Темар (германски: Themar) — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Вера, 11 километри северозападно од окружниот град Хилдбургхаузен и 14 километри југозападно од слободниот град Зул.

Темар

Themar

Градското собрание на Темар
Градското собрание на Темар
Градското собрание на Темар
Грб на Темар
Темар во рамките на Германија
Темар
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Хилдбургхаузен
Општ. заед. Фелдштајн
Градски единици 3
Градоначалник Хуберт Безе (независен)
Основни податоци
Површина 20,18 км2
Надм. височина 330 м
Население 2.771 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 137 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HBN
Пошт. бр. 98660
Повик. бр. 036873
Портал www.themar.de
Местоположба на градот Темар во рамките на округот Хилдбургхаузен
Карта
Карта
Координати 50°30′15″N 10°36′57″E / 50.50417° СГШ; 10.61583° ИГД / 50.50417; 10.61583

Градот претставува административно седиште на општинската заедница Фелдштајн. До 2019 година не бил во состав на самата заедница, иако во него се наоѓало нејзиното седиште.

Местоположба уреди

Темар се наоѓа во јужниот дел на Тирингија, во горниот тек на Вера и во подножјето на Тириншката Шума.

Соседни општини уреди

Општини со кои се граничи се Хенфштет, Оберштат, Груб, Ленгфелд, Клостер Фесра, Гримелсхаузен и Бајнерштат во округот Хилдбургхаузен, како и со Грабфелд и Лојтерсдорф во округот Шмалкалден-Мајнинген.

Градски единици уреди

Кон градот припаѓаат и следниве места:

  • Вахенбрун
  • Тахбах

Политика уреди

Градски совет уреди

Градскиот совет во Темар се состои од 14 членови. На општинските избори одржани на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:

Партија/Список Места +/–
Про Темар 8 ± 0
Левица 3 − 2
SPD 1 ± 0
BZH 2 + 2

На овие избори по првпат во советот влегла партијата „Сојуз-Иднина-Хилдбурхаузен“ од крајната десница.

Градоначалник уреди

Од 2000 година, градоначалник е Хуберт Безе, кој во 2018 година бил повторно избран.[2]

Збратимени градови уреди

Темар е збратимен со следниве градови:

Главни знаменитости уреди

  • Црква Свети Вартоломеј
  • Црква Свети Јован
  • Градски ѕидини
  • Градско собрание
  • Главниот плоштад

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
  2. „Ergebnis der Bürgermeisterwahl 2018 in Themar“. Посетено на 2019-07-15.

Надворешни врски уреди