Рум претставува дестилиран алкохолен пијалак од производи од шеќерната трска, првенствено меласата. Румот може да се пие чист или помешан и се користи во десерните сосови и за други јадења.

Рум од Карибите, околу 1941

Историја уреди

 
Шеќерната трска се одгледува за добивање на шеќерен сок и меласа.

Румот како пијалак е првпат споменат во документите од Барбадос во 1650 година. Румот играл улога во трговијата со робови: робовите од Африка биле продавани во Западните Инди за меласа, меласата се произведувала во рум во Нова Англија и румот потоа бил продаван во Африка за многу повеќе робови. Британските морнари добивале редовни следувања рум до 80-тите години на XX век.

Видови рум и нивно добивање уреди

Двата главни типа - светол и темен рум, се продаваат на пазарот. Свелиот рум, традиционално од Порторико и Куба, произведен е со култивиран квасец, кој се дестилира со непрекинат технолошки процес во садови, пред да се помеша и складира да созрее (остари) четири години. Посилниот темен рум, традиционално од Јамајка, за кого се користат спорите на квасецот од воздухот и се дестилираат во едноставни казани пред да се помеша и да се складира да созрева пет години.

Надворешни врски уреди

Историја и информација уреди