За други значења, види Самар (појаснување).

Самар е направа која се прицврстува врз коњ, магаре, мазга или неко друго влечно животно за да може да носи тежок товар како стока, багаж, огревно дрво, мали топови и други нешта. Најдобро е самарот да седи врз покривка или подлога, за да ја распореди тежината на седлото и товарот врз грбот на животното. Долната страна на самарот е направена за да соодветствува на обликот на грбот на животното. Обично е поделен на симетрични делови со преграда за товарот да не тежи на ’рбетот, и за добра вентилација при потење.

Самар во с. Говрлево, Скопско
Насамарено магаре во Куба

Бидејќи самарот не е направен за јавање, горната страна на самарот личи на полица за товарот да може да натежне и да се врзе со ремени, јажиња или нешто друго.

Изработувачот на самари се нарекува самарџија.

Во книжевноста уреди

Во фолклорот уреди

Ако ’и слушаше Господ магарињана, ниеден самарџија не ќе останеше жив

— народна поговорка

Поврзано уреди