Стигмата е феномен што се појавува многу ретко кај луѓе и карактеристично за неа е тоа што се појавуваат рани или стигми како тие што ги имал Исус Христос сѐ до неговото распнување. Стигмите се траги, рани или болни сензации што се појавуваат на места на телото каде биле нанесени рани на Исус Христос при неговото мачење сè до неговото распнување. Такви рани се пет на број како на пример стигма на рака, нога, стомак и глава. Терминот води потекло латинскиот назив за знаци- stigma. Терминот за првпат се спомнува од Свети Павле каде тој вели: „Ги носам на своето тело Исусовите знаци“. Личноста што ги носи овие стигмати се нарекува стигматичар. Раните се појавуваат сами по себе, без соодветна надворешна повреда.

Карло Кривели, Симнување на Исус: Магдалена ја гледа стигмата на левата рака

Причините за појавување на стигмите се тема на голема полемика. Некои тврдат дека стигмите се чудотворни, а наспротива се луѓе што тврдат дека зад тој феномен стои медицинско образложение. Најчесто стигматичарите се од католичка вероисповед.

Стигмата како тема во уметноста и во популарната култура уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди