Рудолштат (разговорно: Ролшт; германски: Rudolstadt, Rolscht; Руделштат, тириншки: Rudelstadt) — град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Поранешната кнежевска резиденција Рудолштат е изградена долж реката Зале во широката долина опкружена со шуми.

Рудолштат

Rudolstadt

Поглед на градот
Поглед на градот
Поглед на градот
Грб на Рудолштат
Рудолштат во рамките на Германија
Рудолштат
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Залфелд-Рудолштат
Градски единици 24
Градоначалник Јерг Рајхл (BfR)
Основни податоци
Површина 135,18 км2
Надм. височина 195 м
Население 24.672 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 183 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SLF
Пошт. бр. 07407
Повик. бр. 03672
Портал www.rudolstadt.de
Местоположба на градот Рудолштат во рамките на округот Залфелд-Рудолштат
Карта
Карта
Координати 50°43′1″N 11°19′39″E / 50.71694° СГШ; 11.32750° ИГД / 50.71694; 11.32750

Градот бил основан во 776 година, а го стекнал правото на град во 1326 година. Знаменитост на градот е замокот Хајдексбург, кој е поставен на рид над стариот град. Рудолштат станал популарен преку камените блокови на компанијата за играчки Рихтер и фабриките за порцелан, почнувајќи со основањето на Фолкштет во 1762 година. Од 1599 до 1920 година градот бил главен град на Шварцбург-Рудолштат.

Географија уреди

Рудолштат се наоѓа во долина на реката Зале. На север и зпаад од градот се наоѓа рамници познати како Илм-Зале, на југ започнуваат Тириншките Шкрилни Планини, а источно од градот се наоѓа Хинтере Хајде, кој со Хаусберг (481 м.) доминира. Додека градското јадро се наоѓа на околу 200 метри, одредени градски единици се наоѓаат помеѓу 300 и 400 метри. Во местото Шварца се влива истоимената река во Зале.

Градски единици уреди

Рудолштат е поделен на 24 единици. Покрај градското јадро во него влегуваат следниве села:

  • Амелштет (1350)
  • Брајтенхерда (1294)
  • Кумбах (1327)
  • Ајхфелд (1074)
  • Ешдорф (1372)
  • Гајтерсдорф (1372)
  • Хауфелд (802–817)
  • Хајлсберг (822–826)
  • Кајлхау (1306)
  • Лихштет (со Грошвиц; 1275)
  • Милбиц (1350)
  • Мерла (1417)
  • Оберпрајлип (1074)
  • Пфланцвирбах (1295)
  • Ремда (со Алтремда и Кирхремда)
  • Шала (со Шварценсхоф; 1071)
  • Шварца (1074)
  • Зундремда (750–779)
  • Тајхел (1076)
  • Тајхреда (1334)
  • Трепендорф (874)
  • Унтерпрајлип (1074)
  • Фолкштет (842–856)

Во заградите е годината на прво споменување.[2]

Фолкштет, Шварца, Мерла и Кумбах образуваат заедно со градското јадро една урбана целина, додека другите места се оддалечени.

Соседни општини уреди

Соседни општини се следниве (почнувајќи од север, надесно): Бланкенхајн, Улштет-Кирххазел, Унтервеленборн, Залфелд, Бад Бланкенбург, Кенигзе, Штатилм, Ритерсдорф и Бад Берка.

Политика уреди

Градски совет уреди

Градскиот совет на градот Бад Бланкенбург се состои од 30 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[3]

Партија Места Разлика
BfR* 8 ± 0
AfD 7 + 7
CDU 5 − 2
SPD 4 − 1
LINKE 3 − 2
GRÜNE 1 − 1
FDP 1 ± 0
Слободни гласачи 1 − 1

*: Граѓани за Рудолштат
Разлика: во однос на изборите во 2014 година

Збратимени градови уреди

Рудолштат е збратимен со следниве градови:[4]

Познати луѓе уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
  2. Wolfgang Kahl: Ersterwähnung Thüringer Städte und Dörfer. Ein Handbuch. 5., verbesserte und wesentlich erweiterte Auflage. Rockstuhl, Bad Langensalza 2010, ISBN 978-3-86777-202-0, S. 257, 300, 51, 184, 246, 218, 140, 65, 164, 208, 295.
  3. Thüringer Landesamt für Statistik. „Wahlen in Thüringen, Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen, Stadt Schwarzatal“. Посетено на 2019-08-21.
  4. Website Rudolstadt Архивирано на 24 октомври 2018 г., abgerufen am 24. Oktober 2018

Надворешни врски уреди