Изразот Салиски закон (латински: Lex Salica) се однесува на две сосем различни вистини.

  • Во раниот среден век, тоа е законски кодекс кој, според историчарите, бил изготвен меѓу почетокот на 4 и 6 век за Франките наречени « Салијци », на кои Хлодовик им бил еден од првите кралеви. Овој кодекс, напишан на латински, и кој во себе содржел доста позајмици од римското право [1], меѓу останатото пропишал и правила кои треба да се следат во однос на наследството во рамки на овој народ.
  • Повеќе векови после Хлодовик, во текот на 14 век, еден член од овој закон бил откопан, изолиран од неговиот контекст, употребен од правниците на кралската династија Валоа за да ја оправда забраната на жените да го наследуваат престолот на Франција. На крајот на средновековието и на почетокот на модерната историја, изразот Салиски закон ги опишува правилата за наследство на престолот на Франција. Овие правила биле потоа имитирани и во други европски кралски монархии. Лишувањето на жените од власт преку овој закон се потпира на одреден број грешни толкувања, на лаги и на извртувања на историјата[2], а сето тоа предизвикало и отпори и конфликти уште во 13 век.
Копија на ракописот на Салискиот закон од 8 век. Париз, Национална библиотека на Франција.

Особености уреди

Првиот салиски закон, според некои историчари, потекнувал од 4 век, и било кривично и граѓанско право кое важело само за Франките наречени « Салијци ». Отпрвин меморизиран и пренесуван усно, овој закон бил ставен во писмена форма на почетокот на 6 век, по барање на Хлодовик[3], крал на Франките, потоа последователно бил преправан повеќепати, сè до периодот на Карло Велики. Сепак, бројни историчари денес ја оспоруваат староста на првата верзија на законот, напишана на латински, и велат дека истиот датира од 6 век.[4]. Термините користени во пишаната верзија и применетите принципи сведочат дека овој закон се потпирал како на Римското право така и на германската традиција.

Имало најмалку осум верзии на законот а првата верзија го носела името Pactus legis salicæ и потекнувала од времето на кралот Хлодовик.

Историски, во овој закон долго време се гледал како транскрипција на германските обичаи. Меѓутоа, неговиот вовед претставува четири франкиски водачи како законодавци и ги именува градовите каде законот бил прогласен. Овие имиња се наоѓаат во нивната латинска форма во римските административни извори, што ни кажува дека Франките, прогласувајќи закон кој се применувал на територијата на империјата, биле впрочем римски офицери кои имале свои војски насекаде низ Римското Царство, а некои од нив дури и масакрирале други франкиски лиги (сојузи).

Други верзии на законот биле изработени до средината на 9 век. Законот бил проширен, изменет и адаптиран на потребите на времето. Така, за одредени членови на законот е тешко да се прецизира од кога точно потекнуваат.

Меѓу остатоците, се констатира прогресивна замена на вергилдот, систем каде казната се преговара да биде заменета со отштета исплатена на кралската власт. Политичката ситуација полека се менувала во 5 век а меровиншките кралеви сè помалку почитувале друга власт освен својата и така го зајакнувале само нивното влијание врз општеството. Во тој поглед, салискиот закон означува пренос меѓу германските структури и средновековното кралство.

Еден член од Салискиот закон ги одредува, меѓу другото, тарифите кои оптужената страна треба да ги исплати на оштетената страна:

  • допирање жена за дланка: казна од 15 суа ;
  • допирање жена од дланката до лактот  : казна од 30 суа ;
  • допирање жена од лактот до рамото: казна од 35 суа ;
  • допирање жена за градите : казна од 45 суа ;
  • убиство на Франк или на Римјанин : казна од 100 до 200 суа.

Целта на овој член на законот, во случај на силување, било да се спречи крвната одмазда. Семејството на жртвата било обесштетувано со сума согласно извршениот злостор, « крвна отштета » (вергелд). Во случај на неисплата, избивала војна меѓу членовите на засегнатите семејства со цел да се одмазди злосторството. Законот воедно припишувал и поединецот кој ќе биде убиен заради крвна одмазда, главата да му биде забодена на кол на тврдината или на копјето на неговиот убиец со што ќе се сигнализира на властите дека правдата била задоволена.

Инцестуозните бракови исто така биле забранети :

Доколку некои се обединат во срамен брак со ќерката на неговата сестра или брат или пак на некој близок братучед, или со жената на својот брат, или на својот вујко, истите ќе бидат разделени а доколку имаат синови, тие нема да бидат легитимни наследници и ќе бидат сметани за срам


.

Во 511, во Салискиот законик објавен од страна на Хлодовик I, преносот на добрата и имотот се прави преку агнати (роднини по татко) и когнати (роднини по мајка).

Клучниот член : De allodis уреди

Членот 62 од првата верзија (pactus) се однесува на наследството, односно на имотите (земјите) на чија полна сопственост располагала некоја семејна група. После повеќе члена кои дозволувале на жените да ги наследуваат тие земји, еден кус пасус во врска со наследните права на жените подоцна бил честопати изменуван. Впрочем:

  • Додека првата верзија прецизира дека

    « Si quis mortuus fuerit et filios non demiserit, si mater sua superfuerit, ipsa in hereditatem succedat. ((македонски) доколку некој почине без деца а мајка му живее, тогаш таа е наследник) » и дека « tunc si ipsi non fuerint, soror matris in hereditatem succedat. ((македонски) ако и тие исто така починат а останат сестрите на мајката, тогаш тие наследуваат) »


;

  • Последната верзија на текстот изјавува дека

    « De terra salica nulla portio hereditatis mulieri veniat, sed ad virilem sexum tota terræ hereditas perveniat. » ((македонски) што се однесува до салиската земја, ниеден нејзин дел не останува во наследство на жена, туку целото наследство на земјата преминува на машкиот пол) ».


Оваа последна формулација на пасусот од законот околу наследството се појавува во каролиншките верзии на Салискиот закон.

Точната дефиниција на изразот ‘’салиска земја” («terra salica») не се прецизира во текстот.

Белгискиот историчар Годфроа Курт зборува за „франкиска земја“ која одговара на една галска територија ситуирана меѓу Лоара и Јагленовата шума[5].
. Една хипотеза предлага дека се работи за некоја земја која се пренесува од колено на колено, или пак семеен имот, во срцето на кралството. Во секој случај, сигурно е дека изразот «салиска земја » не се однесува на целата земја (односно територија) на кралството на Салиските Франки, од проста причина што во 4 век не постоело такво гледање на нештата, односно не била иста претставата во однос на границите: законски географски граници биле оние на летските префектури кои биле под власта на римските генерали од франкиско потекло (или од други „варвари“) кои пак владееле во име на римскиот цар. Согласно ваквите хипотези на историчарите, салиска земја, веројатно би била онаа земја во провинциите во кои Салиските Франки биле населени и служеле како Лети (сојузници и соработници на римската војска), со што впрочем и се објаснува зошто жените го немале нејзиното право со фактот дека тие не можеле да и служат на римската војска. Целта на овој пасус во законот значи била да се осигура дека овие земји (територии), добиени благодарение на еден воен летски режим, останат во рацете на оние мажи кои се способни да војуваат.

Враќање на Салискиот закон во 15 век уреди

 
Оваа илустрација од крајот на средниот век претставува « крал на Франките » кој го диктира Салиското право. Ова е подоцнежна фиктивна претстава (која не е сосем верна на историската реалност) која сведочи за обновениот интерес за овој закон од 14 век па натаму.

Во 15 век, макар што Салискиот закон тогаш веќе ретко се применувал и бил паднат во заборав, се направило ново толкување на правилото околу наследството, за да се поддржат претензиите на капетинското семејството Валоа за престолот на Франција[6]. Произлезени од една помлада гранка на династијата Капети, припадниците на семејството Валоа се нашле во спротивна позиција со Плантагенетите од Англија кои, потомци на Капетите по женска линија, исто така имале претензии околу круната на Франција. Со прибегнувањето кон некакви правни толкувања на Салискиот закон од минатото, се овозможило да се оправда исклучувањето на жените од наследството и да ѝ се даде законска основа на монархијата на династијата Валоа.

Проблемите околу наследството на почетокот на 14 век уреди

Од Иго Капет па сè до Луј X, потоа, мошне кусо, на синот на последниот, Јован I, починат кусо време по раѓањето, круната на Франција непрекинато била пренесувана од татко на син со тоа што првите Капети ги презеле потребните мерки да се утврди правилото постариот син да го наследува престолот – функција што тие од изборна ја претвориле во наследна. Ова безгрижно наследство, во совршен континуитет од 987 до 1316 во кој период по еден машки наследник на секоја генерација бил спремен да го наследи својот татко, ги натерало историчарите овие генерации да ги квалификуваат како « капетинско чудо ».

Меѓу 1316 и 1328, односите на сила ќе го диктираат наследството на последните директни припадници на Капетинската династија. Тука главно станувало збор за политички избори што се правеле без да се повикуваат на стариот Салиски закон.

Така, принципот на машки наследник ќе стане еден од фундаменталните принципи на кралството на Франција[7]. Затоа наследството од 1316, а потоа и она од 1328, ќе се извршат по овој принцип: Само мажите можат да дојдат на власт, односно на престолот, и само тие можат да ја пренесуваат власта.

Добар пример за овој принцип е наследството на Анри III во 1589, кога во конкуренцијата за француската круна се јавиле повеќе претенденти. Од нив, само Анри од Навара потекнувал од кралско семејство по машка линија со што и ја добил поддршката за добивање на круната.

Наследството на Луј X (1316) уреди

Во 1316, Луј X Кавгаџијата, крал на Франција и на Навара, син на Филип IV Убавиот, умира без машки наследник. Зад себе оставил една ќерка која била на мала возраст Јована II Наварска, ќерка на Маргарита Бургундска, и трудна жена, Клеменција Унгарска. Таа се породила пет месеци подоцна но нејзиниот син починал неколку дена по раѓањето. Братот на Луј X, Филип, грофот на Поатје, во тоа видел прилика тој самиот да стане крал на Франција и на Навара: склучил договор со Одо IV Бургундски, вујкото на Јована II, за овој да биде регент на сќе уште нероденото дете во случај истото да биде машко. Доколку, од друга страна, детето биде женско, тоа ќе биде исклучено од престолот исто како нејзината постара сестра, но само додека не стане полнолетна. Се чини дека со ова сепак се оставало можноста на двете девојчиња, особено на Јована, да дојдат на престолот на Франција. Меѓутоа, тоа воедно оставало простор и време Филип, грофот на Поатје да се подготви за иден крал на Франција.

Наследството на Јован I Посмртниот (1316 - 1317) уреди

Детето на кралицата Клеменција, кое се родило на 15 ноември 1316, било машко. Го добило името Јован и општо се нарекува Јован I, односно Јован I Посмртниот. Кралското дете починало неколку дена по раѓањето.

Филип тогаш ги прекршил претходните договори со Одо од Бургундија: се прогласил за крал на Франција и Навара и бил крунисан на 6 или на 9 јануари 1317, под висока воена заштита. Филип, наречен Долгиот, бил прогласен за узурпатор од страна на Агнес од Франција, мајка на Маргарита Бургундска, баба на Јована и ќерка на Свети Луј. Таа побарала да се состанат перовите а Филип V прифатил. Собрание од адвокати, благородници, и доктори на Универзитетот било свикано во февруари 1317. Филип V побарал право да изложи аргументи кои го оправдуваат неговото право да дојде на престолот на Франција [8]. Ова собрание било согласно околу изјавата дека

жена не го наследува кралството на Франција


со тоа формализирајќи ја невозможноста на било која жена да дојде на престолот на Франција, принцип кој ќе остане прифатен до денес. Во тој момент, тие сè уште не се повикувале на Салискиот закон: аргументите изложени од страна на Филип V биле во однос на степенот на неговата блискост со Свети Луј.

Филип ја добил поддршката од благородништвото : што во тој момент било доволно за остварување на неговата амбиција. На 27 март 1317, била потпишана спогодба во Лан[9] меѓу Одо од Бургундија и Филип V а Јована се откажала од нејзините претензии околу круната на Франција.

Наследството на Шарл IV (1328) уреди

Нова криза околу наследството избила кога Шарл IV Убавиот, кој откако претходно го наследил својот брат Филип V, и самиот умрел во 1328. Неговата жена, кралицата Јована од Евре, била трудна. Се појавил истиот проблем како во 1316: требало истовремено да се назначи евентуален регент и да се подготви некое идно можно наследство на престолот. Во тој момент се чини дека жените не можеле да претендираат за наследници на круната на Франција иако сќе уште никаде немало пишан документ со кој истото се забранува. Во име на примената на принципот на давањето приоритет на машките наследници, уште веднаш биле исклучени од наследството:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Изабела
Арагонска
†1271
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Филип III од Франција
†1285  
 
Марија
Брабантска
†1322
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Филип IV од Франција
†1314  
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Шарл
од Валоа
†1325
 
Луј
од Ебре
†1319
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Луј X од Франција
†1316  
x Маргарита од Бургоња
 
 
 
 
 
Филип V од Франција
†1322  
x Јована Бургундска
 
 
 
Изабела
x Едвард II од Англија  
 
Шарл IV од Франција
†1328  
 
Филип VI Француски
 
 
Филип III од Евре
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Јована II
Наварска
 
x Филип III од Евре  
 
Јован I
†1316  
 
Јована
x Одо IV
од Бургундија
 
Маргарита
x Луј I
од Фландрија
 
Едвард III
од Англија

роден во 1312  
 
 
 
 
 

ДИНАСТИЈА ВАЛОА
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Шарл Лошиот
роден во 1332
 
 
 
 
 
 
Филип
од Бургоња

роден во 1323
 
Луј II од Фландрија
роден во 1330

По смртта на кралот во 1328, четворицата претенденти за наследници на круната, признати во редот на наследството, биле следниве:

  • Филип III од Евре, по правата на неговата сопруга Јована Наварска, ќерка на Луј X Кавгаџијата, потоа броено од 1332 во име на нивниот син Шарл Лошиот.
  • Јована Француска, војвотка од Бургоња, ќерка на Филип V Високиот и на Јована II Бургундска, во име на нејзиниот син Филип Бургундски.

Во 1330, се наметнува во редот на наследството и Маргарита од Франција, војвотка на Бургоња, помладата сестра на претходната, во име на нејзиниот син Луј II од Фландрија, додека последните ќерки на Филип V Високиот, Изабела од Франција (†1348) и Бланш од Франција (†1358) остануваат без наследство, исто како и оние на Шарл IV, Марија од Франција (†1342) и Бланш од Франција (†1393)

  • Едвард III од Англија, по правото на неговата мајка Изабела од Франција, ќерка на Филип IV Убавиот.
  • Филип VI Валојски, по правото на најблискиот машки наследник, внук на Филип IV Убавиот.

Сите кандидати кои своето право го остварувале преку некоја принцеза на Франција биле тргнати од редот на наследниците на престолот поради мотивот дека жена која нема право да седне на престолот нема ни право да го пренесе тоа право. Ова оспорено наследство било една и од главните причини за почеток на Стогодишната војна. Така Филип од Валоа, братучедот на Филип IV, со првородство бил прогласен за крал на Франција под името Филип VI Француски, избран за крал од собранието на бароните (главни великодостојници во кралството на Франција). Тој и ја вратил Навара врз која немал право на наследство на нејзината легитимна наследничка, Јована II, која во 1317 се омажила за својот братучед Филип од Евре, крал на Навара под името Филип III од Навара.

Повторно откривање и ново толкување на Салискиот закон уреди

Претензиите на Едвард III и на Шарл Лошиот, поради кои првите кралеви на династијата Валоа, Филип VI и Јован II Добриот, имале доста проблеми, го натерале кралот Шарл V од Франција, син и наследник на Јован II, да формулира јасно и недискутабилно правило за наследство. Под негова власт, секретарот Николај Орезмиј во својата Книга за политика, дефинира три начина за искачување на престолот:

  • со семеен пренос – на најтариот син на кралот ;
  • со избор – како за Иго Капет ;
  • со избор, но поради семејна лоза – како Филип VI.

Така, Николај Орезмиј го оправдува искачувањето на престолот на припадниците на динатијата Валоа со две средства: дека биле избрани а во истовреме и дека припаѓале на владејачка династија. Меѓутоа овие оправданија сè уште не биле доволни: воените успеси на Едвард III или на Шарл Лошиот би можеле да бидат причина за состанување на некое ново собрание на барони и избор на некој друг владетел. Во 1358, некој монах од Сен-Дени, историограф-хроничар, Ришар Леско[10] го откопал оригиналниот текст на « закон на Салиските Франки»[11]. По барање на некој советник на кралот Јован, монахот изготвил семејно стебло на кралевите на Франција, споменувајќи го овој закон [12].

Во 1378, Еврар де Тремогон, доктор по граѓанско и канонско право, во неговото дело Le Songe du Vergier, ќе бара во рамки на римското право оправдание кое се повикува на « слабоста на полот » (imbecillitas sexus). Меѓутоа, со ова оправдание не се овозможило да се оправда исклучувањето на машките припадници од женска страна, кои со фактот дека биле мажи ја немале таквата « слабост ».

Дури во 1388 членот 62, насловен De allodis, од « законот на Салиските Франки » (односно, оригиналниот Салиски Закон) бил искористен во рамки на правото на наследство. Со прибегнување кон овој член било овозможено да се тврди дека, уште во време на владеењето на Хлодовик, основоположникот на кралството, жената не можела « да добие во наследство ниеден дел од кралството », со што на некој начин било направено погрешното толкување на текст од 6 век, употребен за потребите на една кралска династија во 14 век.

Примена на салискиот закон во европските монархии уреди

Во Франција уреди

После неколку колебања во првата половина на 15 век, салискиот закон кој бил реинтерпретиран од страна на правниците на Шарл V станал главен закон за наследство на престолот и еден од фундаменталните правила на кралството. Тој воведува систематско исклучување на членовите на други кралски семејства поврзани со брак со француското кралско семејство. Значи гарантира само еден француски принц да биде престолонаследник и го зајакнува националниот карактер на монархијата.

Една од главните примени на овој закон се случил во втората половина на 1580-тите години. Анри III од Франција, последниот крал од династијата Валоа, предвидел него да го наследи Анри Бурбонски, крал на Навара. Но ова наследство не се должело на фактот дека Анри од Навара се оженил со Маргарита, сестрата на Анри III ; тоа се должело на фактот дека Анри од Навара по машка прекината лоза потекнувал од кралот Луј IX (1226 -1270). Тој бил, по машка линија, најблискиот роднина на Анри III. Големите тешкотии на Анри IV на почетокот на неговото владеење (Анри III бил убиен во 1589) повеќе се врзани со верата (тој бил протестант додека мнозинството биле католици) отколку на фактот дека е далечен потомок на претходниот крал по машка линија. Тогаш, салискиот закон веќе бил толку влезен во обичаите што се чинело речиси невозможно да се избере некој друг крал а не оној којшто е пропишан согласно утврдените норми за наледување. Воедно, во првите години на 18 век, кралот Луј XIV од Франција откако остарел а бидејќи ги изгубил поголемиот број од легитимните наследници, сакал да ги измени правилата за наследство и да му овозможи на војводата од Мајна, нелегитимен а признат син да стане регент во текот на малцинството на новиот крал. Оваа одлука по смртта на кралот во 1715 била укината од страна на Парламентот на Париз бидејќи отстапувала од салискиот закон кој се сметал за « фундаментален закон на кралството », и како таков не смеел да се менува дури ни од страна на некој крал.

Примена на законот во други монархии уреди

Системот на салискиот закон за наследство на престолот бил на сила во бројни монархистички режими.

Укинувањето на салискиот закон довело до оспорувања па дури и до повеќе граѓански војни во Шпанија, каде тој бил прифатен после искачувањето на престолот на францускиот принц Филип V во 1700. Во 1830, кралот Фердинанд VII го укинал салискиот закон за да ја воведе прагматичната санкција, со која ќерка му Изабела станала негова наследничка исклучувајќи го од престолот неговиот брат Карло. Оваа одлука довела до голема криза околу наследството во Шпанија - Првата карлова војна (1833 - 1846).

Честопати се тврди дека салискиот закон бил искористен за да се одвои Големото Војводство Луксембург од Холандија. Впрочем, по смртта на кралот Гијом III во 1890 без машки наследник, Вилхелмина од Холандија станала кралица на Холандија, додека Адолф I од Луксембург дошол на луксембуршкиот престол .

Салискиот закон бил укинат во Данска во 1953 а во Белгија во 1991. Шведска исто така го има укинато машкото првородство.

Наводи уреди

  1. Bruno Dumézil, Les Francs ont-ils existé ?, dans la revue L'Histoire, n° 339, février 2009, pp. 80-85.
  2. Éliane Viennot, La France, les femmes et le pouvoir -L'invention de la loi salique (V-XVI siècle), Volume 1, Éditeur Perrin, 2006
  3. Jacques Marseille, Le royaume des Francs, p. 25
  4. "Dumézil"
  5. Godefroid Kurth, Clovis, éditions Tallandier, 2000, p.467.
  6. Laurent Theis, « Loi salique : il n'y aura pas de reine de France », Les collections de L'Histoire, n° 34, p. 47
  7. François Olivier Martin, membre de l'Institut, professeur à la Faculté de droit de Paris, Précis d'histoire du droit français, 1938, p.227
  8. Claire Saguez-Lovisi, Les lois fondamentales au XVIII : recherches sur la loi de dévolution de la couronne, 1983, p.116
  9. Henri Boulainvilliers, Philippe Mercier, État de la France : dans lequel on voit tout ce qui regarde le gouvernement ecclésiastique, le militaire, la justice, les finances, le commerce, ...', 1752, p.468
  10. Хроника на Ришар Леско, калуѓер од Сен-Дени од Жан Лемоан (1896)
  11. Page 197 dans Introduction à l'histoire du droit et des institutions (2004) de Guillaume Bernard, professeur d'histoire et de philosophie du droit dans l'enseignement supérieur
  12. Page 137 dans Jean le Bel, maître de Froissart, grand imagier de la guerre de Cent Ans [мртва врска] (1996) de Nicole Chareyron, agrégée de lettres modernes, maître de conférences en langue et littérature médiévale à l'Université Paul Valéry (Montpellier III)

Библиографија уреди

  • Colette Beaune,Naissance de la nation France,Folio Histoire, 1985, pp. 357–392.
  • Bernard Barbiche, Les Institutions de la monarchie française à l'époque moderne, XVI-XVIII, Paris : PUF, 1999, 2e éd. 2001.
  • Jean Barbey, Frédéric Bluche et Stéphane Rials, Les lois fondamentales et succession de France, DUC, 1984 ;
  • Marc Ferro, Histoire de France, Poches Odile Jacob, 2001.
  • Éliane Viennot La France, les femmes et le pouvoir, Volume 1, L'invention de la loi salique (Предлошка:S mini--Предлошка:S-), Perrin, 2006.
  • Sylvain Soleil, Introduction historique aux institutions - du IV au XVIII, ChampsUniversité, Flammarion, 2002.
  • Craig Taylor, ed., Debating the Hundred Years War. "Pour ce que plusieurs" (La Loy Salique) and "A declaration of the trew and dewe title of Henrie VIII", Royal Historical Society, Camden 5th series, Cambridge University Press, 2006, ISBN 0-521-87390-8.
  • Michel, Rouche (1996). Éditions Fayard (уред.). Clovis. ISBN 2-213-59632-8..

Надворешни врски уреди