Синапсата претставува функционална врска меѓу две надразливи клетки чии цитоплазми градат електрогени (електросоздавачки) мембрани.
Според локализацијата во организмот синапсите се делат на централни и периферни. Функцијата на централните синапси се состои во создавање на врски меѓу нервните клетки во централниот нервен систем. Синапсите се наоѓаат во сивата маса на централниот нервен систем.
Централните синапси се делат на:

  • аксо - соматски синапси остваруваат контакт меѓу телото на едната нервна клетка со аксонот од другата нервна клетка;
  • аксо - дендритиски синапси ги поврзуваат аксоните со дендрити од невронот;
  • аксо - аксонски синапси создаваат врска меѓу аксоните на нервните клетки.
Структута на типична хемиска синапса

Многубројните врски меѓу невроните што се остваруваат преку централните синапси овозможуваат сложена координација и интеграција на рефлексната активност на организмот.
Постојат два вида периферни синапси - мионеврални и невроепитеријални. Мионевралните синапси или моторните плочи претставуваат формации во кои се остварува функционална врска меѓу аксонот од моторниот неврон и мускулното влакно. Преку невроепитеријалните синапси се врши регулација на работата на жлездените ткива во организмот.
Во мионевралните синапси постојат три основни структури: пресинаптичка мембрана, синаптичка пукнатина и постсинаптичка мембрана.

Пресинаптичка мембрана уреди

Пресинаптичката мембрана претставува електрогена мембрана на нервниот завршеток. Во нејзината аксоплазма присутен е голем број гранули или меурчиња исполнети со ацетилхолин.

Синаптичка пукнатина уреди

Синаптичката пукнатина претставува простор меѓу пресинаптичката и постсинаптичката мембрана. Широчината на пукнатината варира меѓу 20 - 30 нм (200 - 300 ангстреми). Синаптичката пукнатина комуницира со околната меѓуклеточна течност. дифузијата на ацетилхолинот низ течноста на синаптичката пукнатина се одвива со голема брзина.

Постсинаптичка мембрана уреди

Постсинаптичката мембрана претставува електрогена мембрана во која се наоѓаат рецепторите. Во моторната плочка присутни се холинрецептори. Рецепторите од постсинаптичката мембрана се изградени од специјални белковини кои реагираат на дејство на соодветна трансмитерска материја.
Градбата на периферните синапси е проста. Тие се состојат од два члена, додека синапсите во централниот нервен систем имаат сложена структура, бидејќи се состојат од повеќе членови. Тоа произлегува оттаму што во централниот нервен систем една клетка најчесто стапува во контакт со повеќе аксони.

Механизам на пренесување на импулси во мионевралната синапса уреди

Пренесувањето на импулсот низ синапсата се остварувана следниот начин. Дејствениот потенцијал на нервното влакно предизвикува деполаризација на пренапсичката мембрана и ослободување на ацетилхолинот. Тој минува низ синаптичката пукнатина и реагира соодветниот холинрецептор. Оваа реакција на медијаторот со рецепторот доведува до зголемување на пропустливоста на постсинаптичката мембрана за јоните на натриум и калиум. Движењето на овие јони низ порите на мембраната доведува до нејзина деполаризација, всушност, се создава ексцитациски постсинаптички потенцијал. Овој потенцијал претставува локална биоелектрична реакција, а тоа значи, дека потенцијалот не се шири во вид на електричен бран. Во овој момент имаме ситуација при која постсинаптичката мембрана е деполаризирана, а мембраната на мускулното влакно поларизирана, тоа значи, дека меѓу овие две мембрани постои потенцијална разлика. Со тоа, создадени се услови за кружни движење на струјата меѓу постсинаптичката мембрана и мембраната на мускулното влакно. Кога интензитетот на локалната струја ќе го достигне праговниот интензитет, во мембраната на мускулното влакно ќе се дејствен потенцијал. Откако ќе ја изврши својата функција медијаторот веднаш се разградува од соодветниот ензим. Со тоа синапсата е подготвена за трансмисија на нов импулс.
Пренесувачката улога на синапсите накчесто ја вршат ацетил холинот и адреналинор, меѓутоа, има синапси во кои оваа улога ја вршат други медијатори (ксеротонин, глутамат, аспаргат, гама - аминобутерна киселина и др.)

Галерија уреди

Надворешни врски уреди

Нервно ткиво