Родни Стаки

Американски кошаркар

[1]

Родни Стаки
Позицијаплејмејкер
бек
Висина1,96 м
Тежина93 кг
ЛигаНБА
Роден21 април 1986(1986-04-21)(37 г.)
Сиетл, Вашингтон, САД
НационалностСАД САД
Средно училиштеKentwood (Covington, Washington)
ФакултетИстрн Вашингтон Иглс (2005–2007)
Драфт2007 / Рунда: 1 / Пик: 15-ти overall
Избран од Детроит Детроит Пистонс
Проф. кариера2007–2017
Клубови
2007–2014Детроит Детроит Пистонс
2014–2017Индијана Индијана Пејсерс
Репрезентација
Инфо од: 09.07.2016.

Родни Норвел Стаки (Сиетл, 21 април 1986)[2] е поранешен американски кошаркар, кој играл десет години во НБА за екипите на Детроит Пистонс и Индијана Пејсерс.

Кариера уреди

Колеџ кариера уреди

Стаки играл на колеџ за Истрн Вашингтон Иглс универзитетот. Во својата втора сезона Стаки имал просек од 24.6 бода, 5.5 асистенции, 4.7 скока, и 2.4 украдени топки по натпревар. Против Портланд Стејт тој уфрлил највисоки 36 бода.

На 11 јануари 2009, дресот со број 3. кој го носел Родни бил повлечен од употреба.

Колеџ статистика уреди

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2005–06 Иглс 30 30 33.0 .490 .372 .760 4.8 4.1 2.2 0.3 24.2
2006–07 Иглс 29 29 33.3 .453 .267 .846 4.7 5.5 2.4 0.3 24.6

НБА уреди

Детроит Пистонс (2007-2014) уреди

 
Стаки со Детроит Пистонс за време на загревање

Во 2007 тој бил избран од страна на Детроит Пистонс како 15-ти пик во првиот круг на драфтот. За време на летната лига Стаки експлодирал. Просечно бележел по 32.1 бод, 5.5 скока и 9.1 асистенција. Родни ја имал таа несреќа да ја скрши левата рака во последниот натпревар од подготовките за новата сезона, што го чинело пауза од НБА паркетите околу 8 недели. Сепак, по успешната рехабилитација од повредата Стаки го направил своето деби во НБА лигата на 21 декември 2007 против Мемфис Гризлис, уфрлувајќи 11 бода за 6 минути поминати на паркетот. Во неговата руки сезона тој имал просек од 7.6 бода, 2.3 скока и 2.8 асистенции играјќи по 19 минути по натпревар во просек: сепак треба да се нагласи дека тој започнал како стартер само во два од 57 натпревари во колку играл во регуларниот дел од сезоната. Тој, исто така, одиграл важна улога и во плеј-офот и имал по 8.2 бода по натпревар, помагајќи му на Детроит да стигнат до конференциското финале, каде биле поразени од Бостон Селтикс со 4-2.

На крајот од сезоната 2007-08 Стаки бил избран во All-Rookie екипата.

Следната сезона Стаки станал редовен стартер во првата петорка на Пистонс, заземајќи го местото на главен плејмејкер на тимот по заминувањето на Чонси Билапс од клубот. На 23 декември 2008, во натпревар против Чикаго Булс, Стаки постигнал 40 бода што е негов личен рекорд за најмногу постигнати бодови на еден натпревар. Тој имал 13.4 бода по натпревар во регуларниот дел од сезоната, а 15 во плеј-офот. Стаки исто така настапил на ол-стар викендот 2009, играјќи за Софмор тимот кој ги победил дебитантите со 122-116, а тој имал 12 бода, 3 скока и 9 асистенции.[3]

Сезоната 2009-10 била најдобра за Стаки во неговата НБА кариера, во многу статистички показатели како: најмногу започнати натпревари како стартер (67), најмногу бодови по натпревар (16.6), најмногу остварени скокови по натпревар (3.8), најмногу украдени топки по натпревар (1.4).

На 23 март 2011, во поразот 94-100 од Мајами Хит, Стаки извел фантастично забивање преку центарот на Хит Крис Бош.[4]

Индијана Пејсерс (2014-2017) уреди

На 21 јули 2014, Стаки потпишал за Индијана Пејсерс. На 10 март 2015, тој ги постигнал својте највисоки за сезоната 34 бода во победата над Орландо Меџик.

На 28 март 2017, поради повреда на левата тетива Стаки бил изваден од акција околу 4 до 6 недели.[5] Следниот ден тој бил отпуштен од Индијана.[6]

Статистика на кариерата уреди

 
Стаки го предводи нападот на Пистонс против Бобкетс

Општи податоци уреди

Статистика од 11 јануари 2013

  • Најмногу бодови на еден натпревар: 40 против Чикаго Булс (23/12/2008)
  • Најмногу скокови: 11 против Бостон Селтикс (20/01/2010)
  • Најмногу асистенции: 14, на двапати
  • Најмногу блокади: 2, три наврати
Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три бода  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

Регуларен дел од сезоната уреди

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2007-08   Детроит Пистонс 57 2 19.0 .401 .188 .814 2.3 2.8 .9 .1 7.6
2008-09   Детроит Пистонс 79 65 31.9 .439 .295 .803 3.5 4.9 1.0 .1 13.4
2009-10   Детроит Пистонс 73 67 34.2 .405 .228 .833 3.8 4.8 1.4 .2 16.6
2010-11   Детроит Пистонс 70 54 31.2 .439 .289 .866 3.1 5.2 1.1 .1 15.5
2011-12   Детроит Пистонс 55 48 29.9 .429 .317 .834 2.6 3.8 .8 .2 14.8
2012-13   Детроит Пистонс 76 24 28.6 .406 .302 .783 2.8 3.6 .7 .2 11.5
Кариера 410 260 29.5 .421 .288 .826 3.1 4.2 1.0 .2 13.4

Плеј-оф уреди

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2008   Детроит Пистонс 17 2 22.4 .371 .286 .879 1.9 3.4 1.1 .1 8.2
2009   Детроит Пистонс 4 4 32.0 .393 .000 .857 2.3 5.3 .0 .0 15.0
Кариера 21 6 24.2 .379 .133 .875 2.0 3.8 .9 .1 9.5

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. https://twitter.com/RodneyStuckeyP3
  2. Rodney Stuckey Stats, News, Videos, Highlights, Pictures, Bio – ESPN
  3. All star 2009
  4. Rodney Stuckey dunks on Chris Bosh 3-23-11
  5. „Injury Updates on Rodney Stuckey and Al Jefferson“. NBA.com. March 28, 2017. Посетено на March 28, 2017.
  6. „Pacers Waive Rodney Stuckey“. NBA.com. March 29, 2017. Посетено на March 29, 2017.