Тахитските јазици се група на источни полинезиски јазици во рамките на централната источна гранка. (другите два члена на централната источна гранка се рапанскиот јазик, зборуван на островот Рапа Ити, и маркиските јазици).

Тахитски
Географска
распространетост:
Полинезиски острови
Класификација:австронезиски
Гранки:
Мориорски (веројатно †)

Двата најважни јазика од оваа група по бројот на говорници се тахитискиот и новозеландскиот маорски јазик. Тахитскиот е главен јазик на Друштвените Острови, а се користи и како лингва франка ширум сета Француска Полинезија, додека пак маорскиот се зборува од многубројното маорско малцинство во Нов Зеланд, каде ужива подеднаков статус на службен јазик заедно со англискиот.

Еве ги другите јазици од оваа група:

Австралски (или тубуиански), зборуван на Австралските Острови
Мориорски, на Четемските Острови на Нов Зеланд
Пенрински (или тонгаревански), зборуван на Пенрин (Тонгарева) во рамките на северните Кукови Острови
Раротонгански, кој се зборува на јужните Кукови Острови
Ракаханганско-манихикиски, зборуван на Ракаханга и Манихики во рамките на северните Кукови Острови
Туамотски, кој се зборува ширум архипелагот Туамоту во Француска Полинезија, со исклучок на пука-пука и Островите на Разочарувањето.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди