Сперматозоид — машкиот гамет (машка полова клетка).

Структура на сперма

Добивање на сперматозоид уреди

Сперматозоидите се добиваат преку повеќе последователни делби на клетките. Добивањето на сперматозоидите започнува со митоза I на герминативниот епител од кој се добиваат сперматогонии. Добиените сперматогонии се диплоидни, со следната митоза II се добиваат примарни сперматоцити кои исто така се диплоидни. Примарните сперматоцити се делат со мејоза I и од нив се добиваат секундарни сперматоцити кои се хаплоидни,тие сперматоцити потоа се делат со мејоза II од кои се добиваат сперматиди. Добиените сперматиди се делат преку процесот спермиогенеза од кои на крај се добиваат сперматозоиди.

Градба на сперматозоидот уреди

Од структурата на сперматозоидот може да се види јасно усогласување меѓу формата и функцијата. Сперматозоидот плива кон јајце-клетката, и со тоа е прилагодена и неговата градба.

  • глава - составена од јадро и акрозом
  • врат - во којшто се сместени две центриоли
  • среден дел - во којшто се сместени митохондиите (содржат АТР кој е извор на енергија за движење на сперматозоидот)
  • камшиче

Акрозом уреди

Акрозом е огранела која што се наоѓа во предниот дел на сперматозоидот и служи за негова интеракција до јајце-клетката за време на оплодувањето. Се создава од Голџиев апарат за време на спермогенезата кога сперматидите се претвораат во сперматозоиди.

Хидролитички ензими уреди

Акрозомот кај човекот содржи хидролитички ензими како што се:

  • хијалуронидаза
  • кисела фосфатаза
  • неурамидаза
  • естераза
  • проакрозин/акрозин

За време на оплодувањето кога акрозомот ќе ја допре јајната клетка, доаѓа до акрозомска реакција во која овие ензими се излачуваат во процесот на егзоцитозата.

Број и видови на хромозоми уреди

Сперматозоидот содржи хаплоиден број хромозоми кои кај човекот изнесува 23.Постојат X и Y хромозоми, сперматозоидите можат да бидат:

  • X сперматозоиди (познати како женски)
  • y сперматозоиди

Кај човекот сперматозоидите се тие кои го определуваат полот на детето. Јајце-клетките секогаш имаат X-хромозом па во зависност од тоа кој сперматозоид навлегува во јајце-клетката, се образуваат:

  • XX комбинации на хромозоми, кои даваат женски пол
  • XY комбинации на хромозоми кои даваат машки пол
 
Зрел човечки сперматозоид и неговите делови.

Литература уреди

Чуриќ, Б: Развој на животните, Научна книга, Белград, 1990.
Поповиќ, С: Човечка ембриологија, Детски новини, Белград, 1990.
Пантиќ, Во: Ембриологија, Научна книга, Белград, 1989.
Хале, Ј, П: Биолошка школска енциклопедија, Книга-комерц, Белград
Маричеќ, Магдалена, Чуркиќ, Б, Радовиќ, И: Специјална зоологија. Научна книга, Белград, 1986.