Сквернавење на знаме

Сквернавење на знаме е израз кој се однесува на неколку видови дејствија со кои се уништува или се оштетува знамето, најчесто националното знаме. Најчесто со ваква постапка се искажува политички револт против земјата или нејзината политика. Во некои земји постои закон против уништување на знамето (на пример палење на знамето). Во некои земји се разликува законот против сквернавење на знамето од сопствената земја и законот против сквернавење на знаме од друга земја. Исто така постојат земји во кои палењето на знамето со закон е заштитено како акт за изразување на „слобода на говорот“.

Лажно американско знаме запалено во 2006 во Вашингтон

Потекло уреди

Знамето може да се уништи со палење, да се нагрди со пароли, да се измачка со измет, да се изгази, да се удира, или да се фрли во кал. Покрај тоа, може да се отпечати знамето врз тоалетна хартија, салветки, брисачи за нозе и слични производи преку кои во секојдневната употреба знамето ќе биде осквернавено. Ваквите постапки може да се мотивирани од неколку причини:

  • Протест против надворешната политика на земјата.
  • Откажување од политиката на својата земја.
  • Протест против конкретен закон.
  • Протест против национализмот на земјата.
  • Протест против моќната влада во земјата, или против некој акт на владата.
  • Симболичен акт со цел да се навреди народот на таа земја.
  • Демонстрација на своите права.

Изразот палење на знаме се однесува само на палење на знамето како чин на протест. Во САД постои пишано правило во врска со знамето, во кое се вели дека „кога знамето ќе биде во состојба да не е повеќе за јавно истакнување, треба да се уништи на достоинствен начин, а најдобро со палење“, но се додава дека таа постапка треба да биде организирана од овластени лица и да биде пропратена со соодветна церемонија.[1]

Белешки уреди

  1. ^ "Richard the Lionheart", by J. Gillingham, Weidenfeld & Nicolson, London, 1978, p. 176.
  2. ^ "The RUC: A Force Under Fire", by Chris Ryder, London: Mandarin, 1992, p. 82
  3. ^ BBC: A motion calling for the Union Flag to be flown on Parliament Buildings every day the Northern Ireland Assembly meets has been defeated 6 June 2000
  4. ^ Finnish flag law in finlex Архивирано на 27 октомври 2007 г.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди