Регенсбург (германски: Regensburg) — град во Баварија, југоисточна Германија, сместен на спојот меѓу реките Дунав и Реген. Според пописот од 2004 г., Регенсбург има 150.212 жители. На исток од градот се наоѓа Баварската Шума. Регенсбург е седиште на баварскиот административен регион Горен Пфалц.

Знаме на Регенсбург

Близу градот се наоѓа класичниот храм-споменик на германските великани наречен „Валхала“.