Стрихнин

хемиско соединение

Стрихнинот е алкалоид кој се добива од растението Strychnos nux-vomica. Ова растение вирее во Индија, Индокина, Индонезија и на северот на Австралија.

Стрихнин
Назнаки
57-24-9 Ок
60-41-3
ChEBI CHEBI:28973 Н
ChEMBL ChEMBL227934 Ок
ChEMBL612118
ChEMBL486399
ChemSpider 389877 Ок
3Д-модел (Jmol) Слика
KEGG C06522 Ок
PubChem 441071
UNII H9Y79VD43J Ок
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Мирис Odorless
Густина 1.36 g cm−3
Точка на топење
Точка на вриење
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Чистиот стрихнин има облик на ромбични кристали со бела боја. Тој е многу горчлив и е без мирис. Молекулската тежина му изнесува 334,2. Точката на топење е 268oC. Специфичната тежина изнесува 1,359. 1 g на стрихнин е растворлив во 6.400 ml топла вода, во 3.100 ml зовриена вода, во 150 ml алкохол (зовриен) и во 5 ml на хлороформ. Многу малку се раствора во етер. Со киселините дава соли кои значително повеќе се раствораат во вода.

Употреба уреди

Домородното население од Амазон го користи како отров на врвот на стрелите за да го убие пленот.

Соединението стрихнин сулфат се користи како авицид. Содржи 78% чист стрихнин. Исто така, стрихнинот се употребува и како родентицид.