Тавче-гравче — традиционален македонски специјалитет. Се подготвува од свеж македонски грав и може да се најде скоро во сите македонски ресторани. Се сервира во македонски земјени чинии.

Тавче-гравче
Тавче-гравче во глинена тава
Дел од оброкотглавен
Место на потеклоМакедонија
Температура на послужувањетопло
Главни состојкиграв
350 ккал (1465 кЏ)
Тавче гравче со суви везени пиперки

Во македонското поднебје се произведува на повеќе места, но посебно е познат и прочуен тетовскиот грав.

Состојки уреди

Во прилог се прикажани основните состојки и начин на приготвување, но секоја кујна користи и други додатоци кон овие состојки како и свој оригинален начин на приготвување:

Начин на приготвување уреди

Гравот прво добро се чисти, се потопува да лежи во ладна вода најмалку три часа (по традиција се остава преку ноќ) за да омекне, потоа се мие и се вари во лонец. По првото вриење водата се истура (бидејќи создава гасови), па се става нова вода. Во втората вода се додава дел од кромидот и црниот пипер, а може и неколку парчиња лаворов лист. Посебно во тавче запржуваме кромид заедно со црвен пипер. Сувата пиперка можеме да ја запржиме заедно со кромидот, а може и посебно. После 90-тина минути колку што му се потребни на гравот да се свари, му го додаваме запржениот кромид и пиперката и добро промешуваме. Потоа содржината се става во земјен сад и се пече на температура околу 220 степени сè додека не запече одозгора. Во варењето треба да се внимава да нема ниту премногу, ниту премалку вода. А при печењето да се внимава да не биде премногу сув.

Земјената тава покрај што му дава препознатлив традиционален изглед на јадењето ја чува топлината со часови.

Комбинација уреди

Освен само тавче-гравчето често се подготвува во комбинација со некои јадења од месо, како македонски плескавици, македонска сланина, македонско суво месо, македонски ребра и слично.

Калоричност уреди

Треба да се внимава на количината која ќе се изеде бидејќи гравот спаѓа во покалоричните јадења и содржи околу 350 калории на 100 грама чист грав.

Во нашето поднебје се произведува на повеќе места, но посебно е познат и прочуен тетовскиот грав.