Релативна честота

(Пренасочено од Релативна фреквенција)

Релативна честота — однос помеѓу честотата на одделниот модалитет на белегот и вкупниот број на единици на масата.

Статистичка серија уреди

Статистичка серија претставува низа на бројчени податоци кои ја прикажуваат структурата на масата по некој белег, или распоредот на масата во простор, или промената на масата во време. Според начинот на формирањето и што квалитативно ги изразуваат низите на податоци, статистичките серии можат да бидат: серии на структурата и временски низи.

Сериите на структурата според бројчен белег се нарекуваат распореди на честотите.[1]

Овие серии се состојат од модалитети на белегот и честоти (честотите покажуваат колку пати се јавуваат поодделните модалитети внатре во набљудуваната статистичка маса). Во статистичката анализа покрај честотите кои претставуваат апсолутни броеви, се користат и релативните честоти, како релативни броеви.

Дефинирање на релативна честота уреди

Релативната честота претставува однос помеѓу честотата на одделниот модалитет на белегот и вкупниот број на единици на масата, односно: Релативна честота на i-тиот модалитет = fi/ ∑fi Релативната честота претставува пропорција на сите дадени вредности во еден интервал, т.е. честота на настанот/вредноста поделена со вкупниот број на опити.

Релативната честота на одреден белег е честотата на белегот поделена со вкупниот број на честоти на сите белези и генерално се изразува во процент. Збирот на релативните честоти на сите белези е 1, или 100%. Кога честотите на одредена табела се заменуваат со релативните честоти кои им кореспондираат, табелата која ќе се формира како резултат на тоа ќе се вика дистрибуција на релативни честоти, процентна дистрибуција или табела на релативни честоти. Хистограмите кај кои се примените релативни честоти на местото на апсолутните честоти, своето име ќе го променат во хистограми на релативни честоти, притоа не менувајќи го дијаграмот.[2]

Пример за релативна честота уреди

Табелата е пример за просечна тежина на неколку испитанички и покажани се соодветните релативни честоти на групираните податоци според тежина.

Тежина ( во кг ) Апсолутна честота Број на луѓе ( fi )Релативна честота
60 – 62 5 5/100 или 0,05
63 – 65 18 18/100 или 0,18
66 – 68 42 42/100 или 0,42
69 – 71 27 27/100 или 0,27
72 – 74 8 8/100 или 0,08
Вкупно ∑ fi = 100

Релативните честоти ја зголемуваат можноста на анализата за статистичката маса презентирана во серија, бидејќи во однос на апсолутните честоти ја прошируваат информацијата за структурата на набљудуваната статистичка маса.

На овој начин изразена, структурата на масата овозможува споредување на структурата на групите или споредување на структурата со слични маси.

За разлика од распоредите на честоти, сериите на структурата според атрибутивен белег не можат да се искажат како функција, но тоа не значи дека овие серии нема да се користат во статистичките истражувања. За нивна анализа се користат соодветни методи на непараметарска статистика. Притоа, релативната честота претставува една од основните мерки на непараметарската статистика.

Хистограмот може да биде честотен и релативно честотен.[3]

Наводи уреди

  1. Ристески Славе, Тевдовски, Драган (2010): „Статистика за бизнис и економија“, четврто издание, Скопје: Економски факултет - Скопје.
  2. Schaums Outline of Statistics, Fourth Edition (Schaum's Outline Series)Murray Spiegel , Larry Stephens
  3. Сузана Станковска, Д-р Евица Делова - Јолевска „Статистика“