Сива чапја
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Штрковидни
Семејство: Чапји
Род: Чапја
Вид: Сива чапја
Научен назив
Ardea cinerea
(Linnaeus, 1758)
светлозелено - лето

темнозелено - во текот на целата година
сино - зима

Череп на сива чапја
Ardea cinerea

Сива чапја (науч. Ardea cinerea) — птица од семејството чапји. Во Македонија е редовна гнездилка која ги населува мочуриштата и трските од стоечките води.

Општи одлики уреди

Сивата чапја е голема птица долга 90-100 см, со распон на крилјата од 175-195 см и со тежина од 1 до 2 кг. Пердувите на оваа птица се со сива и бела боја. Се храни со риби и жаби, но и со мали цицачи и птици. Зиме, кога стоечките води замрзнуваат, сивите чапји доаѓаат до најблиските реки и тука ја минуваат зимата. Возрасните сиви чапји на главата имаат препознатлив реп во црна боја. Сезоната на парење започнува во февруари, а завршува на крајот од април. Сивата чапја се гнезди во колонии. Мажјакот и женката заедно градат гнездо, женката излежува 1-6 јајца со светлосина боја и со кружен облик. Инкубацијата трае месец дена, а за младенчињата се грижат и двата родители.

Подвидови уреди

Постојат четири подвидови на сивата чапја:

  • Ardea cinerea cinerea Linnaeus, 1758 Европа, Африка, западна Азија
  • Ardea cinerea jouyi Clark, 1907 источна Азија
  • Ardea cinerea firasa Hartert, 1917 Мадагаскар
  • Ardea cinerea monicae Jouanin & Roux, 1963

Многу е слична на американската голема сина чапја, а разликата се состои во незначително помалата големина и костенливо-смеѓите бедра и бутови.

Распространетост и биотоп уреди

Сивата чапја е птица со голема приспособливост, единствено од што има потреба е вода богата со риба и минимална изолираност од луѓето. Ја нема единствено во големи шуми. Во одредени случаи при изобилство на ситни глодачи во северните региони или големи скакулци во јужните, може да ја сретнеме сивата чапја и без да има вода во близина. Ако не е следена, навикнува на присуството на човекот и се размножува во големи населени центри, како на пример Стокхолм, Амстердам, Најроби и Момбаса.

Сивата чапја е делумно преселничка. Во северните области се појавува уште пред да исчезнат снеговите и штом пилињата станат самостојни, веднаш се сели. Младите птици кога ќе станат способни за лет прават големи преселби и често ги достигнуваат северните брегови на Африка или јужна Азија.

Погледни уреди