Розвел (Ново Мексико)

За други значења на поимот „Розвел“, видете ја страницата за појаснување.

Розвел (англиски: Roswell) е град во сојузната држава Ново Мексико во САД. Градот се наоѓа во округот Чавес во југоисточниот дел на сојузната држава[1] . Според пописот од 2010 г, градот имал 48.366 жители. Розвел е центар за наводнување на околните фарми, ранчови, центар на производството, трговијата и нафтената индустрија во регионот. Розвел е исто така центар на Воениот институт на Ново Мексико, кој е основан во 1891. Во близина на градот се наоѓа и Националното природно прибежиште „Битер Лејк“, поточно североисточно од градот на реката Пекос. Покрај ова прибежиште, во близина на Розвел е и Државниот парк „Ботомлес Лејкс“. Сепак, градот се стекнал со домашна и светска популарност по НЛО инцидентот. Според теоријата, НЛО се срушил на околу 120 км од Розвел.

Град Розвел
град
Главна улица во Розвел
Главна улица во Розвел
Знаме на Град РозвелАмблем на Град Розвел
Амблем
Прекар(и): „Сеамерикански град“ (All America City)
„Град на вонземјаните“
(Alien City)
Местоположба во рамките на Ново Мексико.
Местоположба во рамките на Ново Мексико.
Координати: 33°23′14″N 104°31′41″W / 33.38722° СГШ; 104.52806° ЗГД / 33.38722; -104.52806
ДржаваСАД
Сојузна државаНово Мексико
ОкругЧавес
Управа
 • ГрадоначалникДел Џурни
Површина
 • ВкупнаПредлошка:Infobox settlement/impus/mag
 • Земјишна75.0 км2
 • Вода0.1 км2
Надм. вис.&100000000000010890000001.089 м
Население (попис од 2010)
 • Вкупно48,366
Часовен појасПСВ (UTC−7)
 • Лете (ЛСВ)DST (UTC−6)
поштенски код88201-88203
Повик. бр.575
FIPS-бр.35-64930
GNIS-бр.0894171
Мреж. местоwww.roswell-nm.gov

Историја уреди

 
Куќата на семејството Фелпс денес е градски музеј.
 
Окружниот суд на Чавес.

Првите неамерикански доселеници во градот биле група пионери од Мисури, кои се обидувале да основаат населба 24 км југозападно од денешната местоположба на Розвел во 1865 г. Тие биле приморани да го напуштат местото поради недостаток на вода. Првичното име на таа населба била „Мизури Плаза“. Меѓу првите доселеници имало и латиноамериканци. На 5 милји од центарот на Розвел се наоѓал ранчот на познатиот Џон Чизам, кој во негово време бил најголем ранч во САД.

Ван Смит, стопанственик од Омаха, Небраска и неговиот партнер Арон Вилбурн изградиле две згради во 1869 година и со тоа се започнала изградбата на Розвел. Овие згради служеле како главни продавница, пошта и преноќиште за гости. Во 1871 година, Смил побарал откуп на околното земјиште од федералната влада. Смит бил син на Розвел Смит, познат правник во Лафајет, Индијана. По неговиот татко го именувал и новиот град.

Во 1877 година, капетан Џозеф Каловеј Ли и неговото семејство го откупиле имотот на Смит и Вилбурн и станате сопственици на повеќето од земјиштето. Градот било релативно мирно место за живеење за време на Војната во округот Линколн (1877–1879). Главно лежиште на свежа вода за пиење било откриено кога трговецот Нејтан Џафа копал бунар во неговиот двор. Со откривањето на изворот се забележал првиот развој на новиот град. Развојот на градот се забрзал со изградбата на железничката линија во 1893.

Розвелскиот инцидент уреди

 
Roswell Daily Record на 8 јули 1947 објавил дека била „заробена летечка чинија“
 
Популарноста на НЛО во Розвел е голема.

НЛО инцидентот кај Розвел бил околу наводното фаќање на вонземско вселенско летало, односно објект кој паднал во близина на Розвел, во јуни или јули 1947 г. Од доцните 1970-ти инцидентот бил предмет на интензивно препирање и предмет на теории на заговор, како што е вистинската природа на објектот што се урнал. Војската тврди дека она што всушност било откриено се остатоци од експериментален високоалтитуден балон за набљудување кој припаѓал на класификуваната група наречена „Могул“ (Mogul); како и да е, многу поборници за постоењето на НЛО тврдат дека всушност вонземско летало заедно со неговиот екипаж било заробено, и дека војската тогаш се обврзала да го покрие тоа. Инцидентот станал широко познат поп-културен феномен, правејќи го името Розвел еднозначно со името НЛО. Се рангира како најпублицирано и најконтраверзно од сите познати НЛО инциденти.

На 8 јули, 1947, Розвелскиот воен аеродром и нејзината канцеларија за јавни односи во Розвел, Ново Мексико објавиле во јавност дека персонал од 509-та Бомбардерска група нашол падната „летечка чинија“ на ранч во близина на Розвел, предизвикувајќи голем интерес кај медиумите. Следниот ден, печатот известил дека Генералот на VIII Воздушни сили всушност изјавил дека е откриен балон следен со радар од страна на персоналот на аеродромот, а не „летечка чинија“. Свикана била подоцнежна прес конференција на која се дискутирало за остатоците од паднатиот објект, а изгледало како да се дава опис на паднатиот балон.

Инциденот брзо бил заборавен и речиси сосем занемарен, дури и од НЛО истражувачи, и тоа повеќе од 30 години. Тогаш во 1978, физичарот и НЛО истражувач Стентон Т. Фридмен го интервјуирал Мајорот Џес Марсел, кој учествувал во откривањето на остатоците во 1947 г. Марсел го споделил неговото верување дека војската го покрила пронаоѓањето на вонземски вселенски брод. Неговата приказна се раширила низ НЛО круговите, и била вклучена во некои НЛО документарни емисии во тоа време. Во февруари 1980, списанието National Enquirer направило свое интервју со Марсел, привлекувајќи го вниманието на државната и светската јавност за инцидентот кај Розвел.

Географија и клима уреди

 
Главната улица на Розвел.
Географија

Според Пописната служба на САД, градот има 75 км2, од кои 0.10 км2 се прекриени со вода. Розвел се наоѓа во југозападниот дел на Ново Мексико во округот Чавес. Во близина на градот е границата со Мексико, како и границата со американската сојузна држава Тексас.

Клима

Розвел се наоѓа на висорамнина и има четири сезони. Градот има полусува клима. Зимите во градот се ладни, прилично сончеви и снегот е зачестена појава. Пролетните денови се умерени и влажни, но се забележува и појава на ладен бран. Летниот период во градот се многу топли со високи температури. Такви летни денови се зачестена појава во Ново Мексико и Колорадо. За време на летниот период во и околу градот има појава на северноамерикански монсуни, кои носат обилни врнежи од дожд и грмотевици. Таквите денови се проследени од силни ветришта и понекогаш може да има појава на торнадо. Сепак, дождовите носат влага во овој пустински температури. Најниска измерена температура во Розвел била −34 °C на 13 февруари 1905 година[2], додека највисоката измерена температура била 46 °C на 27 јуни 1994 година[3].

Клима на {{{Место}}}
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек

Демографија уреди

Според пописот на САД од 2000 година во Розвел живеат околу 45.293 жители, 17.068 домаќинства и 11.742 семејства. Густината на населението во градот е 604,3 жит/км². Околу 70,96% од населението во градот е бело, 2,47% е афроамериканско, 1,28% индијанско, 0,65% азиско, 21,29% останати и 3.31% од две или повеќе раси. Латиноамериканците се застапени со 44,34% од населението

Во градот имало 17.069 домаќинства, од кои 34,5% имале деца под 18 годишна возраст, 49,1% биле брачни двојки, 14,9% биле домаќинства без сопружник и 31,2% не биле семејства. 27,1% од домаќинствата биле составени од индивидуалци и во 13,4% живеел некој сам кој имал над 65 години. Средната големина на домаќинствата била 2,58 луѓе, а на семејствата 3,13.

Индустрија уреди

Во Розвел се наоѓа Leprino Foods, еден од најголемите произведувачи на моцарела во светот.[4]

Образование уреди

 
Воениот институт на Ново Мексико.
Јавни училиштa

Меѓу позначајните јавни училишта во градот се:

  • Независно окружно училиште Розвел
    • Средно училиште „Годард“
    • Средно училиште „Розвел“
  • „Розвел Џоб Корпс“
  • Воен институт на Ново Мексико - опфаќа четиригодишно средно училиште и двегодишен колеџ.
Приватни училишта

Во Розвел се наоѓаат следните приватни училишта:

Колеџи и универзитети

Во Розвел функционираат:

  • Воен институт на Ново Мексико, колеџ.
  • Универзитет на Источно Ново Мексико - Розвел,[5]
  • Меѓународна полициска академија.

Сообраќај уреди

Во Розвел се наоѓа Меѓународниот воздушен центар Розвел. Аеродромот е под управа на American Airlines. Покрај аеродромот, низ градот поминува железничка линија која го поврзува градот со останатиот дел од државата.

Позначајни патни правци во Розвел се: Американските магистрали 70, 285 и 380. Со патишта градот е поврзан со останатите околни населени места, меѓу кои: Артесија, Карлсбад, Кловис, Портејлс, Хобс, Аламогордо, Лас Крусес, Ел Пасо, Лабок и Литлфилд.

Значајни мештани уреди

Податотека:JohnChisumBronze.jpg
Статуа на Џон Чизам.

Наводи уреди

  1. „Поронајдете округ“. Државно здружение на окрузи. Посетено на 31 јануари 2008.
  2. „February Daily Averages for Roswell, NM Weather.com Retrieved June 12, 2012“. Архивирано од изворникот на 2014-03-11. Посетено на 2012-07-27.
  3. „June Daily Averages for Roswell, NM Weather.com Retrieved June 12, 2012“. Архивирано од изворникот на 2014-03-11. Посетено на 2012-07-27.
  4. „Lots a Mozzarella in Roswell – Leprino Foods“. BNET.com. 2001. Архивирано од изворникот на 2008-09-29. Посетено на 2012-07-27.
  5. „Eastern New Mexico University – Roswell“. Eastern New Mexico University. Посетено на 8 март 2010.
  • City Map, Roswell, New Mexico. Map. Roswell: Roswell Printing. 1976.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди