Самоанците се полинезиски народ кој живее воглавно на Самоанските Острови. Мајчин јазик на Самоанците е самоанскиот јазик, но добар дел од народот е двојазичен бидејќи англискиот е доста застапен на островите. Поради политичко-историски околности, татковината на Самоанците е поделена меѓу независната држава Самоа и американската територија Американска Самоа.

Самоанци
Samoan Flag
Samoan Flag

Самоа
American Samoan Flag
American Samoan Flag

Американска Самоа
Подрачја со значајно население
Самоа, Американска Самоа, Нов Зеланд, Австралија и САД
Јазици
самоански, англиски
Вероисповед
христијанство
Сродни народи
Маори, Фиџијци и останати полинезиски народи

Во Самоа има околу 188.000 Самоанци според податоците од 2006.[1] Голем дел од Самоанците живеат надвор од Самоа, воглавно во Нов Зеланд (115.000 во 2001)[2] и Австралија (39,992 во 2006)[3]

Јазик уреди

Мајчин јазик на Самоанците е самоанскиот јазик. Во светот се проценува дека има околу 370.00о самоански говорници, од кои 69% од нив живеат на Самоанските Острови. Во дијаспората, самоанскиот јазик се зборува во Нов Зеланд каде според пописот од 2006 година биле забележани 95,428 луѓе што зборуваат самоански, а имало 141,103 Самоанци. Така, од сите Самоанци во Нов Зеланд, 70.5 % можат да зборуваат самоански, што го прави јазикот четврт најзборуван во државата веднаш зад англиски, маорски и кинески. 66.4 % од Самоанците живеат во Окленд. Според пописот на Австралија од 2006 година, во државата имало 38,525 говорници на самоански, но имало 39,992 Самоанци.

Наводи уреди

  1. Population of Samoa + their flag and capital city. Population-of.com (2006-12-14). Посетено на 2011-08-22.
  2. [1] Архивирано на 8 август 2009 г.. search.stats.govt.nz
  3. 2006 Census Table : Australia Архивирано на 8 септември 2013 г.. Censusdata.abs.gov.au. Посетено на 2011-08-22.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди