Тоалетната хартија е вид мек хартиен производ што се користи за одржување на личната хигиена кај луѓето, после дефекацијата или уринирањето. Исто така, таа може да се користи и за други цели, како што е апсорбирањето дамки.

Тоалетна хартија во ролна

Тоалетната хартија се разликува според составот (најсовремените видови имаат одлика да се распаѓаат во септичките јами и канализационите одводи), според пакувањето (во ролна или листови), според дебелината и моќта за апсорбирање (од еден, два, три, па и повеќе слоја), според бојата, мирисот и сл. Најголемата разлика кај различните видови тоалетна хартија е дали таа директно е произведена од целулозни влакна од дрвја или од рециклирана хартија.

Првите документирани записи за користење на тоалетната хартија се откриени во Кина во 589 година.

Еколошки последици уреди

Од едно дрво можат да се произведат околу 45 кг. тоалетна хартија. Денес во светот се произведуваат околу 83 милиони ролни дневно[1].

Еден просечен Американец користи 23 кг. тоалетна хартија годишно, што е за 50% повеќе од западните земји или од Јапонија. Милиони дрвја се сечат во Северна Америка и во земјите од Латинска Америка создавајќи големи еколошки проблеми. Американците исто така користат "тоалетна хартија" и за индустриски цели, како што се филтри за масло, што дополнително ја зголемува потрошувачката.

Наводи уреди