Сомалијците (сомалиски: соомаалијед, арапски: الصوماليون‎, англиски: Somalis) се етничка група која потекнува од Рогот на Африка, кој исто така го нарекуваат и Сомалиски Полуостров. Огромно мнозинство на Сомалијците зборува сомалиски, што е дел од кушитската гранка на афроазиската група на јазици. Постојат ококу 15-17 милиони етнички Сомалијци, од кои најголем дел живеат во Сомалија (над 9 милиони), Етиопија (4,6 милиони), Јемен (скоро 1 милион), североисточна Кенија (околу пола милион), Џибути (350.000), како и непознат, но голем број во делови на Средниот Исток, Северна Америка и Европа.

Традиционално подрачје населено со Сомалијци