Сива бојабоја во помеѓу црната и белата, неутрална или ахроматска (букв. „безбојна боја“).[2] Ова е бојата на облачното време, пепелта и оловото.[3]

Сива
Општоприфатен симболизам
песимизам, депресија, блуткавост, досада, неутралност, магла, неодреденост, старост, задоволност, мозокот (сива материја) и брзина
За координативе     Бојни координати
Хекс. тројка#808080
sRGB1    (r, g, b)(128, 128, 128)
CMYK2   (c, m, y, k)(0, 0, 0, 50)
HSV       (h, s, v)(0°, 0%, 50%)
ИзворHTML/CSS[1]
1: Нормализирано на [0–255]
2: Нормализирано на [0–100]

Оптика на сивата боја уреди

Во ликовната уметност, сивата традиционално се добивала со мешање на црна и бела боја. Потоплите сиви бои ги добивале со додавање на малку црвена, а за постудените додавале малку сина. Уметникот добива сива боја и со мешање на две комплементарни бои како портокалова и сината.

Денес сивата на екраните и телевизорите се добива користејќи го моделот RGB. На црн екран, црвената, зелената и сината светлина при полна јачина даваат бела боја. Намалувајќи ја јачината, се добиваат разни нијанси на сива.

Во печатарството, сивата обично се добива по моделот CMYK, користејќи синозелена (цијан), магента, жолта и црна. До сива боја се доаѓа со употреба на црна и бела, или пак со мешање на подеднакво количество на синозелена, магента и жолта. Највеќето сиви нијанси имаат студен или топол изглед. Топлиот се добива со додавање на жолта, портокалова или црвена, додека пак студените имаат додадено зелена, сина и виолетова.[4] Кога нема никаква додавка, бојата се нарекува „неутрална сива“, „ахроматска сива“ или просто „сива“. Сликите што се состојат само од црна, бела и сиви нијанси се нарекуваат монохромни, црно бели или сиво нијансирани.

 
топла сива студена сива
измешана со 6% жолта. измешана со 6% сина.

Сивата во животинскиот свет уреди

 
Сива чапја

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Боен модул TR CSS3 на W3C, клучни зборови за бои во HTML4“. Архивирано од изворникот на 2010-12-14. Посетено на 2013-04-22.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „ахроматичен“ — Лексикон на македонскиот јазик
  3. „сива“ - Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „Палета на бои“. Архивирано од изворникот на 2010-12-14. Посетено на 2013-04-22.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски уреди