Свети Харалампиј — христијански светец и маченик од 3 век.

Свети Харалампиј
маченик
Роден(а) 89, Магнезија, Тесалија
Починал(а) 202, Писидија
Почитуван(а) во православие
Главно светилиште Манастир Свети Стефан, Метеора
Слава 10 февруари

Овој светител бил епископ во Магнезија и пострадал во својата 113 година. Кога настанало прогонувањето на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј продолжил јавно да ја проповеди Христовата вера. Според христијанското верување, сите маки ги претрпел како во туѓо тело. А кога од него жив кожата му ја одрале, незлобивиот светец им рекол на царските војници: “Ви благодарам, браќа, за тоа што истругувајќи го моето старо тело вие го обновивте мојот дух за новиот, вечен живот”. Осуден на смрт и изведен на губилиште, св. Харалампиј ги кренал рацете кон небото и Му се помолил на Бога за сите луѓе. Пострадал во 202 година. Неговото тело го зела Галина, царската ќерка, и чесно го погребала[1].

Православната црква неговиот ден го чествува на 10 февруари.

Наводи уреди

  1. „Охридски пролог“ стр. 57