Соча

река во Словенија и Италија

Соча (словенечки: Soča, италијански: Isonzo, фурлански: Lusinç) — река во западна Словенија и североисточна Италија со должина од 138 км, од кои 96 км се на словенечка, а 43 км на италијанска територија.[2] Има алпски карактер и извира од долината Трента и Јулиските Алпи во северозападна Словенија, на надморска височина од 876 м.[2] Тече низ Бовец, Кобарид, Толмин, Канал, Нова Горица, Горица, влевајќи се во Јадранското Море кај италијанскиот град Монфалконе (Тржич).

Соча
Местоположба
Физички особености
УстиеЈадранско Море, кај Монфалконе
Должина138 км
Особености на сливот

Забележителности уреди

Реката има карактеристична смарагдна боја и претставува една од ретките во светот што ја задржува таквата боја по целото течение.[3] Оваа особина е опишана во поемата „Реки“ на истакнатиот италијански поет Џузепе Унгарети. Соча претставува и инспирација за поемата „На Соча“ (Soči) на Симон Грегорчич,.[4] која се смета за ремек-дело на словенечка поезија.

Соча е позната по автохтоната пастрмка главатица која живее во горното течение на реката. Денес, таа важи за загрозена поради воведувањето на други видови во меѓувоениот период.[5]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Drainage Basin of the Mediterranean Sea“. Second Assessment of Transboundary Rivers, Lakes and Groundwaters (PDF). UNECE. 2011. стр. 159. ISBN 978-92-1-117052-8.
  2. 2,0 2,1 „Reke, dolge nad 25 км, in njihova padavinska območja“. Статистичка служба на Република Словенија. 2002.
  3. „Soca River Whitewater Rafting“. Архивирано од изворникот на 2013-09-11. Посетено на 2013-09-19.
  4. Симон Грегорчич, „Сочи“, во: Родољубиве песме. Београд: Просвета (без дата), стр. 50-52.
  5. „Главатица (Salmo marmoratus)“. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2009-05-29. (англиски)

Надворешни врски уреди