Римска брокула (римски карфиол) — прехранбен цвет на дивата зелка (Brassica oleracea) и сорта на карфиолот. Во историските документи за првпат се среќава во XVI век во Италија како broccolo romanesco

Римска брокула
Римската брокула со својот карактеристичен самосличен облик
Виддива зелка (Brassica oleracea)
Сортна групаБотритис

Опис уреди

Римската брокула личи на карфиол, но по боја е светлозелена, а соцветието има самосличен карактер, со разгранети творни ткива кои образуваат логаритамска сипрала. Во овој смисол обликот приближно образува природен фрактал. Секоја пупка се состои од низа помали пупки, кои исто така образуваат логаритамски спирали. Оваа шема продолжува неколкупати, во сè помал размер. Фракталот е приближен биедејќи шемата завршува кога доаѓа до достатно мал размер.

Зеленчукот е богат со витамин Ц, витамин К, прехранбени влакна и каротеноиди.

Приготвување и вкус уреди

Како и обичната брокула, римската брокула треба да се готви само делумно, бидејќи во спротивно добива непријатна текстура. По состав е покревка од карфиолот, што значи дека е погодна за туршии и конзумирање во сирова состојба. Во споредба со обичната брокула и карфиолот, римската брокула има помек вкус, составот ѝ покремаст, по арома потсетува на ореви, а по вкус нагорчува помалку од нив.

Надворешни врски уреди