Список на национални паркови во Шведска

список на статии на Викимедија

Националните паркови во Шведска се под раководство на Службата за заштита на природата (швед. Naturvårdsverket). Целта на службата за е да создаде систем на заштитени подрачја кои ги претставуваат сите карактеристични природни предели во земјата.[1] Првиот национален парк е основан во 1909, а истата година со парламентарна одлука де основани уште осум. Ова се првите национални паркови во Европа. Во периодот помеѓу 1918 и 1962 се отворени уште седум парка, проследени од уште тринаесет помеѓу 1982 и 2009 г. Најнов национален парк е Костерхавет.[1] Моментално во Шведска постојат 29 национални паркови, со вкупна површина од 731.589 хектари.[2] До 2013 се предвидени уште шест.[3]

Според службата, националните паркови мора да ги претставуваат сите карактеристични видови на околини, да бидат добро заштитени и да се користат за научно истражување, рекреација и туризам, без притоа да се загрозува природата.[4] Околу 90% од вкупниот теренот во парковите е планински. Ова се должи на планинските масиви во големите северни паркови Сарек и Падјеланта (секој по 200.000 хектари).[5][6] Голем дел од северните паркови се наоѓаат во областа Лапонија, која е прогласена за светско наследство на УНЕСКО заради запазеноста на природните предели кои се живеалиште на домородните Лапонци и ирвасите од кои зависат за издршка.[7] Најјужните паркови - Седеросен, Далби Седерског и Стенсхувуд — се покриени со широколисна шума изаедно зафаќаат околу 2.000 ха.[8][9][10]

Национални паркови уреди

 
Речна делта во паркот Сарек
 
Планината Пиерикпакте во паркот Сарек
 
Реката Скералид во паркот Седеросен
 
Паркот Абиску, основан во 1909 г.
 
Планината Ака зазема голем дел од паркот Стура Шефалет.
 
Шумата во паркот Далби Седерског
 
Ридот Стенсхувуд во паркот Стенсхувуд
 
Готска Санден - еден од најстарите национални паркови во Шведска.
  Ова заедно со * означува дека паркот е дел од подрачје прогласено за светско наследство
  Ова заедно со ** означува дека паркот членува во Мрежата на заштитени подрачја (PAN)
Име Изворно име Округ[11] Површина[11] Основан[11] Опис
Абиску Abisko Норботен 7.700 ха 1909 Паркот се состои од долини опкружени со планински венци на југ и запад, и планинското езеро Турнетреск на север. Ова е најголемото планинско езеро во Скандинавија.[12]
Архипелаг Хапаранда Haparanda skärgårds Норботен 6.000 ха 1995 Паркот е сместен во северниот дел на Ботнискиот Залив и се состои од ниски острови со широки песокливи плажи.[13]
Бјорнландет Björnlandet Вестерботен 1.100 ха 1991 Бјорнландет го карактеризира голема прашума и планински терен со стрмни клисури и карпести гребени. Во паркот се забележуваат траги од неколку шумски пожари.[14]
Бло Јунгфрун Blå Jungfrun Калмар 198 ха 1926 Бло Јунгфрун е остров во Балтичкото Море со карактеристични засеци и шуплини на север и шумски предели на југ.[15]
Вадвешока Vadvetjåkka Норботен 2.630 ха 1920 Вадвешока е нејсеверниот национален парк во земјата, сместен во планинската област северозападно од езерото Турнетреск. Паркот го носи името на планината Вадвешока.[16]
Гарфитан Garphyttan Еребру 111 ха 1909 Паркот Гарфитан се состои од земјоделско-шумарски пејзаж со ливади и листопадна шума.[17]
Готска Санден Gotska Sandön Готланд 4.490 ха 1909 Готска Санден е остров составен од песок. Пејзажот го карактеризираат плажи, дини и борови шуми.[18]
Далби Седерског Dalby Söderskog Сконе 36 ха 1918 Паркот има листопадна шума опкружена со 56-метарски бедем од земја што зазема голем дел од паркот.[9]
Енгсе Ängsö Стокхолм 168 ха 1909 Енгсе е остров во Стокхолмскиот Архипелаг. Карактеристични за паркот се старите земјоделски предели, цветните површини и разновидните птици".[19]
Јуре Djurö Вестра Јеталанд 2.400 ха 1991 Паркот Јуре се состои од архипелаг од 30 острови и најголемото езеро во земјата - Венерн.[20]
Костерхавет Kosterhavet Вестра Јеталанд 38.878 ха 2009 Костерхавет е првиот морски парк во Шведска, отворен во септември 2009. Опфаќа делови од морето и крајбрежјето околу Костерските Острови, но не ги опфаќа самите острови.[21][22][23][24]
Мудус* Muddus Норботен 49.340 ха 1942 Националниот парк Мудус се одликува со длабоки клисури и прашуми. Во паркот се наоѓа најстариот бор во Шведска.[25]
Нора Квил Norra Kvill Калмар 114 ха 1927 Нора Квил е древна шума со високи борови дрва постари од 350 години. Во паркот има три езера: Стура Идејелен, Лила Идејелен и Далскерет.[26]
Падјеланта* Padjelanta Норботен 198.400 ха 1962 Паркот Падјеланта претежно се состои од рамни и отворни предели кои се граничат со езерата Вастенјавре и Вирихавре. На север паркот се граничи со Норвешка.[6]
Пиелјекајсе Pieljekaise Норботен 15.340 ха 1909 Паркот Пиелјекајсе се состои од брезова шума, планински терен и неколку езера. Го носи името на планината Пиелјекајсе, која е негово главно обележје.[27]
Сарек* Sarek Норботен 197.000 ха 1909 Паркот го карактеризираат алпски предели со високи врвови и тесни долини. Има повеќе од 100 ледници и неколку планини над 2.000 м во височина.[5]
Седеросен Söderåsen Сконе 1.625 ха 2001 Паркот има особено обликуван пејзаж со клисури до 90 м во длабочина. Долините се прекриени со широколисна шума, претежно брезова.[8]
Скулескоген* Skuleskogen Вестернорланд 2.360 ха 1984 Паркот Скулескоген се состои од древна шума, високи планини и морско крајбрежје. Планинските врвови се прекриени со борови шуми. Врвовите ги делат долини што ги образува морето и ледените покривки.[28]
Сонфјелет Sånfjället Јемтланд 10.300 ха 1909 Паркот го носи името на планината Сонфјелет (1.278 м). Планинските предели се пресечени со тесни езера и шумовит дел.[29]
Стенсхувуд Stenshuvud Сконе 390 ха 1986 Стенсхувуд е рид што гледа во Балтичкото Море. Бидејќи околните предели се релативно рамни, ридот се гледа од голема далечина и во историјата служел како ориентација при пловидба. Предоминира широколисната шума.[10]
Стура Шефалет* Stora Sjöfallet Норботен 127.800 ха 1909 Северните делови на паркот навлегуваат во Скандинавските Планини, каде се извишуваат највисоките врвови во Шведска. Пониските ридови во јужниот дел на паркот се прекриени со шума.[30]
Стуре Мусе Store Mosse Јеншепинг 7.850 ха 1989 Паркот го опфаќа најголемото тресишно подрачје во јужна Шведска. Во паркот се наоѓа и езерото Кевшен, кое е живеалиште голем број видови птици.[31]
Тиведен Tiveden Вестра Јеталанд и Еребру 1.350 ха 1983 Паркот е дел од големата шума Тиведен, сместен во нејзиниот најнедостапен дел. Пејзажот е планински и каменлив.[32]
Тиреста Tyresta Стокхолм 2.000 ха 1993 Тиреста има клисурест терен со каменливи падини. Паркот е прекриен со борови шуми, една од најголемите прашуми во Шведска.[33]
Трестиклан Tresticklan Вестра Јеталанд 2.897 ха 1996 Својствено за паркот се раседните долини. Содржи една од ретките недопрени шуми во јужна Скандинавија.[34]
Фернебофјерден Färnebofjärden Вестманланд, Даларна, Јевлеборг и Упсала 10.100 ха 1998 Низ паркот тече реката Далелвен. Нерамното крајбрежје опкружува над 200 острови и островчиња.[35]
Фулуфјелет** Fulufjället Даларна 38.500 ха 2002 Паркот се состои главно од голи планински извишувања и вресишта кои можат да се најдат само во шведските планини.[36]
Хамра Hamra Јевлеборг 28 ха 1909 Паркот содржи два ниски моренски рида покриени со прашума и големи кружни камења.[37]

Предвидени национални паркови уреди

 
Највисоката планина во земјата, Кебнекајсе, треба да влезе во национален парк.
 
Планинскиот венец Силан ќе стане дел од националниот парк Володален-Силарна.

Во 2008 Службата за заштита на природата направила план за воведување на 13 нови национални паркови во блиска иднина. Според планот, седум од нив ќе бидат отворени во периодот од 2009 до 2013. Првиот од нив е националниот парк Костерхавет, отворен во септември 2009. Моментално не се знае кога ќе се отворат преостанатите шест парка.[3]

Име Изворно
име
Округ[38] Површина[38] Основан[38]
Бестетреск Bästeträsk Готланд 5.000 ха 2009–2013
Блајкфјелет Blaikfjället Вестерботен 40.000 ха 2009–2013
Вестра Оснен Västra Åsnen Крунуберг 2.000 ха 2009–2013
Володален-Силарна Vålådalen-Sylarna Јемтланд 230.000 ха 2009–2013
Винделфјелен Vindelfjällen Вестерботен 550.000 ха непознато
Кебнекајсе Kebnekaise Норботен 65.000 ха 2009–2013
Копонген Koppången Даларна 5.000 ха непознато
Немдескергорден Nämdöskärgården Стокхолм 14.000 ха непознато
Рејво Reivo Норботен 11.000 ха непознато
Роген-Јутулслетен Rogen-Juttulslätten Даларна и Јемтланд 100.000 ха непознато
Санкт Ана Sankt Anna Естерјетланд 10.000 ха непознато
Тававуома Tavvavuoma Норботен 40.000 ха 2009–2013

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Национални паркови и други начини на заштита на природата“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-07. Посетено на 11 јуни 2009. (англиски)
  2. „Национални паркови“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2012-10-17. Посетено на 18 јуни 2011. (шведски)
  3. 3,0 3,1 „Нов план за националните паркови во Шведска“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2013-01-13. Посетено на 11 јуни 2009. (шведски)
  4. „Факти за националните паркови“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-06-21. Посетено на 18 јуни 2011. (шведски)
  5. 5,0 5,1 „Национален парк Сарек“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  6. 6,0 6,1 „Национален парк Падјеланта“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  7. „Лапонија“. Центар за светско наследство на УНЕСКО. Посетено на 11 јуни 2009. (англиски)
  8. 8,0 8,1 „Национален парк Седеросен“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  9. 9,0 9,1 „Национален парк Далби Седерског“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  10. 10,0 10,1 „Национален парк Стенсхувуд“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  11. 11,0 11,1 11,2 „Национални паркови во Шведска“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-05-15. Посетено на 11 јуни 2009. (англиски)
  12. „Национален парк Абиску“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  13. „Национален парк Архипелаг Хапаранда“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  14. „Национален парк Бјорнландет“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  15. „Национален парк Бло Јунгфрун“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  16. „Национален парк Вадвешока“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2012-12-24. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  17. „Национален парк Гарфитан“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  18. „Национален парк Готска Санден“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  19. „Национален парк Енгсе“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  20. „Национален парк Јуре“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  21. „Мреж. место на морскиот национален парк Костерхавет“. Окружен административен одбор на Вестра Јеталанд. Посетено на 10 септември 2009. (шведски)
  22. „Костерхавет стана првиот морски национален парк во Шведска“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот 2009-03-30. Посетено на 26 јуни 2009. (шведски)
  23. „Прв морски национален парк во Шведска“. Svenska Dagbladet. 19 март 2009. Посетено на 10 септември 2009. (шведски)
  24. „Национален парк Костерхавет“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 14 септември 2009. (англиски)
  25. „Национален парк Мудус“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  26. „Национален парк Нора Квил“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  27. „Национален парк Пиелјекајсе“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  28. „Национален парк Скулескоген“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  29. „Национален парк Сонфејлет“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  30. „Национален парк Стура Шефалет“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  31. „Национален парк Стуре Мусе“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  32. „Национален парк Тиведен“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  33. „Национален парк Тиреста“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  34. „Национален парк Трестикланд“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  35. „Национален парк Фернебофјерден“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2012-02-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  36. „Национален парк Фулуфјелет“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-25. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  37. „Национален парк Хамра“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот на 2011-03-26. Посетено на 26 февруари 2009. (англиски)
  38. 38,0 38,1 38,2 „Предлози за нови национални паркови“. Служба за заштита на природата. Архивирано од изворникот 2008-12-25. Посетено на 11 јуни 2009. (шведски)