Тифон (митологија)

Тифон (Тифаон, Тифеој) (грчки: Τυφών; Τυφάων; Τυφωεύς) во старогрчката митологија бил моќен бог, син на Тартар и Геја. Опишан е како страшно суштество со голема сила и стотици змиски глави на рамењата.[1] Од очите исфрлал оган, а се огласувал со страшен лавовски рик или кучешко лаење. Тој е татко на многу познати чудовишта како што се кучињата Орт и троглавиот Кербер, Ларнејската хидра и Химера, а ги родила Ехидна. Ова божество би владеело со светот кога Зевс не би го спречил. Во врска со нивниот конфликт постојат повеќе приказни.[2]

Зевс фрла молњи врз Тифон, киликиска црнофигурална вазна

Потеклото на Тифон уреди

По побуната на Џиновите кои биле синови на Мајката Земја, во која дваесет и четири нејзините сина, и покрај нејзините молби да не го чинат тоа, го нападнале Олимп, одмаздата на боговите била страотна,а Џиновите биле усмртени. Тогаш Мајката Земја од одмазда со Тартар го зачнала најужасното чудовиште што некогаш се родило. Таа го родила Тифон во пештерата на Киликија. Оттаму Тифон тргнал на Олимп, неговиот страшен изглед предизвикал ужас кај самите богови кои избегале во Егибет и се престориле во животни. На одбранбената позиција останала само Атена на која во одбраната, по прекорувањата поради кукавичлукот, ѝ се придружил и Зевс.[3]

Зевс го победува Тифон уреди

Вооружен со своите молњи и челичниот срп, Зевс го прогонувал Тифон сè до Сирија. Кога успеал да го рани, се впуштил во борба со него. Но, Тифон се покажал како достоен противник, и иако повреден успеал да му го земе челичниот спр на Зевс и со него да му ги пресече тетивите на рацете и нозете. Заробениот и заврзан Зевс, Тифон го однел во пештерата Корикион на Киликија, а Зевсовите тетиви ѝ ги дал на чување на ламјата Делфина. Но, Хермес и Египан успеале да ги земат тетивите и да му ги вратат на Зевс, кој повторно го нападнал Тифон. Бегајќи, Тифон кај планината Ниса налетал на Мојрите кои му дале волшебни плодови што ќе му дадат поголема сила. Тоа што му премолчеле е дека тие даваат сила само еден ден. Во Тракија Тифон фрлал карпи на Зевса, но тој ги одбивал со своите молњи. Карпите се враќале накај Тифон и му задавале тешки повреди. Планината Хем го добила своето име по пролиената крв од Тифон. Кога Тифон ја изгубил силата, се обидел да го прејде морето до Сицилија, но Зевс ја фрлил Етна врз него. Притиснат со Етна, Тифон до денешен ден фрла оган од неа.[2]

Кукавичкото бегство на боговите уреди

Познати се и такви преданија во кои Боговите не биле толку храбри. Во паника, исплашени од Тифон тие побегнале во Египет, каде, за да се скријат, се претвориле во разни животни: Зевс во овен (предводник), Хера во крава, Афродита во риба, Хефест во теле, Хермес во птицата ибис, Лето во ријачка, а единствено Атина остала на Олимп. Други велат дека само Зевс и Атина храбро го дочекале Тифон. Кога Зевс го погодил со молњата, Тифон запален се фрлил во морето. Тогаш Зевс ја фрлил Етна врз него и го заробил засекогаш.[2]

Хера како мајка на Тифон уреди

За разлика од Тифон од Киликија, во други митови тој е син на Хера. Лута на Зевс кој сам од својата глава ја родил Атина, Хера решила сама да роди син кој биде посилен од Зевс. Цела година ја избегнувала љубовта на Зевс па го родила Тифон кој го дала на чување на змејот Питон во Делфи.[2]

Наводи уреди

  1. Хиган, Митови, Три, Скопје, 2016, стр. 101.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Цермановиќ-Кузмановиќ, А. & Драгослав Срејовиќ, 1992, Лексикон на религии и митови, Современа администрација, Белград.
  3. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 119.

Надворешни врски уреди