Родинија (руски: родина, постојбина) или Родина во геолошката терминологија се однесува на еден од настарите познати суперконтиненти, кој содржел поголем дел од тогашното Земјино копно. Палеомагнетските докази обезбедуваат наговестување за палеографската ширина на поединечните формации, но не и за нивната палеографска должина, кои геолозите ги користеле за споредување на делови од слични тратуми, кои денес често се многу расфрлани низ светот.