Себастијан Ларсон

Себастијан "Себ" Бенгт Улф Ларсон (роден на 6 јуни 1985) — шведски фудбалер, играч од средниот ред на АИК и на шведската фудбалска репрезентација.

Себ Ларсон
Лични податоци
Роден на 6 јуни 1985(1985-06-06)(38 г.)
Роден во Ескилстуна[1], Шведска
Држава  Шведска
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб АИК АИК
Број 16
Младинска кариера
Арсенал Арсенал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2007 Арсенал Арсенал 3 (0)
2006-2007Бирмингем Сити Бирмингем Сити 27 (1)
2007-2011 Бирмингем Сити Бирмингем Сити 157 (18)
2011-2017 Сандерленд Сандерленд 176 (12)
2017-2018 Хал Сити Хал Сити 40 (2)
2018- АИК АИК 15 (2)
Репрезентација
2007- Шведска Шведска 108 (6)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Кариера уреди

По почетокот на неговата кариера во клубот од родниот град, ИФК Ескилстуна, Ларсон набрзо бил забележан од скаут на Арсенал, додека играл за својата репрезентација.

Тој направил три настапи за Арсенал, пред да премине во Бирмингем Сити, најпрво на заем во сезоната 2006-2007, а потоа направил и трајен трансфер во текот на летото на 2007 година. Ларсон поминал пет години во Бирмингем, доживеал промоција во, и испаѓање од, Премиер лигата во два наврати. На 1 јули 2011, тој му се приклучил на Сандерленд, откако неговиот договор со Бирмингем - кој одново претрпел испаѓање - истекол. Со црните мачки играл 6 сезони во кој запишал преку 200 натпревари, сè до нивното испаѓање од Премиер лигата во сезоната 2016-2017 како последнопласирани. Во сезоната 2017-2018, Ларсон играл во Чемпионшип за Хал Сити, а во јуни 2018 се вратил во својата Шведска, каде потпишал договор со екипата на АИК.

Ларсон е познат и по одличното изведување на слободните удари, за кое некои го нарекуваат специјалист. Токму по еден негов гол од слободен удар против Арсенал на 16 октомври 2011, Арсен Венгер изјавил за својот поранешен фудбалер дека е можеби најдобриот изведувач на слободни удари во првенството.[2]

Титули уреди

  Бирмингем Сити уреди

2010-2011

  АИК уреди

2018

Наводи уреди

Надворешни врски уреди