Руско-сириски односи

Руско-сириските односи (руски: Российско-сирийские отношения) се надворешни односи меѓу Сирија и Руската Федерација. Русија има амбасада во Дамаск и конзулат во Алеп, а Сирија има амбасада во Москва. Русија ужива историски силни, стабилни и пријателски односи со Сирија, кое се покажало во Арапската пролет како и со повеќето од арапските земји[1] Покрај тоа, на Медитеранот во сириското пристаниште Тартус се наоѓа руската поморска база за Црноморската флота[2].

Руско-сириски односи
Map indicating locations of Russia and Syria

Русија

Сирија

Во почетокот на 2012 година, Русија зела цврст став за поддршка на владата на Сирија против меѓународна интервенција кој план бил промовиран од страна на западните и арапските земји за соборување на режимот на Башар Асад. Како една од петте членки на Советот за безбедност, Русија ветила дека ќе стави вето на секоја санкција против сириската влада продолжувајќи го снабдувањето со големи количини на оружје на владата на Сирија[3].

Историја и соработка уреди

Речиси од своето основање во Сириска Арапска Република, Советскиот Сојуз дал дипломатска и воена поддршка во конфронтација со Израел. По доаѓањето на власт во Сирија во 1963 година на партијата "Баас", на сирискиот пристаништен град Тартус според договорот од 1971 година била изградена руска поморска база за Црноморската флота. За возврат, Сирија добила огромни количини советско оружје, автомобили, тенкови, авиони, ракети. Така Сирија станала најголем лојален пријетел на Советскиот Сојуз како земја од Блискиот Исток.

Сирија не била во можност да го плати оружјето на Советскиот Сојуз, па до 1992 година нејзиниот долг кон Русија надминал 13 милијарди долари. Во 2005 година, Русија и простила на Сирија 10 милијарди долари во замена за гаранции на нови нарачки за услугата.

Овие односи меѓу двете земји довеле до заладување на односите на Сирија со САД и Израел. Особено, Израел во неколку наврати изразил противење на трансферот на сирискиот ракетен систем С-300 и МиГ-31.

Наводи уреди

  1. Russia clings on to last outpost in West Asia| Pionner| 3 February 2012
  2. contribution to ‘What Should the United States Do About Syria?: A TNR Symposium.’| Daniel W. Drezner| tnr.com| 9 February 2012
  3. Why Russia is willing to sell arms to Syria By Fred Weir| csmonitor.com| 19 January 2012