Текила[1] (шпански: Tequila) — алкохолен пијалак кој се произведувa во Текила, град во западната мексиканска држава Халиско. Се прави од растението наречено агава[2] и содржи од 35—55% алкохол. Овој пијалак е за првпат произведен во градот Текила и тоа во 16 век. Но, Ацтеките, пред доаѓањето на шпанските освојувачи во 1521 година, правеле ферментиран пијалак од агава кој го нарекувале -{octli}-м а подоцна добил и попопуларно име -{pulque}-

Текили во различен стил.

Околу 1600 година, Дон Педро Санчес од Тагла, маркис од Алтамира, почнал масовно да произведува текила во првата „фабрика“ во модерен Халиско. Во 1608 година колонијалниот гувернер почна да зема порез на овој производ. Текила каква што денес познаваме почнала да се произведува во почетокот на 19 век во Гвадалахара, а во XX век станала популарна низ целиот свет.

Текилата како мотив во популарната култура уреди

Наводи уреди

  1. „Declaración General de Protección a la Denominación de Origen "Tequila". Consejo Regulador del Tequila. 1977-10-13. Архивирано од изворникот на 2010-07-18. Посетено на 2009-04-08.
  2. http://www.ianchadwick.com/tequila/jalisco.htm
  3. Discogs, Minutemen ‎– Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)