Себастјен Тиржо

француски велосипедист

Себастјен Тиржо (француски: Sébastien Turgot; р. 11 април 1984) — француски друмски велосипедист, кој вози за аматерската екипа УС Сен-Ерблен. Бил професионален возач од 2008 до 2016 година.

Себастјен Тиржо
Тиржо на Гран при де Денен 2014
Лични податоци
Цело имеСебастјен Тиржо
Роден11 април 1984(1984-04-11)(40 г.)
Лимож,  Франција
Висина1,79 м
Маса73 кг
Податоци за клубот
Мом. клубУС Сен-Ерблен
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
2006
2007
2017-
Буиг Телеком (стажант)
Вандеја У
УС Сен-Ерблен
Професионални клубови
2008–2013
2014–2016
Буиг Телеком
Аг2р-Ла Мондијал
Последна промена
3 јануари 2017

Неговиот најголем резултат бил на третото место на Париз-Тур 2008, откако водел во последните 100 метри, но бил победен од Филип Жилбер од Франсес де же и Јан Кујкс од Ландбувкредит-Тенисштајнер. Неговото трето место не било очекувано од никого, но тоа било потврда на неговите способности, како што ги покажал на бројните француски национални велодромки првенства.

Во 2012, Тиржо бил второпласиран на една од најпрестижните трки во велосипедизмот, Париз-Рубе.

Тиржо го напуштил Тим Јуропкар на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Аг2р-Ла Мондијал за сезоната 2014.[1]

Достигнувања уреди

2007
1. Краен пласман Три дена Воклис
1. Етапа 4 Тур де Бретан
2008
3. Париз-Тур
3. ГП де ла Сом
2010
1. Етапа 2 Три дена де Пане
2012
2. Париз-Рубе
2013
8. Трка околу Фландрија
9. Ла Руе Туранжел
10. Париз-Рубе
10. Е3 Харелбеке
2014
3. Шоле-По де Лоара
7. Тро-Бро Леон
2015
5. Гран при Пино Черами
9. Краен пласман Тур де Валони

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
  Џиро
  Тур 113 130
  Вуелта 154

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. „Turgot joins AG2R“. L'Équipe (француски). Éditions Philippe Amaury. 27 август 2013. Посетено на 27 август 2013.

Надворешни врски уреди