Тодор Живков (7 септември 19115 август 1998) — комунистички политичар од Бугарија.

Тодор Живков
Генерален секретар на Централниот комитет на БКП
На должноста
4 март 1954 – 10 ноември 1989
Претходник Валко Червенков
Наследник Петар Младенов
Претседател на Државен совет
На должноста
7 јули 1971 – 17 ноември 1989
Претходник нема
Наследник Петар Младенов
Лични податоци
Роден(а) 7 септември 1911(1911-09-07)
Правец,  Бугарија
Починал(а) 5 август 1998(1998-08-05) (возр. 86)
Софија,  Бугарија
Националност Бугарин
Партија Бугарска комунистичка партија
Сопружник Мара Малеева
Деца Људмила
Владимир
Вероисповед None (Атеизам)

Биографија уреди

 
Тодор Живков и Георги Димитров на конгресот на Отечествениот фронт во 1946

Во продолжение на 35 години (во периодот од 1954 до 1989 година) бил партиски водач на водечката владејачка партија БКП — прв секретар, подоцна генерален секретар на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија (1954 — 1989), владин шеф (претседател на Министерскиот совет, 1962 — 1971) и шеф на државата (претседател на Државниот совет, 8 јули 1971 — 17 ноември 1989) на Народна Република Бугарија. Често бил нарекуван Тошо, бај Тошо и Татон.

На 4 март 1954 година бил избран за прв секретар на Централниот комитет на БКП на местото на дотогашниот партиски водач на функцијата генерален секретар Валко Червенков. Подоцна (1981) неговата должност прв секретар била преименувана во генерален секретар. Тој бил премиер на Бугарија во 70-то (1962 — 1966) и 71-то (1966 — 1971) собрание — втор по времетраење период на овој пост во бугарската историја по Станко Тодоров. Од усвојувањето на Уставот во 1971 година до крајот на 1989 година бил претседател на Државниот совет, односно Шеф на државата.

Надворешни врски уреди