Симоне Пепе

италијански фудбалер

Симоне Пепе (италијански: Simone Pepe) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Кјево.

Италија Симоне Пепе
Лични податоци
Роден на 30 август 1983(1983-08-30)(40 г.)
Роден во Албано Лациале, Италија
Висина &100000000000001790000001,79 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Пескара Пескара
Број 21
Младинска кариера
Рома Рома
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001–2003 Рома Рома 0 (0)
2002Леко Леко 5 (0)
2002–2003Терамо Терамо 31 (11)
2003-2006 Палермо Палермо 22 (1)
2004-2005Пјаченца Пјаченца 30 (12)
2006-2010 Удинезе Удинезе 104 (14)
2006-2007Каљари Каљари 36 (3)
2010-2015 Јувентус Јувентус 76 (12)
2015-2016 Кјево Кјево 22 (3)
2016- Пескара Пескара 10 (0)
Репрезентација
2008-2011 Италија Италија 23 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 мај 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 мај 2012

Најчесто игра на позицијата крило, по двете страни на теренот и лево и десно.

Клупска кариера уреди

Пепе својата кариера ја започнал во тимот Рома, но таму неуспеал де се избори за место во првиот тим и играл на заем за некој помали тимови во подолните лиги.

Палермо уреди

Во летото 2003 тој потпишал за Серија Б тимот Палермо со ко-сопственост (50-50) договор. Во Август 2004 тој и дефинитивно станал играч на Палермо откако тимот од Сицилија го откупил целосно неговиот договор. Заедно со него во пакет од Рома стигнал и одбранбениот играч Чезаре Бово.Палермо била важна станица за Пепе затоа што тука, тој се пробил во првата италијанска лига во која игра и денес.

Удинезе уреди

Тој му се приклучил на Удинезе во средината на сезоната 2005-06 во ко-сопственост договор, заедно со Салваторе Масиело и Никола Сантони (дел од трампата на Давид Ди Микеле). Во Јули 2006 Пепе бил позајмен на Каљари. Својот прв гол во Серија А тој го постигнал против својот поранешен тим Палермо во 90-тата минута од натпреварот. До крајот на сезоната тој се впишал во списокот на стрелците уште на двапати и тоа против Аталанта и уште еднаш против Палермо. Сезоната ја завршил со 36 одиграни натпревари и 3 постигнати гола во Серија А. По завршувањето на сезоната тој се вратил во Удинезе. Тука настапувал со неколку одлични играчи како Винченцо Јаквинта, Фабио Кваљарела (фудбалери со кој подоцна ќе соработува и во Јувентус), Ѓокан Инлер и Гаетано Д'Агостино. Во овој состав Удинезе стигнал до четвртфиналето на Купот на Уефа во сезоната 2008-2009 каде бил елиминиран од германскиот Вердер Бремен.

Јувентус уреди

На 9 јуни 2010 Пепе потпишал договор со Јувентус за позајмица на една сезона вреден 2.6 милиони евра, со можност бјанконерите да го откупат неговиот договор следното лето. Пепе одиграл одлична сезона земајќи учество во 30 натпревари во Серија А и постигнувајќи 4 голови. Тој постигнувал голови против Сампдорија, Фиорентина, Катанија и Лацио.

Неговите добри игри во првата сезона беа само препорака за сопствениците на Јувентус да го откупат неговиот договор следното лето и тоа се случило на 1 јули 2011 за сума од 7.5 милиони евра. Тој погодил уште на стартот од сезоната 2011-2012 во Серија А против Парма во првиот официјален натпревар на новиот стадион на клубот "Јувентус стадион". Пепе беше еден од најактивните фудбалери на Јувентус во првата половина од сезоната кога се во прашање головите. Тој реализирал погодоци во три натпревари едноподруго за првпат во неговата кариера откако најпрво постигнал гол против Палермо, во победата од 3-0, а потоа и на гостувањето во Рим против Лацио каде го постигнал единствениот погодок во мечот. Третиот гол во оваа серија дошол на 29 ноември против Наполи, кога Пепе го постигнал израмнувачкиот погодок во 80-тата минута за 3-3 со кој му донел бод на неговиот тим, иако неговата екипа била во негатива од 3-1 на околу петнаесеттина минути до крајот. Тој ја собрал топката на средината од теренот и успеал да помине четворица играчи на Наполи пред да го совлада голманот Де Санктис. Овој гол на Пепе бил од исклучително значење за да може Јувентус да стигне до титулата и тоа на импресивен начин, освоена без ниту еден пораз.

Сезоната 2012-13 започнала лошо за Пепе бидејќи тој се повредил на Трофео Тим Купот и го пропуштил Суперкупот на Италија и почетокот на сезоната во Серија А. Својот прв настап во новата сезона го направил на 17 ноември 2012 против Лацио, влегувајќи во игра во 70-тата минута на местото на Маурисио Исла.

Репрезентативна кариера уреди

Пепе е член на италијанската фудблска репрезентација од 2008 година. Тој беше дел од Фудбалската репрезентација на Италија и на Светското првенство 2010 во Јужна Африка. За италија дебитирал на 11 октомври 2008 против Бугарија.

Титули уреди

  Јувентус уреди

Надворешни врски уреди