СТАРТ 3 е билатерален договор меѓу Русија и САД за намалување на јадреното вооружување.[1][2] Договорот бил потпишан во Прага на 8 април 2010 година. Документот, кој се нарекува „Прашки договор“ е составен од три дела кои се правно обврзувачки - текстот на договорот, евиденција за дополнителни права и обврски што се однесуваат на условите на договорот, како и технички измени и дополнувања на Протоколот.

Претседателите Барак Обама и Дмитриј Медведев по потпишувањето на договорот

СТАРТ 3 ги обврзува двете земји да ги намалат боевите глави на 1,550 парчиња во секоја земја, што претставува намалување од речиси 2/3 во однос на СТАРТ 1 договорот. Покрај тоа, договорено е и намалување на мобилните ракекетни системи на 700 што е половина од дотогашната бројка.

Според договорот, сите обврски мора да бидат исполнети во рок од седум години од датумот на стапување во сила на новиот договор. Договорот ќе трае десет години, со можност да ја обнови до пет години по неговото истекување.

Наводи уреди

  1. Jesse Lee (2010-03-26). „President Obama Announces the New START Treaty | The White House“. Whitehouse.gov. Посетено на 2010-04-09.
  2. http://www.idividi.com.mk/vesti/evropa/592755/index.html

Надворешни врски уреди