. И покрај тоа, многу е важно медицинскиот толкувач да има и културна поврзаност со луѓето (независно од јазикот). Мора на пример да ги познава навиките и обичаите на луѓето за кои ја извршува таа услуга. За пациентите болниците често се непознати и неудобни, а овде се вклучени и клиниките или медицинските работи.

Толкување на јазикот на глувонемите уреди

 
Толкувачи за јазикот на глувонемите работат за училиште.

Толкувањето има и еден поширок спектар на дејствување. Не се преведуваат само реченици по речените, туку во посебни случаи се толкуваат речениците во знаци и обратно. Кога зборува некоја личност што слуша, толкувачот ќе го толкува значењето на говорителот во јазикот на глувонемите. Кога, пак, глув човек прави знаци, толкувачот значењето на знаците со зборување го толкува за оние кои можат да слушаат, што понекогаш се однесува на гласно толкување или зборување. Оваа може да се реализира и симултано и консекутивно. Вештите толкувачи на јазикот на глувонемите ќе се позиционираат во соба или место каде е можно јасно да ги гледаат и глувите учесници и оние кои можат да слушаат. Во определени околности, толкувачот може да толкува од еден јазик на знаци во друг јазик на знаци.

Исто така и глуви луѓе работат како толкувачи. Тие се здружуваат со оние, кои можат да слушаат со цел да се реализира толкувањето за глувите, кои можеби не го знаат стандардниот јазик на глувонемите што се употребува во таа држава. Во други случаи толкувачот, кој може да слуша, може да не го постигне посакуваниот ефект. Глувиот толкувач ќе може да ја истолкува пораката многу појасно. На пример кога некоја личност визуелно ги прави знаците, глувиот толкувач би ги употребил и копирал овие знаци за да бидат разбрани и за глувонеми личности и визуелни би ја пренел самата информацијата.

Во Соединетите Американски Држави, толкувачите кои се одговорни за јазикот на глувонемите имаат и здружение на национално и државно ниво. Државната установа на толкувачи за глувите (ТГ) е национално докажано тело. За положување мора да се поминат тешки тестови, членовите на ТГ мора да го следат кодот на професионалното однесување, процес на жалба и понатамошни барања за образование. Сето тоа со себе носи одговорност.

Толкувачи за јазикот на глувонемите може да се најдат во сите видови на ситуации на толкување, како што е наведено во овој текст. Повеќето толкувачи имаа формална обука во определена Програма за обука на толкувачи (ООТ). Времетраењето на ООТ може да варира, дипломата може да важи од две до четири години. Исто така има и програми за дипломирање.

Медиумско толкување уреди

Во својата природа, медиумското толкување треба да се изврши на симултан начин. Пред сè се употребува за емитување во живо, како на пример за прес- конференција, снимено интервју или интервју во живо од некој политички карактер, музичари, спортисти, или личности од кругот на одреден бизнис. При такво толкување толкувачот седи во одделна кабина, од каде ќе може да ги гледа говорителите на монитор. Целата опрема треба да биде тестирана пред да започне снимањето. Одделно, и уредите на сателитите траба да бидат проверени двапати за да се избегне можноста да не се враќа гласот на толкувачот и на тој начин тој или таа да го слуша само еден од двата канала. Во случај на снимка од некое интервју, што е надвор од студиото и пак е некој пренос, толкувачот го толкува само тоа што таа или тој го слуша на мониторот. Вревата од позадина може да биде сериозен проблем. Толкувачот што работи за медиумот треба да звучи професионален и самоуверен како телевизиски водител.

Толкувачот на медиумот во денешни рамки стана повидлив, поважен и попретставителен. Телевизиските канали започнаа да вработуваат симултани толкувачи. Толкувачот ги преведува прес-конференциите, Телефонските повици, интервјуа и слични настапи кои за гледачите се реализираат во живо . Понапната е ситуацијата од секој друг вид на толкување, бидејќи толкувачот треба да се справи и соочи со широк спектар на технички проблеми како проблемите во кабината и караниците од позадина за време на некој настап во живо.

Толкување преку телефон уреди

Исто така тоа е познато како „телефонско толкување“ и „теле толкување“. Му овозможува на толкувачот да толкува преку телефонот. Толкувачот преку телефонот учествува на конференцијата. Теле толкувањето може да се користи во одредени случаи. Меѓутоа, толкувањето преку телефонот се почесто се користи во ситуации, каде сите учесниците, кои сакаат да комуницираат веќе зборуваат еден со друг преку телефонот (на пример за стопанственици, кои се наоѓаат на различни страни од светот и чиј услуги се реализираат преку телефонот.)

Толкување на видео уреди

Со толкувањето на видео, толкувачите работат со подолга релација со помош на видеокамера и звучници, и на тој начин ќе може да ги слуша и гледа учесниците. Меѓутоа, толкувањето преку видео не може да се употреби за ситуации во кои сите учесници зборуваат само преку телефон. При толкувањето преку видео за сите учесници е потребна цела опрема. Некоја опрема им оневозможуваат на толкувачите да ја контролираат камерата. Бидејќи најдобро е кога толкувачот ја гледа личноста која во моментот зборува. Се создава проблем кога камерата останува само во една позиција. Затоа таквиот вид на толкување бара професионален толкувач.

Каде работат толкувачите уреди

Повеќето од професионалните конференциски толкувачи, со полно работно време, работат во меѓународните организации како Обединетите Нации, Европската унија или Африканската унија. Има и можност за создавање кариера со ДГ Интерпретатион (GD Interpretation) и институциите на Европската унија.

Моментално најмногу толкувачи од целиот свет работат во Европската комисија, каде се вработени стотина толкувачи и слободни толкувачи. Тие толкуваат од и на официјалните јазици на Европската унија. Во другите институции на Европската унија (Европскиот парламент и Европскиот суд на правдата) има помалку толкувачи, кои ја нудат таа услуга.

Обединетите нации вработуваат толкувачи од речиси сите страни на целиот свет. Ама, бидејќи има само шест службени јазици, тие вработуваат помал број на толкувачи, за разлика од Европската унија.

Можно е толкувачите да работат и слободно во одредени локални, регионални и национални општества или можат привремено да работат на договор. Тие би работеле на начин што е веќе опишан горе.

Американската војска во Ирак и Авганистан вработува стотици толкувачи да се реализира успешна комуникација.

Користена литература уреди

  • Bertone, Laura (2006) The Hidden Side of Babel: Unveiling Cognition, Intelligence and Sense, ISBN-10 987-21049-1-3 Evolucion, Organización intercultural Архивирано на 26 февруари 2008 г.
  • Chuzhakin, Andrei (2007) "Applied Theory of Interpretation and Note-Taking", "Mir Perevoda 1 to 7", Ustny Perevod, Posledovatelny Perevod, Ace Perevoda Mir Perevoda.
  • Gillies, Andrew (2005) Note-taking for Consecutive Interpreting, ISBN 1-900650-82-7.
  • Jones, Roderick (1998) Conference Interpreting Explained, ISBN 1-900650-57-6.
  • Rozan, Jean-François (1956) La Prise de Notes en Interprétation Consécutive, ISBN 2-8257-0053-3.
  • Seleskovitch, Danica (1968) L'interprète dans les conférences internationales, Cahiers Champollion.
  • Taylor-Bouladon, Valerie (2007) Conference Interpreting — Principles and Practice, 2nd Edition ISBN 1-4196-6069-1.