Сириски војни е назив за серија од шест војни кои се воделе во текот на 3. и 2. век п.н.е. помеѓу Селевкидската Империја и Птоломејското Кралство со цел да се завладее со регионот по име Келесирија, односно местото од кое воделе важни патишта кон Египет. Овие војни битни ги исцрпеле и двете држави, што пак довело до тоа со овие територии подоцна да завладеат Римската Република и Партија.

Келесирија, подрачје околу кое се воделе Сириските војни.

Прва сириска војна (274 п.н.е. - 271 п.н.е.) уреди

Првата сириска војна била првиот поголем конфликт помеѓу дијадошките држави после убиствата на Селевк I Победникот и Лизимах, 281 п.н.е., последните оригинални дијадоси. Селевковиот син Антиох I Сотер, кој имал сериозни проблеми при консолидацијата на власта во западниот дел од империјата, сметал дека тие проблеми може да се разрешат единствено со проширување на сметка на териториите во Левант и Анадолија. Поради тоа стапил во сојуз со Магас Киренски, полубратот на египетскиот крал Птоломеј II, во знак на тој сојуз ја дал раката на својата ќерка Апама.

Магас после венчавката прогласил независност на Кирена и започнал поход против својот полубрат на запад, додека Антиох ги напданал Египетските територии од север и исток. Антиох на почетокот забележал успех, освоил делови од Сирискиот брег и јужна Анадолија. Но подоцна се покажало дека Птоломеј II е далеку поспособен владетел отколку што се мислело. Неговата сестра и сопругаАрсонија вешто ги сузбила дворските сплетки, додека Птоломеј организирал противнапад и успеал да го порази Антиох. Придонес во неговата победа дала и побуната на Мармаридите, либиски номади порад кои Магас морал да се откаже од својот поход. До 271 п.н.е. кога склопиле примирје, Птоломеј успеал не само да ги поврати сите изгубени територии, туку и ја проширил својата власт над Карија.

Втора сириска војна (260 п.н.е. - 253 п.н.е.) уреди

Антиох II откако го наследил својот татко 261 п.н.е., веднаш започнал да се подготвува за нова војна за Сирија. Пред тоа склопи сојуз со Антигон Гонат, антигонидскиот крал на Македонија. Имал намера да го истера Птоломеј II од водите на Егејското Море. Антиох II потоа со поддршка на Антигон ги нападнал птоломејските упоришта во Мала Азија.

Текот на војната тешко може да се реконструира, бидејќи повеќето записи се изгубени. Но јасно е дека Антигон, околу 258 п.н.е. успеал да ја порази птоломејската флота во Битката кај Кос. Тоа довело до привремено губење на египетската поморска надмож над Источниот Медитеран, што довело до губење на контролата над Киликија, Памфлија и Јонија. Антиох пак го освоил Милет и Ефес. 253 п.н.е. избиле бунтовипротив Македонците на Коринт и Халкидик, а истовремено северните граници на Кралството Македонија почнале да бидат напаѓани од варварскиплемиња, поради што Антигон морал да ја прекине војната против Египет.

Бидејќи останал сам, Антиох 253 п.н.е. склопил мировен договор со Египет, при што се венчал со Птоломеевата ќерка Береника, одрекувајќи се од својата прва жена Лаодика I. Птоломеј II истата година умерл.

Трета сириска војна (246 п.н.е. - 241 п.н.е.) уреди

Смрта на Птоломеј II го поттикнала Антиох истата година 246 п.н.е. да се врати на својата прва жена. Кратко после тоа, Лаодика обзнанила дека на неговата посмртна постела, Антиох го прогласил нејзиниот син Селевк II Калиник за престолонаследник, а неа за регент. Береника и нејзините деца се засолниле во Антиохија, но биле пронајдени од страна на Лаодикините приврзаници и биле убиени.

Новиот египетски крал Птоломеј III убиството на неговата сестра го искористил да му објави нова војна на Селевкидското Царство. Оваа војна исто така се нарекува и Лаодикиска војна. Иако Антигон II Гонат како верен селевкидски сојузник на египетската флота и нанесол пораз во битката Битката кај Андрос, Птоломеј сепак успеал да победи. Неговите сили ги поразиле Селевкидите во Сирија, навлегле во Антиохија и до Вавилон. За Селевк, II, дополнителен проблем биле бунтѕовите во источните сатрапии против неговата власт, а Лаодика инсистирала својот помлад брат Антиох Хијеракс да го именува за ко-регент и да му ја предаде власта над Мала Азија. Хијеракс одма после тоа прогласил независност и се приклучил во војната проив Селевкидите. Иако Селевк успеал да поврати дел од изгубените територии, после неколку години војување бил исцрпен, и се согласил да склопи примирје. Египет ја добиле северна Сирија, вклучително и Селевкија Пијерија, главното антиохиско пристаниште.

Четврта сириска војна (219 п.н.е. - 217 п.н.е.) уреди

На Селевкидското царство му биле потребни две децении да се опорави од загубите од претходната војна, односно да ги смири сепаратистичките бунтови, вклучително и оние кои ги водел Антиох Хијеракс. Меѓутоа 225 п.н.е. после изненадната смрт на Селевк II повторно настапил период на нестабилност. Неговиот син Селевк III Керавн владеел само две години, прд да биде убиен во еден бунт на војската. Го наследил неговиот помлад брат Антиох III Велики, кој бил одлучен да ги поврати изгубените територии. Плановите на Антиох да започне поход на Египет 221 п.н.е. биле спречени од сплетките на неговиот главен министер Хермеј, како и сепаратистичките бунтови во западниот и источниот дел од империјата. Дури откако ги решил овие проблеми, Антиох бил подготвен да ја дигне својата војска 219 п.н.е. на поход врз Египет.

Но и Египет, во меѓувреме го зафатила криза предизвикана со смртта на Ptolemeja III. Неговиот син и наследник Птоломеј IV Филопатор не покажал склоност кон државничките работи, па целата власт ја препуштил на неговиот министер Сосибиј, кој веднаш на почетокот ликвидирал многу членови од кралското семејство. Тоа предизвикало политичка нестабилност, пребегнување на командантите на селевкидска страна, додека истовремено Сосибиј потполно ги занемарувал одбранбените подготовки.

Сето тоа му овозмоќило на Антиох без некои поголеми потешкотии 219 п.н.е. да ги заземе Селевкија Пијереја и Тир. Неговотопонатамошно напредување било спорено со преговорите кои ги започнал Сосибиј, а чија единствена цел била добивање на време за да се импровизира одбрана. Сосибиј истовремено почнал да го регрутира и обучува домородните египќани.

Летото 217 п.н.е. Антиох повтроно тргнал во офанзива, но обновената египетска војска успеала да извлече победа во големата Битка кај Рафија. Птоломејците меѓутоа е можеле ниту сакале да ја искористат таа победа. Наместо да нареди навлегување во длабочината на Селевкидската империја, Сосибиј поново започнал преговори. Тие преговори завршиле со мировен договор со кој Антиох успеал да задржи некои од освоените територии, вклучувајќи ја и Селевкија Пијереја.

Војната за Птоломеидите и Египет имал тешки последици, најповеќе поради тоа што домородните египќани стекнале искуство кое им помогнало да дигнат востание против македонската династија и да создадат независна држава во Горен Египет.

Петта сириска војна (202 п.н.е. - 195 п.н.е.) уреди

После војната Антиох следната година започнал да ги задушува сепаратистичките бунтови и да ја проширува својата власт, прво во Мала Азија а птоа и на северните и источните граници на некогашната Македонска Империја. Во 202 п.н.е. успеал да ја покори Ерменија, Партија и Грчко-Бактриско Кралство, со што стекнал искуство, но и ресурси за реванш за поразот кај Рафија. Прилика за тоа се укажала поради нестабилноста во Египет, каде смртта на Птоломеј IV, а после тоа и ликвидацијата на популарната кралица Арсиноја III Египетска од страна Сосибиј, предизвикало немири и во самата Александрија, т.е. се побунила војската.

Антиох пред тоа настојувал да го обезбеди западното крило, на тој начин што склопил сојуз со македонскиот крал Филип V. Египет како сојузник ја имал Римската Република, со која веќе подолго време бил во добри односи, а Римјаните пак ја сфатиле стратешката важност на Египет заради испораката на жито за време на Втората Пунска Војна. Конфликтот со Филип, односно Втората Македонско-римска Војна, меѓутоа ги спречила римјаните да дадат позначителан помош на Египет, па нивната интервенција се свела само на безуспешни дипломатски мисии кај Антиох.

Благодарение на ваквата ситуација, Антиох можел без проблеми да ги напаѓа египетските територии какко и Мала Азија, така и Келесирија. Успеал да го заземе и Сидон. 200. или 198 п.н.е. неговата војска постигнала одлучувачка победа во Биткаата кај Панијум.

После оваа битка започнале преговори со Египет, со кои на Антиох ми била призната власта над Келесирија, вкучувајќи ја и Јудеја. Договорот е потпишан 195 п.н.е. со женидбата на Антиоховата ќерка Клеопатра I Египетска за младиот египетски крал Птоломеј V Епифан. На крајот од војната Селевкидската Империја ја постигнала својата најголема моќ, под водство на Антиох, но тој период кратко траел, со оглед на неизбежниот конфликт со Римската Република, кој на крајот од деценијата ескалирал како Римско-Сириска Војна.

Шеста сириска војна (170 п.н.е. - 168 п.н.е.) уреди

Поразот во војната со Римската Република имал тешки последици по Селевкидската Империја. Трајно била загубена Мала Азија, воената морнарица и на крај со политичката нестабилност предизвикана од смртта на Антиох Велики, како и со заробеништвото на престолонаследникот Деметриј во Рим. Од друга страна пак, Египет не бил во состојба да ја искористи слабоста на својот соперник, бидејќи и самиот имал проблеми со бунтот на домородното население кое било совладано дури околу 185 година п.н.е.

Новата војна избила околу 170 п.н.е. кога Еулај и Ленеј, министрите на малолетниот египетски крал Птоломеј VI Филометор, верувајќи во помошта од Рим, објавиле војна за враќање на Келесирија и Јудеја. Истивремено, братот на Птоломеј, Птоломеј VIII Фискон и неговата сестра Клеопатра II биле именувани како совладари, со цел јакнење на единството во Египет. Од друга страна селевкидскиот крал Антиох IV Филопатор реагирал побрзо и 169 година п.н.е. со молневита брзина успеал да навлезе сè до Александрија, ги симнал од власт регентите и одлучил Птоломеј VI, кој му бил внук, да остане единствен владетел, чијшто заштитник бил лично тој. Кога истата година Антиох се повлекол со војската за да го загуши бунтот во Јудеја, нардот во Александрија дигнал бунт против птоломејците. Птоломеј VI повторно стабал совладар со Птоломеј Фискон. 168 п.н.е. Антиох повтроно тргнал во офанзива, го освоил Кипар, а потоа навлегол до Александрија. Но овој пат Римската Република испратила помош на чело со Гај Попилиј Ленас. Тој на Антиох му дал ултимативно барање, да се повлече од Египет и Кипар. Не сакајќи конфликт со велесилата која го поразила неговиот татко, Антиох веднаш се согласил да го испочитува ултиматумот, но успеал да ги задржи териториите освоени во Петтата сириска војна.

Литература уреди

  • Green, Peter. Alexander to Actium: The Historical Evolution of the Hellenistic Age. Berkeley: University of California Press, 1990. ISBN 0-500-01485-X (англиски)

Поврзано уреди