Риму
Риму дрво
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Четинари
Класа: Иглолисни
Ред: Боровидни
Семејство: Ногоплоди
Род: Дакридиум
Вид: Риму
Научен назив
Dacrydium cupressinum
Sol. ex Lamb.

Риму (од маорски: Rimu; лат. Dacrydium cupressinum) е големо зимзелено иглолисно дрво кое е ендемско на шумите на Нов Зеланд.

Дрвото расте низ цел Нов Зеланд и Стјуардовиот Остров. Иако речиси сите дрва сега виреат на Западниот Брег на Јужниот Остров, најголемите примероци можат да се најдат кај градот Таупо (како на пр. во шумите Пуреора, Ваихаха Фиринаки).

Ова дрво расте бавно, но е големо (до 50 м), иако најголемите примероци денес достигнуваат само до 20-35 м височина. Обилно вирее во мешана широколисна умерена прашума, иако има и примероци кои стојат сами. Дрвата живат околу 800-900 години, а во пречник достигнуваат повеќе од 2 м.

Лисјата му се шилести и спирално распоредени, со должина од 3-6 мм на млади дрва, а 2-3 мм кај возрасните.[1] еднополово; семињата зреат низ период од 15 месеци по опрашувањето. Зрелите шишарки имаат месно-црвени лушпи 6-10 мм во должина со една (или две, но ретко) семки со должина од 4 мм. Семето го разнесуваат птиците кои ги јадат лушпите и го пуштаат семето со нивниот измет; за некои видови на птици ова е важен извор на исхрана, особено за птивата какапо, чиј циклус на размножување зависи од циклусот на оплодувањето на риму дрвјата.

Употреба уреди

Историски, Риму и други локални дрвја како каури и тотара претставуваат главен извор на дрво во Нов Зеланд и се употребуваат за мебел и изградба на куќи. Меѓутоа, многу од шумските предели се денес уништени, и владата забранува сечење на дрва во јавни шуми, додека во приватните поседи со лимитавија. Дрвото радијата несеска се исползува на големо наместо риму дрвото, но риму и понатаму останува популарно дрво за изработка на мебел и дрвенарија за подови.

Наводи уреди

  1. J.T. Salmon (1993). „The Native Trees of New Zealand“. Auckland, New Zealand: Reed Books. стр. 74–79.