Семиња на мирот — меѓународна невладина организација основана во 1993 година, посветена на давањето шанса на младите од разни делови на светот кои минале низ војни или конфликти да ги развијат своите водачки способности потребни за делување во полза и насока на мир и соживот.

Семиња на мирот
Основана1993
ВидНепрофитна организација
СедиштеЊујорк со канцеларии во Ерусалим, Аман, Лахоре, Мумбаи, Кабул.
Мреж. местоseedsofpeace.org

Во текот на последната деценија, „Семиња на мирот“ го зголемила своето влијание, драматично зголемувајќи го бројот на членови, националности и програми.

Почнувајќи само со 46 млади од Израел, Палестина и Египет, во 1993, организацијата сѐ уште се фокусира на Блискиот Исток, но исто така ги подаде своите раце и кон младите водачи од Јужна Азија, Кипар и Балканот. Нејзината мрежа на млади низ целиот свет сега брои повеќе од 3500 члена од голем број на конфликтни региони.

Како тинејџери, тие започнуваат со меѓународниот летен камп на Семиња на мирот во Мејн и продолжуваат со разни програми и работилници кои следат, со меѓународни конференции, работилници во регионот, образовни и професионални можности, како и образовни програми за возрасни. Овој систем им дозволува на членовите на Семиња на мирот да развијат емпатија, почит и сигурност, како и знаења во светот на водството, комуникациите и преговорите: сите неопходни компоненти кои ќе помогнат во создавањето на мирниот соживот за следните генерации.

Надворешни врски уреди

Официјална страна на Семиња на мирот