Самит на Г-20 во Питсбург 2009

Самитот на Г-20 се одржа во Конгресниот Центар David L. Lawrence во Питсбург, Пенсилванија на 24-25 септември 2009 година. Најавен набргу по Лондонскиот Самит во април 2009 година, претседателот на САД Барак Обама доброволно се понуди да биде домаќин на овој самит, првично планирајќи самитот да се одржи во Њујорк и координирајќи го со отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации.. Меѓутоа, на 28 мај 2009 година поради координација на прашањата, администрацијата на Обама најави промена на местото на одржување, во Питсбург, со цел да го истакне економското закрепнување на градот кое следеше по падот на производниот сектор во втората половина на 20 век. Како одговор на глобалната кредитна криза,самитот на Г-20 во една година беше предложен набргу по самитот во Лондон кој се одржа во април 2009 година. Меѓу прашањата за кои се разговараше беше и предлогот за радикално реформирање на Меѓународниот монетарен фонд. Францускиот претседател Никола Саркози,исто така, навести дека ќе се оценуваат и веќе преземените мерки. Првичното место за одржување на самитот беше Конгресниот Центар David L. Lawrence , кој воедно беше и најголемата утврдена LEED зграда во светот. Работната вечера за светските водачи се одржа во Phipps конзерваториумот и ботаничката градина, избрани за да ги истакнат своите еколошки функции вклучувајќи и земјо-заштитничкиот приемен центар и Конзерваториумот на тропска шума опишани како енергетски најефикасни во светот.Други места кои ќе се искористат околу градот се музејот Andy Warhol, Средното училиште за креативна и изведувачка уметност во Питсбург и Rosemont, работната фарма на Тереза Хајнц Кери.

Подготовки уреди

Во неделите што и претходеа на конференцијата,беа преземени многу мерки со цел да се подготви Питсбург за конференцијата. Многу улици во центарот на Питсбург беа обновени и беше презакажан пред-сезонскиот НХЛ хокејски натпревар во арената Мелон за Питсбуршките пингвини. Во текот на неделата на Г-20, многу улици беа затворени, а сообраќајните знаци беа прилагодени. Во времетраењето на конференцијата многу јавни училишта, универзитети и продавници во близина беа затворени, а се откажуваа и часовите или работата. Градоначалникот на Питсбург Luke Ravenstahl,се обиде да ги ублажи проблемите претходно сретнувајќи се со некои од групите од кои се очекувало да протестираат за време на настанот.

Заштита уреди

Излегување од градски автобус на полицијата за спречување безредија на 24 септември во Оукланд. За време на самитот се очекуваа илјадници демонстранти,што беше класифицирано како Национално специјален безбедносен настан. Безбедността беше координирана од страна на тајната служба на Соединетите Американски Држави, која што работи заедно со Питсбургшката полиција. Се проценува дека за време на настанот ќе бидат потребни 4.000 полицајци а градот има само 900 полицајци.Државната полиција на Пенсилванија ангажира повеќе од 1.000 полицајци за централниот настан, вклучувајќи ги и SWAT, хеликоптерски, планински, прикриени, велосипедски и мотоциклистички офицери. Allegheny County од јуни располага со 75 полицајци специјално обучени и ги приклучи кон Питсбургшкото Полициско Биро. Њујорк и Балтимор, како и предградијата на Питсбург исто така ангажираа одреден број офицери. На помош пристигнаа и офицери од Чикаго,кои зеле слободни денови од своите работни места. Сите офицери, без оглед на одделот, за време на настанот беа под команда на Тајната служба. Chinook и Black Hawk хеликоптери, оклопни возила Humvees и екипажи на Армијата на САД, како и 10,25- метарски чамци со M240 митралези од Coast Guard, беа при рака, во случај на големи насилни протести или терористички напад.

Самитот уреди

Водачите на земјите на Г-20 присутни на самитот во Питсбург.

Индискиот премиер Manmohan Singh разговора со американскиот претседател Барак Обама во текот на Питсбуршкиот самит во Phipps конзерваториумот и ботаничките градини. Водачите на Г-20 почнаа да пристигнуваат во Питсбург на 24 септември 2009 година. Вечерта на 24 септември, водачите присуствуваа на приемот во Phipps конзерваториумот во Оукланд, во близина на Питсбург. Самитот започна утрото на 25 септември во Конгресниот центар David L. Lawrence, во центарот на градот.

Присутни водачи и држави
  • Аргентина претставена од претседателката Кристина Фернандес де Кирхнер
  • Австралија претставена од премиерот Кевин Руд
  • Бразил претставен од претседателот Луиз Инцио Лула да Силва
  • Канада претставена од премиерот Стивен Харпер
  • Кина претставена од претседателот на Републиката Ху Џинтао
  • Франција претставена од претседателот Никола Саркози
  • Германија претставена од канцеларката Ангела Маркел
  • Индија претставена од премиерот Манмохан Синг
  • Индонезија претставена од претседателот Сусила Бамбанг Јудхојоно
  • Италија претставена од премиерот Силвио Берлускони
  • Јапонија претставена од премиерот Јукио Хатојама
  • Мексико претставено од претседателот Фелипе Калдерон
  • Холандија претставена од премиерот Жан Петер Балкененде*
  • Јужна Кореја претставена од претседателот Ли Мјанг Бак
  • Русија претставена од претседателот Димитриј Медведев
  • Јужна Африка, претставена од страна на претседателот Џејкоб Зума
  • Шпанија претставена премиерот Хосе Луис Родригес Запатеро*
  • Турција претставена од премиерот Реџеп Таип Ердоган
  • Обединетото Кралство претставено од премиерот Гордон Браун
  • Обединетите Држави претставени од претседателот Барак Обама (домаќин)
Забелешка: Земјите обележани со * не се членови на Г-20.

Регионални организации уреди

  • Ново партнерство за развој на Африка (NEPAD) застапувано претседателот на NEPAD, Мелес Зенави(Meles Zenawi), (и премиер на Етиопија)
  • Здружение на народите од Југоисточна Азија (АСЕАН) застапувано од Абисит Вејајива(Abhisit Vejjajiva), претседател на АСЕАН (и премиер на Тајланд)
  • Европската комисија застапувана од Жозе Мануел Баросо(José Manuel Barroso), Претседател на Европската комисија
  • Европскиот совет застапуван од Фредрик Реинфелт(Fredrik Reinfeldt), претседател на Европскиот совет (и премиер на Шведска)

Меѓународни организации

  • Обединетите нации застапувани Бан ки Мун(Ban Ki-moon), генерален секретар на Обединетите нации
  • Светската банка застапувана од Роберт Зоелик(Robert Zoellick), претседател на Светската банка
  • Меѓународниот монетарен фонд, застапуван од Доминик Штраус Кан(Dominique Strauss-Kahn), управен директор на Меѓународниот монетарен фонд
  • Светската трговска организација претставена Од Паскал Лами(Pascal Lamy), генерален директор на Светската трговска организација
  • Форум за Финансиска стабилност застапуван од Марио Драги(Mario Draghi), претседател на Форумот за финансиска стабилност.

Протести уреди

Демонстрантите во Lawrenceville во близина на Питсбург на 24 септември. По бројните одбивања да им се дозволи на групите како Code Pink и Three Rivers Climate Convergence да организираат мирни протести, ACLU на Пенсилванија успеаа да ги нетераат властите на градот Питсбург да дозволат демонстрации околу самитот на Г-20. Учесниците во протестите околу самитот вклучуваа организации за мир, животна средина, труд и социјална правда. Алтернативните настани вклучуваа и Самит на Народите, кој би се одржал на почетокот на неделата пред самитот, проследени со шаторски градови, демонстрации и на други самити. Исто така,постоеше можност за одржување на конференција, наречена Конференција на Слободата 2009, која би ставила акцент на конзервативните решенија и пристапите до слободниот пазар.

Маршот на Народите го започнува својот пат кон East Allegheny , по серија предавања пред City-County Building . Околу 10:15 часот во средата, на 23 септември, активистите на"Гринпис" од палубата на West End мостот, вееја знаме, предупредувајќи на опасноста од зголемувањето на емисиите на CO 2.Додека сообраќајот беше привремено запрен,осум активисти мирно им се предадоа на властите. Во четвртокот, на 24 септември, протестантите за отпорност кон Г-20 Самитот во Питсбург одржа марш и ден на директна акција во Арсенал паркот во Lawrenceville. Неколку часа пред почетокот на Самитот, полицијата испука OC спреј врз толпата од околу 500 демонстранти за да го спречи протестниот марш. Полицијата исто така употреби и звучни топови против демонстрантите,за првпат употребени од страна на офицерите против демонстранти во САД. Подоцна во текот на вечерта, уште една мала толпа се собра во SCHENLEY Плаза, во близина на Phipps конзерваториумот, каде што се одржуваше работната вечера за светските водачи. Првично мирниот собир брзо се претвори во насилен. Стотици полицајци ја опколија толпата, која се рашири на Forbes Авенијата и Bigelow Булеварот кои се наоѓаат во близина на Катедралата за учење. Околу 300 полицајци обучени за спречување безредија се распоредија на тротоарот зад William Pitt унијата, и уште 200 други полицајци ја блокираа Forbes Авенијата за да ги задржат демонстрантите. Сепак, толпата набрзо се зголеми на 500. Полицијата испука неколку OC спрејови врз толпата. По обидот на полицијата да ги прекине демонстрациите беа нападнати продавници по Forbes Авенијата и улицата Craig. Универзитетот во Питсбург преку порака ги предупредени студентите дека "Условите во Оукланд може да се влошат. Студентите се предупредени да останат во близина на своите домови. Проектот за отпорност на Самитот на Г-20 во Питсбург повикуваше на " протести насекаде" на разни места и јавни објекти (претежно банки и големи корпорации) низ градот во петокот наутро (25 септември). Овие простести не беа од големи размери. Некои од демонстрантите на Forbes Авенијата и Atwood Улицата во Оуклад носеа црни и извртени хулахопки. Исто така имаше и мал собир на демонстрантите во Старбакс кафе на централната Авенија, а исто така и во East Liberty. До крајот на денот, полициските проценки покажаа дека на простестите низ градот учествувале околу 4.500 луѓе, од кои 190 биле уапсени. Беше предизвикана штета од околу 50.000 долари во областа на бизнисот,од кои 20.000 долари му се припишуваат на еден поединец , Дејвид Јапенга од Калифорнија, обвинет за кршење на 20 прозорци и врати во Оукланд ноќта во четвртокот. Активистот од Њујорк, Елиот Мадисон го употреби Twitter за да соопшти наредба за пренесување на порака од полицијата на Питсбург за време на протестите. Полицијата влезе во хотелската соба на Мадисон, а една недела подоцна беше извршена рација во домот на Мадисон во Њујорк од страна на агенти на ФБИ. Рацијата траела цели 16 часа. Полицијата го обвини Медисон и уште еден обвинет за користење компјутери и радио скенер за следење на движењето на полицијата и подоцна информациите, со помош на мобилни телефони и интернет им ги испраќале на демонстрантите. Медисон е обвинет за предизвикување на спречување на комуникација или прогонување, кривично користење на средства за комуникација, и поседување на криминални инструменти. ФБИ заплени различни работи како на пример магнети за фрижидери , и препарираното животно- љубопитниот Џорџ, и покрај тоа што налогот всушност се однесуваше за докази кои би укажале на тоа дека постоело прекршување на федералните закони за немири. По објавената јавна поддршка на употребата на Twitter во политиката на Иран, Молдавија, и Хондурас,побаран е одговор од Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави за тоа дали го поддржува слободниот говор во САД. По бројните одбивања за да им се дозволи на групите како Code Pink и Three Rivers Climate Convergence да организираат мирни демонстрации, ACLU на Пенсилванија успеа да го натера Питсбург да дозволи протести околу местото на одржување на Самитот на Г-20.

Одговор уреди

Десетици студенти на Универзитетот во Питсбург, кои велат дека биле неправедно уапсени и подложени на тешката полициска тактика во текот на Г-20 средбата минатата недела, бараат покренување на истрага за активностите на полицијата. Резултат Една најголемите изјави што произлезе од состанокот беше дека групата ќе стане нов постојан совет за меѓународна економска соработка. Ова значи дека многу поголемата Г-20 средба во суштина ќе ја замени помалата Г-8, која ќе продолжи да им излегува во пресрет на главните безбедносни прашања, но која ќе има помало влијание. Оваа одлука ќе им помогне на големите земји во развој - како Кина, Индија и Бразил да се вклучат, а кои првично не беа вклучени во Г-8.