Рајна-Лана
Рајна-Лана (герм. Rhein-Lahn-Kreis) — округ во источниот дел на покраината Рајнска област-Пфалц, Германија. Се граничи со окрузите (од север, надесно) Вестервалд, Лимбург-Вајлбург, Рајнгау-Таунус, Мајнц-Бинген, Рајна-Хунсрик, Мајен-Кобленц и безокружниот град Кобленц.
Рајна-Лана | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Рајнска област-Пфалц | |
Седиште | Бад Емс | |
Површина | ||
• Вкупна | 782,3 км2 (3,020 ми2) | |
Население (31 декември 2020)[1] | ||
• Вкупно | 122.574 | |
• Густина | 16/км2 (41/ми2) | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | EMS | |
Мреж. место | rhein-lahn-info.de |
Историја уреди
Со Виенскиот конгрес, подрачјето било припоено кон војводството Насау. Во 1866 Насау ѝ припаднало на Прусија, па така во 1867 е создаден административниот регион Висбаден, и во негов состав окрузите Рајнгау и Унтерлан. Во 1885 округот Рајнгау бил претворен во округот Санкт Гоарсхаузен. Во 1969, двата округа се споени, образувајќи го округот Рајна-Лана.
Географија уреди
Како што може да се забележи од името, во округот течат две значајни реки. Рајна ја исцртува границата на запад, чија тесна долина е насадена со винова лоза. Реката Лана тече низ северниот дел на округот, па се влева во Рајна кај Ланштајн. Југот се одликува со ридест терен, и низ него се протега венецот Таунус.
Населени места уреди
Неврзан град |
---|
Општински заедници | ||||
---|---|---|---|---|
|
|
|
| |
1седиште на општинската заедница; 2град |
Наводи уреди
Надворешни врски уреди
„Рајна-Лана“ на Ризницата ? |
- Рајна-Лана Архивирано на 26 август 2010 г. — окружен портал (германски)