Симон Васиљович Петљура (украински: Си́мон Васи́льович Петлю́ра) (22 мај 1879, Полтава - 25 мај 1926, Париз) е украински политички деец, државник, писател, публицист, предводник на борбата за независност на Украина и, кратко време, претседател на Украинската Народна Република.

Симон Петљура
Симон Петлюра
Симон Петљура

Главен атаман Симон Петљура


Мандат
1919 – 1926
Претходник Владимир Виниченко
Следбеник нема

Роден 10 мај 1879
Полтава, Руска Империја (сега Украина)
Починал 25 мај 1926
Париз, Франција
Партија РУП
Професија политичар, државник, новинар и публицист
Религија христијанин
Потпис

Животопис уреди

Роден е во Полтава, во семејство со древно козачко потекло. Во 1900 година станува член на Револуционерната украинска партија (РУП) (во 1905 година, таа била реорганизирана во Украинска социјалдемократска работничка партија (УСДРП)).

Во 1902 година заминува во Кубањ, каде што работи како учител и архивар (работел со архивата на Кубањското козаштво). Во декември 1904, на конференција на Револуционерната украинска партија бил против влегувањето на РУП во Руската социјалдемократска работничка партија (РСДРП). Во 1906 во Санкт Петербург станува уредник на дневниот весник „Слободна Украина“ (Вільна Україна). Во јули 1906, станува секретар на киевскиот дневник „Совет“ (Рада). Во 1907 и 1907 бил соуредник на социјалдемократскиот весник „Слово“. Од 1912 година до почетокот на Првата светска војна е уредник на рускојазичниот дневник „Украински живот“ (Украинская Жизнь). Во весникот имало статии за големите и познатите личности (Михајло Хрушевски, Максим Горки). За време на Првата светска војна (1914-1918) бил раководител на Украинскиот воен комитет на Западниот фронт во Минск. Својот однос кон војната го опишал во статијата „Војната и Украинците“. Во неа запишал дека Украинците добро работеле за Руската Империја во периодот на војната и дека во иднина Руската Влада мора да го смени својот однос во врска со украинското прашање.

Бил еден од главните раководители на Украинската револуција во 1917 година. Од март 1917 е член на Украинскиот централен совет (Українська Центральна Рада), а од мај и раководител на украинскиот воен комитет.

Во декември 1917, не бил согласен со новиот договор со Германија и поднесува оставка.

По падот на Украинската Народна Република, Владата во Украина била во рацете на Германија и Хетманат (Гетьманат - Українська Держава; Украинска Држава) со хетманот Павло Скоропадски. Во периодот на Хетманатот, Петљура раководи со Киевското земство и Украинското земство. Оди во затвор заради Манифестот против хетманот. За време на востанието тој е ослободен, а потоа влегол во составот на Директоратот на УНР.

Од ноември 1918, тој е Главен атаман на Украинската Армија. Во февруари 1919 година, излегува од составот на Украинската социјалдемократска работничка партија и станува раководител на Директоратот на УНР, а всушност и украински диктатор.

Под раководстовото на обединетите украински сили, се враќа во Киев.

На 5 декември 1919, оди во Варшава за да склучи воен сојуз со Полска против Болшевичка Русија. Со негова поддршка бил потпишан Варшавскиот договор.

Работел на создавање на нова украинска армија. Против ваквата политика бил и раководителот на УНР, Владимир Виниченко. Петљура имал можност да формира своја сопствена армија во почетокот на 1919, кога голем број од политичарите оделе во западните држави. Но Петљура знаел дека Украинската Држава нема шанси за борба против Болшевичка Русија.

Од ноември 1920 раководи со Украинската Влада во емиграција во Полска.

На 31 декември 1923, оди во Австрија, а потоа во Унгарија и Швајцарија.

Од ноември 1924, живее во Париз, каде што го организира дневникот „Тризуб“. И понатаму бил раководител на Украинската Влада во емиграција и Главен атаман на Украинската Армија.

Убиен е на 26 мај 1926 година, од анархистот С. Ш. Шварцбард. Атентаторот, кој бил Украинец со еврејско потекло, рекол дека тоа било казна за убиството на илјадниците Евреи во времето кога тој бил раководител на УНР. Но денес, историчарите мислат дека тој бил агент на НКВД СССР.

Неговото обвинение било за убиството на Евреите, но сега украинските историчари мислат дека тоа била само верзија на СССР. Според документите, Петљура го поддржал формирањето на Министерството за еврејски работи, за спречување на анти-еврејското настројство кај народот. А неговата војска ги поддржала работите на министерството.