Сигулда (латвиски: Siguldas novads) — општина во Латвија, која се наоѓа во историската област Виѕеме и е дел од административниот регион Рига. Градот се наоѓа на 53 км од главниот град Рига. Сигулда е сместен на реката Гауја.

Општина Сигулда
Siguldas novads
Општина
Земја Латвија
Создадена2003
СедиштеСигулда
Управа
 • ГрадоначалникУѓис Митревицс
Површина
 • Вкупна359,9[1] км2 (Formatting error: invalid input when rounding ми2)
Население (2009)
 • Вкупно17,579[2]
Мреж. местоwww.sigulda.lv

Историја уреди

Најстарите наоди докажуваат дека почетоците на живот во реонот на Сигулда датираат од 200 година пред нашата ера и откриваат животот на првите доселеници, кои се прехранувале со сточарство и лов и риболов. Во периодот 6-7 век територијата на градот е населена од балтичкото племе „Земгали“.

 
Замокот Сигулда

Летоннските племиња со угро-финско потекло, се населиле во долината на реката Гауја во 11 век. Археолошките ископувања откриле бројни дрвени тврдини, меѓу кои Сатеселе, Турајда и Кубеселе. Литванците ги користеле овие објекти за да се одбранат од германски крстоносци чиј број константно се зголемувал и бавно ја освојувале целата територија на Латвија. Во 13 век Летонците се покорени, а нивните земји се делат меѓу Тевтонски орден и архиепископијата на Рига. Границите на двете територии се простирала точно во сегашниот град Сигулда. Витезите од Летонскиот орден издигнале замок, а околу него почнале да се населат трговци и занаетчии. Во тоа време градот се споменува во различни документи со името Загеволд. За првпат градот е споменат во "Летонски римувани хроники" од периодот 12-13 век.

Поврзано уреди

Наводи уреди