Сириски клукајдрвец

Сириски клукајдрвец
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Клукајдрвци
Семејство: Picidae
Род: Dendrocopos
Вид: D. syriacus
Научен назив
Dendrocopos syriacus
(Hemprich & Ehrenberg, 1833)

Сирискиот клукајдрвец (Dendrocopos syriacus) е член од семејството клукајдрвци (Picidae).

Го има и во Македонија.

Распространетост и живеалиште уреди

Клукајдрвецот е птица којашто се размножува во југоисточна Европа источно од Иран. Нејзиниот опсег е проширен северозападно кон Европа во последните години. Тој е жител на отворените шуми, одгледувани со дрва и паркови, зависат од храна и места за вгнездување на старите дрва. Таа е често незабележлива птица, и покрај перјата. Големиот бел дел на рамото е главна особина која привлекува внимание.

Опис уреди

Клукајдрвецот е долг 23–25 см и е многу сличен со големиот шарен клукајдрвец, Dendrocopos major. Горните делови на мажјакот се сјајно црни, со црвена дамка на тилот и бело на странитe на главата и вратот. На рамото има голема бела дамка и пердувите на крилјата се прошарани со црно и бело. Трите надворешни опашни пердуви имаат само неколку бели дамки; тие се покажуваат само кога кратката вкочанета опашка е раширена, а служи како поддршка при качување. Долните делови се бели, стомакот и делот под опашката се црвенкасти. Долгиот клун е црн, а нозете се зеленкасто сиви. Женката нема црвено на тиолот, а кај младите оваа дамка не е присутна, но круната е црвена. Се разликува од помалиот мал шарен клукајдрвец по црвеното на стомакот.

Многу е тешко да се разликува сирискиот клукајдрвец од големиот шарен клукајдрвец. Сирискиот има подолг клун и му недостигаат белите шари на опашката. Друга важна разлика е дека Сирискиот нема црна линија која ја поврзува лентата до тилот како кај пораспростанетите видови.

Поведение уреди

Комуникација уреди

Кога е скриен во зеленилото, присуството на сирискиот клукајдрвец се забележува по честото механичкото чукање, вибрационо штракање, произведено од брзо повторливите удари од својот силен клун на стеблото или гранката. Тоа не е само повик за парење или предизвик, туку сигнал од двата пола. Се слуша на голема далечина, зависно од ветерот и состајбата на дрвото, шупливата гранка природно произведува погласна нота од живо дрво. Чукањето е подолго отколку на големиот шарен клукајдрвец и се намалува по волумен. Тоа е побрзо и пократко од чукањето на белокрстниот шарен клукајдрвец. Повикот му е остро квит,квит, помеко отколку на големиот дамчест клукајдрвец и нешто слично на обичниот.

Хранење уреди

Храната на сирискиот клукајдрвец главно се состои од инсекти кои живеат во стеблата на дрвата, како што се ларвитe од молецот и бубата. Клукајдрвецот вообичаено се сместува во трупот, работејќи нагоре. За време на искачувањето ја клука кората, кршејќи парчиња од кората, но често го извлекува својот плен од пукнатините со врвот на својот леплив јазик. Семињата, оревите и бобинките се користат како исхрана кога храната од инсектите е ограничена. Неговите постапки се нагли и скока наместо да се качува, скокајќи нанапред со една нога пред друга. Најчесто се храни во вертикална положба, во позиција со главата нагоре [1], но не е невообичаено да застане во верикално или хоризонто превртена положба додека го испитува дрвото за храна.

 
Дрво со дупки направени од сириски клукајдрвец

Парење уреди

Уредната, округла 5 cm широка вгездена дупка е сместена во меко и распаднато дрво. На дното на оската, малата комора е ископана, каде што до 11 бели јајца се снесени врз пилевина. Дупката ретко се користи повторно. Речиси секое доволно скапано дрво е искористено. Младенчињата, додека родителите ги хранат, излегуваат од своето гнездо, но кога ќе се вознемират се враќаат назад во дупката.

Наводи уреди

  1. BirdLife International (2012). Dendrocopos syriacus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  • Gorman, Gerard (2004): Woodpeckers of Europe: A Study of the European Picidae. Bruce Coleman, UK. ISBN 1-872842-05-4.