Музиката бил важен дел од секојдневниот живот во Стариот Рим. Многу приватни и јавни настани биле придружувани од музика, од вечери до воени паради и маневри. Меѓутоа дискутирајќи за било која античка музика, нестручњаците, а и многу музичари мора да се присетат колку денешната музика зависи од нејзиниот развој во последните 1000 години; така, нашите поимувања за мелодија, скали, хармонија, па дури и инструментите кои ги користиме, би им се виделе необични на римјаните.

Разни римски инструменти

Општи одлики на римската музика уреди

Чудно е, но денес помалку се знае за римската, отколку за старогрчката музика. За грците имаме ред (иако делумни) извори. На пример, ова се музичките теории на Питагора и Аристоксен (некои преку грчки, а некои преку подоцнежни римски извори), и има околу 40 дешифрирани примери за старогрчка музичка нотација. Постои исклучително малку материјал од овој вид за римската музика. Ова се должи на разни причини, меѓу кои е фактот што татковците на христијанската црква биле против музиката на театарот, фестивалите и паганската религија и затоа почнале да ја потиснуваат штом Христијанството станало официјална религија на Рим.[1]

Се смета дека римјаните не биле особено креативни што се однесува на музиката. Тие не ѝ придодавале никаков духовен етос, како што тоа го правеле Старите Грци [2]. Сепак, ако римјаните ја сакале грчката музика како што сакале сѐ друго грчко, може да се рече дека римската музика била монофонична (т.е. единечни мелодии без хармонија) и дека тие мелодии се засновале на сложен систем на скали (наречен „модули“). Покрај ова, тактот на пеаната музика го следел природниот ритам на зборовите.[3]

Постоеле и други, негрчки влијанија во римската култура—како од етрурците, и со империјалната експанзија, од блискоисточните и африканските краишта [4]. Така, во римската несомнено имало италијански, европски и неевропски елементи; точниот карактер на овие елементи не е познат.

Музичка нотација уреди

Доколку воопшто се употребувала нотација, по сѐ игледа дека римјаните го имале позајмено грчкиот метод[5] на „енхириадичка нотација“ за запишување на музика. Тука се користеле четири букви (a, g, f и c) за запшишување на низа од четири последователни тонови со опсег на тетракорд. Над буквите се ставале знаци за такт, за да се назначи траењето на нотата.

Иако позајмувањето на нотниот систем е разумна претпоставка, не постојат наоди кои ни укажуваат дека се користел каков било систем. Вака, басрем досега, не знаеме како римјаните свиреле и пееле на погреби, забави, гладијаторски игри и сл. (Филмовите на историски теми не се никаков материјал, бидејќи се засновани на филмска музика од XX век.)

Дури и познатите дела на римскиот филозоф Боетиј,[6] повеќе личат на трактат за старогрчката, отколку опис на современата римска музика.

Инструменти уреди

Се свиреле најразлични истерументи, меѓу кои:

Дувачки уреди

 
Војник разгласува на корну
    • туба — не како денешната туба, туку долга права бронзена труба со посебна конусна писка како кај денешната француска хорна. Пронајдените примероци се долги 1.3 метри; имала конусен облик [7] на начин сличен на денешната права труба која се среќава при избедбите на историски изведби. (Не треба ни да се спомене дека нема вентили. Еден инструмент можел да свири само една низа тонови.) Овој инструмент бил од голема важност за војската, за сигнализација - метод позајмен од етрурците.
    • корну — повеќе од полукружен (како буквата 'G') бронзен инструмент со или без шишка по пречникот. Имал конусен облик (како денешната француска хорна) и конусна писка. Се употребувал во војската. Позајмен од етрурците.
    • авлос (грчки израз—на латински, тиби), две двојанки кои не се сврзани туку се држеле на уста со посебна лента [8]. Современите рекоснтрукции укажуваат на тоа дека тие давале низок, кларинетовиден звук. Постојат нејаснотии околу точниот карактер на овој инструмент; други описи велат дека ова биле две единечни цевки, а не двојанки.
    • аскаули — гајда.
    • варијанти на современата флејта и панова флејта

Тргачки жичени инструменти уреди

 
Жена свири на китара
    • лира — позајмена од грците (вид харфа) - рамка од дрво или желкина школка со разен број жици оптегнати од препреката до резонаторот. Се држела во рака или в скут и се свирела со другата рака. Полека римјаните го замениле овој инструмент со попрефинетата китара, поголем инструмент со кутија со жици отегнати од препреката на врвот до резонаторот најдолу; се држела исправено и се свирела со тргалка. Жиците се штимале со прилагодување на дрвени клинчиња долж препреката [9].
    • лејта - овој инструмент е вистинскиот претходин на гитарата. Се смета за средновековен, но јасно е дека римјаните го свиреле. Римската лејта имала три жици, но не била популарна како лирата и китарата и била полесна за свирење од нив.
    • китара - важен римски иснтрумент. Се свирел како во популарната, така и во сериозната музика. Бил поголем и потежок од лирата, бил гласен, и имал сладок пискав звук, кој се штимал прецизно. Се сметало дека некои свирачи знаеле да извадат плачлив звук на него. Одтука доаѓа зборот гитара, иако таа има еволуирано од лејтата. Китаристите уживале еквивалентна популарност и мистика како денешните гитаристи. Како и други инструменти, китарата дошла од Грција, каде наоѓаме најсложени примероци на овој инструмент.

Се сметало дека боговите на музиката, музите на Аполон, ги обдариле китаристите со инструментот за да ги замајуваат слушателите.

Органи уреди

 
Хидраулис
    • органа — од овој инструмент имаме слики и мозаици. Цевките се наредни по големина за да можат да вадат звуци според грчката скала. Од фрагментите гледаме дека инструментите биле налик на вкрстување помеѓу гајда и органа. Досега стручњаците немаат воспоставено дали се дувала усно или со мешина. Од поголем интерес е т.н. хидраулис, органа која работела на воден притисок. Ова исто така бил грчки изум, каде воздухот во цевките доаѓа од механизмот на воздушна кутија поврзана со цевка со купола; воздухот се пумпал за да ја компримира водата, водата се надигала во куполата, компримирајќи го воздухот, и така давајќи им постојан материјал (воздух) на цевките. [10]

Ударни инструменти уреди

    • Варијации на дрвениот или метален инструмент (скабелум) —„чукало“— со кое се одржувал ритамот. Постоеле и други тропалки, ѕвона и дајриња.
    • Тапани и ударни инструменти како тимпани и кастањети, египетскиот систрум и ламарии, како ритмичка позадина за танц, свечени обреди како оние на Баховците, воена употреба, лов (за бркање на дивеч), па дури и за контрола на пчели во пчеларници.
    • Систери тропалки од прстени нанижани на жици на метална рамка, кои често се користеле за ритуали.

Музиката во општеството уреди

и покрај недостигот на музичка оригиналност од страна на римјаните, тие навистина уживале во музиката и ја користеле ви најразлични прилики. Скот [11] ни укажува на очигледната воена употреба да тубата за сигнализација, како и за погребална музика, приватни собирања, јавни изведби на сцена или во големи гладијаторски спектакли. Религиозните церемонии исто така биле често придружувани од музика. Треба да се напомене дека римјаните на сметале музиката за занк на образованост [12]. Музичките натпревари биле прилично чести и прибирале голема публика и бројни учесници, како и самиот Нерон кој изведувал насекаде аматериски, па дури и бил на натпревар во Грција. [13].

Постојат многу наводи (цитирани од Скот [14]) за сеприсутноста на музиката во римскиот живот, дури и во многу големи размери—стотици трубачи и флејтисти свиреле на фестивалите—па дури и рачните китари се правеле и со големина на кочија.

Наводи уреди

Видете Наводи на англиската верзија на статијава.

Белешки уреди

  1. ^ Grout
  2. ^ Ulrich, стр. 25
  3. ^ Grout
  4. ^ Scott, стр. 404
  5. ^ Bonanni, илустрација 2.
  6. ^ Bonanni, илустрација 3.
  7. ^ Bonanni, илустрација 48.
  8. ^ Williams.
  9. ^ Scott, стр. 413
  10. ^ Walter, стр.23
  11. ^ Светониј, цитиран од Scott, стр. 418.
  12. ^ Scott, стр. 416
  13. ^ Ulrich, стр. 15
  14. ^ Boethius (Боетиј)
  15. ^ Pierce, стp. 45

Надворешни врски уреди

Античка музика

Старогрчка музика - Римска музика - Месопотамска музика - Староегипетска музика - Библиска музика

Претходно: Праисториска музика | Следно: Рана музика