Сузан Делфино (англиски: Susan Delfino) е измислен лик и еден главните ликови од телевизиската серија на ABC, Очајни Домаќинки. Ликот е толкуван од глумицата Тери Хачер, а создаден е од Марк Чери. Сузан по професија е писателка на детски книги.

Сузан Делфино
Susan Delfino
лик од ''Очајни Домаќинки'
Тери Хачер како Сузан Делфино
Прво појавувањеPilot (Desperate Housewives)“ (епизода 1.01)
СоздавачМарк Чери
ТолкуваТери Хачер
Информации
АлијасСузан Бремер (моминско име)
Сузан Делфино (венчано име; непознат статус)
Сузан Мајер (моментално легално име)
ПолЖенски
ЗанимањеПисател на детски книги
СемејствоСофи Фликмен (мајка)
Морти Фликмен (очух)
Едисон Пруди (татко)
Карол Пруди(маќеа)
Ник Делфино
(свекор, од страната на Мајк)
Адел Делфино
(свекрва, од страната на Мајк)
СопружникКарл Маер (прв маж, разведени)
Карл Маер (втор маж, разведени)
Мајк Делфино (сопруг, непознат статус)
? ? (партнер, во 2013)
ДецаЏули Маер(ќерка, со Карл)
Мејнард Делфино (син, со Мајк)

Тоа е заедничко знаење на Вистерија Лејн дека Сузан Мајер, каде и да оди, лошата среќа секаде ја следи. Нејзините неволји се од вообичаени, до необични, но навистина бизарни.

Мери Елис Јанг

Историја на ликот уреди

Прва сезона уреди

Во Вистерија Лејн доаѓа нов жител - Мајк Делфино. Сузан и Иди истовремено паѓаат во љубов за него и почнува војната. Каква што е по природа, Сузан - несмасна, таа секогаш влегува во смешни ситуации. На пример, кога била потполно гола на улица и не можела да влезе во куќата. Се криела позади растенијата, таа се обидувала да ја скрши задната врата од својата куќа, но се завршило така што таа паднала во грмушката, каде што Мајк ја наоѓа и ја извлекува. Сепак, таа случајно ја запалила куќата на Иди Брит, мислејќи дека Мајк е внатре со неа на состанок, и тајно отишла внатре, но Мајк не бил таму, туки новиот додворувач на Иди. Сузан - како и другите домаќинки, вечната сплеткарка и таа не ја пропушта приликата да разговараат за таинствената смрт на Мери Елис. Таа сомнева дека нејзиниот маж, Пол Јанг, не се однесува добро со неговиот син Зак. Сузан се обидува да им одолее на соседските односи на синот и својата ќерка.

Втора сезона уреди

Сузан и понатаму продолжува да се кара со Иди. Но сега таа не е во добри односи со Мајк Делфино поради неговиот биолошки син Зак Јанг бидејќи таа го замолила него да се префрли во друг град. Потоа таа открива дека е ќерка на еден газда на ресторан и оди да го бара, но го наоѓа со друга жена т.е маќеа на Сузан. Нејзиниот бивш маж, Карл Мајер почнува да се забавува со Иди Брит, нејзината најголема непријателка, но таа исто сака да ја саботира и таа врска, па продолжува да се интересира за Карл. Но откако Иди ќе види дека Сузан ја спречува да биде и со него, и ја пали куќата. Но во знак на помош, Карл и купува нова. На крајот од сезоната поради нерасчистени сметки, Орсон Хоџ, доаѓа во Вистерија Лејн и на денот кога Мајк треба да ја запроси Сузан го прегазува и Мајк останува во кома.

Трета сезона уреди

Во третата сезона, дејството е сместено 6 месеци по несреќата т.е кога Мајк сè уште е во кома. Еден ден тој се буди но скоро не се сеќава на ништо. Сузан го посетувала скоро секој ден, но баш во моментите кога тој се буди покрај него се наоѓа Иди и Мајк мисли дека Сузан го заборавила. Иди го потсетува на сите моменти да му се прочисти сеќавањето, додека пак Сузан го запознава Ијан Хаинсворт кој исто така доаѓал често во болница поради неговата жена која исто така е во кома. Тие двајца се заљубуваат и спијат заедно. Еден ден додека Сузан доаѓа во болницата, ги затекнува како Мајк и Иди имаат секс. Еден од најголемите проблеми во оваа сезона за Сузан беше и врската помеѓу нејзината ќерка Џули со внукот на Иди, Остин, кој истовремено излегува и со Даниел Ван де Камп, на која и прави дете. Откако неговата жена ќе почине, Ијан, ја поканува Сузан да дојде со него во Англија во неговата палата, но таа не може да се одлучи дали да остане со Мајк или со Ијан. На крајот се решава да остане со Мајк, и тие двајца се венчаваат.

Четврта сезона уреди