Службени јазици на Обединетите нации

Службени јазици на Обединетите Нации се шесте јазици што се користат на состаноците на Обединетите Нации и на кои се напишани сите официјални документи на ОН. По азбучен ред, тие се:

Опис уреди

Овие јазици се користат на состаноците на различни органи на ОН, посебно на состаноците на Генералното собрание (Член 51 од неговиот Деловник за работа), на Економскиот и социјалниот совет и на Советот за безбедност (Член 41 од неговиот Деловник за работа). Секој претставник на земјите-членки може да зборува еден од овие шест јазици, или да зборува на кој било друг јазик и да биде толкуван на еден од шесте службени јазици. ОН овозможува симултано толкување од еден службен јазик на другите пет службени јазици преку Службата за толкување на Обединетите нации.

Шесте службени јазици исто така служат за пропагирање на официјалните документи. Доколку еден документ не е преведен на сите шест јазици, тој не се издава. Општо земено, текстовите преведени на секој од шесте јазици се еднакво веродостојни.

Кон ОН биле упатени голем број на критики поради преголемо потпирање и верување на англискиот јазик, а занемарување на другите пет службени јазици. Во 2011, земјите-членки од шпанското говорно подрачје го упатиле овој проблем во рацете на генералниот секретар.[1] Генералниот секретар Кофи Анан на тоа одговорил дека целосно еднаквост на шесте службени јазици е неостварлива поради ограниченоста на буџетот, но тој сепак ветил дека ќе придаде поголемо значење во подобрувањето на јазичната рамнотежа.[2] Во 2008 и во 2009 година одлуката на Генералното собрание го принудила Секретаријатот да ја почитува еднаквоста на шесте службени јазици, посебно во пренесувањето на јавни информации.[3][4]

На 8 јуни, 2007 година[5], одлуките во врска со управувањето на човечките ресурси во ОН, Генералното собрание ја нагласило "огромната важност за еднаквоста на шестте службени јазици на ОН" и побарало од Генералниот секретар да "се осигура дека огласите за слободни работни места ќе ја нагласат потребата за кој било од работните јазици на Секретаријатот, освен ако не се бара одреден работен јазик".

Историја уреди

Повелбата на Обединетите Нации и нејзиниот уставотворен документ од 1945 година не ја прикажуваат јасно употребата на службените јазици на ОН. Повелбата била донесена во 5 јазици (кинески, француски, руски, англиски и шпански) и според (член 11) укажува дека сите 5 текстови се поденакво веродостојни.

Во 1946 година, на првата седница, Генералното собрание на Обединетите нации усвоило правилници што се однесуваат на јазиците кои наводно треба да се применуваат во "сите органи на ОН, освен во Меѓународниот суд на правдата", и истовремено поставило пет службени јазици и два работни јазици (англиски и француски).[6]

Следната година, на втората седница, Генералното собрание усвоило постојан деловник, Резолуција 173 (II). Дел од оние правила кои се однесуваат на јазикот се придруваат кон правилата од 1946 година, освен правилата од 1947 година коишто не важат за другите органи на ОН, туку само за Генералното собрание.[7]

Во меѓувреме, се подготвил предлог за да се додаде шпанскиот јазик во групата на работни јазици, покрај англискиот и францускиот. Ова се усвои со Резолуцијата 262 (III), донесена на 11 декември 1948 година.[7][8]

Во 1968 година, рускиот бил додаден како работен јазик на Генералното собрание, па така од петте службени јазици на Генералното собрание, четири од нив (освен кинескиот) биле и работни јазици.[9][10]

Во 1973 година, и кинескиот јазик станал работен јазик на Генералното собрание, а арапскиот јазик бил додаден и како службен и како работен јазик. Така, сите шест службени јазици станале и работни јазици.

Во 1980 година, Генералното собрание се ослободило од секоја разлика и од 1 јануари 1982 година, арапскиот јазик станал и службен и работен јазик на сите комитети и поткомитети. Истовремено, Генералното собрание побарало од Советот за безбедност да го вклучи арапскиот во своите работни јазици и од Економскиот и социјалниот совет да го вклучи во своите службени јазици.

Советот за безбедност од 1983 година (како и Генералното собрание) признал шест службени и работни јазици: арапски, кинески, англиски, франсуски, руски и шпански.[11]

И во Економскиот и социјален совет од 1992 година се признале шест службени јазици (арапски, кинески, англиски, француски, руски и шпански) од кои три биле и работни јазици (англиски, француски и шпански). Подоцна и арапскиот, кинескиот и рускиот биле признати и како работни јазици.[12]

Секретаријатот на ОН користи 2 работни јазика: англиски и француски. Сите генерални секретари имаат работно познавање од двата јазика.

Нови предлози за службени јазици уреди

Бенгалски јазик уреди

Бенгалскиот јазик е еден од најмногу зборуваните јазици во светот, рангиран на седмото место.[13] Во април 2009, Премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина го презентирала предлогот пред Генералното собрание на Обединетите нации дека бенгалскиот јазик треба да биде назначен за службен јазик на Обединетите Нации. Оваа иницијатива била поддржана со едногласно усвоената резолуција на собранието на индиската држава Западен Бенгал во декември, а исто така поддршка била дадена и од државите Асам и Трипура.[14]

Есперанто уреди

Усвојувањето на Есперанто како службен јазик на ОН е предлог којшто првично претставувал само дополнување на шесте тековни јазици. Подоцна целта била есперанто да биде основен јазик, што значи дека само одредени документи ќе може да бидат преведени на друг јазик, притоа заштедувајќи на трошоци.[15]

Хинди уреди

Според соопштението за печатот во 2009 година од страна на министерот за надворешни работи, владата на Индија "активно работи" за хинди да биде признаен како службен јазик на ОН.[16][17] Во 2007 година, Владата објавила дека "ќе направи непосредни дипломатски потези за хинди да добие статус на службен јазик во ОН".[18] Меѓутоа имало несогласувања за оваа одлука од страна на Јужна Индија, каде што хинди не се зборувал многу.[19]

Португалски јазик уреди

Многу лузофони (оние коишто го зборуваат португалскиот јазик) се залагаат за поголемо признавање на нивниот јазик, којшто е на 5-то место на најговорени јазици во светот и тоа на неколку континенти: во Португалија во Европа, Бразил во Јужна Америка, Ангола, Мозамбик, Зелен ’Рт, Гвинеја-Бисао, Сао Томе и Принсипе во Африка, како и Источен Тимор и Макао во Азија. Поради тоа заедницата на земјите каде што се зборува португалски побарала службен стгатус на јазикот (240 милиони луѓе на кои им е мајчин јазик). Сепак било констатирано дека португалскиот јазик "не е меѓународен јазик што се користи во дипломатија и бизнис, за разлика од францускиот".[20]

Турски јазик уреди

Во септември 2011 година, на средбата со Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја изразил својата желба турскиот јазик да стане службен јазик на ОН.[21]

Координатор за повеќејазичноста уреди

Во резолуцијата од 1999 година, Генералното собрание побарало од генералниот секретар да назначи официјален Секретаријат како координатор на прашањата во врска со повеќејазичноста.[22]

За прв таков координатор на 6 септември 2000 година, бил назначен Федерико Риеско од Чиле.[23][24]

После една година, на 6 септември 2001 година, неговото место го заземал Мајлс Стоби од Гвајана.[23]

Моментално координатор за повеќејазичност е Кио Акасака од Јапонија, кој исто така е и пот-генерален секретар за комуникации и информации од јавен карактер.[25][26]

Ден на јазикот во ОН уреди

Во 2010 година, Одделот за информации од јавен карактер на ОН објавил иницијатива за да се слават шест ‘‘денови на јазикот‘‘ во годината, по еден ден за секој службен јазик, со цел да се слави јазичната разновидност и учењето за важноста на крос-културалната комуникација.[27] Тие денови и нивното историско значење се:

  • Ден на арапскиот јазик: 18 декември (датум на кој Генералното собрание го назначи арапскиот за службен јазик)[28][29]
  • Ден на кинескиот јазик: најпрво се славел на 12 ноември[30][31], а сега на 20 април
  • Ден на англискиот јазик: 23 април (традиционално познат како денот на раѓање на Вилијам Шекспир)[32])
  • Ден на францускиот јазик: 20 март
  • Ден на рускиот јазик: 6 јуни (денот на раѓање на Александар Пушкин)[28][29]
  • Ден на шпанскиот јазик: 12 октомври

Посебни агенции на ОН уреди

Независните агенции на ОН имаат свои посебни службени јазици кои понекогаш се разликуваат од оние на главните органи на ОН. На пример, Генералната конференција на УНЕСКО има 9 службени јазици, вклучувајќи ги и хинди, португалски и италијански јазик.[33] Светскиот поштенски сојуз има само еден службен јазик, францускиот.[34] Меѓународниот фонд за развој на земјоделството има 4 службени јазици: арапски, англиски, француски и шпански.[35][36]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Plea to UN: 'More Spanish please'. BBC News. 2001-06-21. Посетено на 2010-01-25.
  2. „Letter dated 18 June 2001“ (PDF). 2001-06-18. Посетено на 2010-01-26.
  3. Resolution 63/100 Questions relating to information (5 декември 2008).
  4. Resolution 63/306 Multilingualism (9 септември 2009).
  5. Resolution A/RES/61/266 Архивирано на 15 јули 2010 г. Multilingualism 8 јуни 2007
  6. General Assembly Resolution 2 (I) Rules of Procedure Concerning Languages, 1 февруари 1946.
  7. 7,0 7,1 „Preparation of Multilingual Treaties: Memorandum by the Secretariat“ (PDF). 1966. стр. 4. Посетено на 2013-10-21.
  8. Резолуција 262 (III)
  9. Роберт Рефорд (1968-12-18). „Russian to be included as UN working language“. Ottawa Citizen. Посетено на 2010-01-25.
  10. Резолуција 2479 (XXIII) Вклучување на Рускиот јазик меѓу работните јазици на Генералното Собрание (измена на член 51 од деловникот за работа на Генералното собрание) и прашањето за вклучување на Рускиот и Шпанскиот јазик меѓу работните јазици на Советот за безбедност (21 декември 1968)
  11. Provisional Rules of Procedure of the Security Council Rules 41 to 47.
  12. [1]
  13. „Ethnologue“. SIL International. Архивирано од изворникот на 2011-08-22.
  14. „Bengali 'should be UN language'. BBC News. Посетено на 2 јануари 2014.
  15. „International Auxiliary Language: Document presented by the Transnational Radical Party and Esperanto International Federation“. Архивирано од изворникот 2014-01-16. Посетено на 16 јануари 2003.
  16. „Hindi in UNO“. 2009-12-11. Архивирано од изворникот на 2010-06-13. Посетено на 2010-01-25.
  17. „Government working actively for Hindi as official language of UN: S M Krishna“. 2009-12-10. Посетено на 2010-01-25.
  18. „Hindi at UN: India to take action to get official status“. The Hindu. Chennai, India. 2007-07-15. Архивирано од изворникот на 2010-09-28. Посетено на 2010-01-25.
  19. K. Chezhian (2007-09-01). „Hindi in United Nations“. Tamil Tribune. Архивирано од изворникот на 2011-01-02. Посетено на 2010-01-25.
  20. Larry Rohter (2006-10-23). „At Long Last, a Neglected Language Is Put on a Pedestal“. New York Times. Посетено на 2010-01-25.
  21. „Turkish emerges as candidate for official UN language“. Sundays Zaman. 2 октомври 2011. Посетено на 15 јули 2012.[мртва врска]
  22. Resolution 54/64 adopted 6 December 1999.
  23. 23,0 23,1 Multilingualism: Report of the Secretary-General Doc. A/56/656, para. 4.]
  24. „Secretary-General Appoints Assistant Secretary-General Federico Riesco Coordinator for Multilingualism“. 2000-09-08. Посетено на 2010-01-30.
  25. „United Nations Information Centres Launch Redesigned Website Telling Organization's Story in 130 Languages“. 2008-10-24. Посетено на 2010-01-25.
  26. „Secretary-General Appoints Under-Secretary Kiyo Akasaka as Coordinator for Multilingualism“. 2008-05-29. Посетено на 2010-01-25.
  27. United Nations (19 февруари 2010). "Department of Public Information to Launch 'Language Days at the United Nations'". Соопштение за печат.  посет. 26 јули 2011 г
  28. 28,0 28,1 „First-ever French language day celebrated at UN“. UN News Centre. 2010-03-19. Посетено на 2011-07-26.
  29. 29,0 29,1 „United Nations Observances – Multilingualism“. Посетено на 2011-07-26.
  30. Chen Wen (2010-11-15). „UN Celebrates First Chinese Language Day“. Beijing Review. Посетено на 2011-07-26.
  31. „Chinese Language Day“ (кинески). Посетено на 2011-07-26.
  32. „English Language Day at the United Nations, 23 април 2011“. Посетено на 2011-07-26.
  33. „Rules of Procedure of the General Conference“ (PDF). 2010., Rule 54
  34. „Universal Postal Union – Languages“. Universal Postal Union. Архивирано од изворникот на 2012-02-14. Посетено на 2010-08-03.
  35. „Rules of Procedure of the Governing Council“ (PDF). Посетено на 2010-08-03., Rule 20
  36. „Rules of Procedure of the Executive Board“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-01. Посетено на 2010-08-03., Rule 26