Оваа статија е за рани кај луѓето и животните. За рани кај растенијата види Фитопатологија.

Рана
Ранет маж
СпецијалностУргентна медицина Уреди на Википодатоците

Раната е вид на повреда во која кожата е растргната, пресечена или пробиена (отворена рана) или каде траума од тап предмет предизвикува контузија (затворена рана). Во патологијата особено се однесува на убодни повреди кои го оштетуваат дермисот на кожата.

Класификација уреди

Според степенот на контаминираност раната може да биде:

  • чиста рана, рана добиена во стерилни услови кога не се присутни организми во раната и која веројатно ќе биде излечена без компликации.
  • контаминирана рана, каде раната е добиена како резултат на случајна повреда и каде се присутни патогени организми и страни тела во раната.
  • инфицирана рана, каде се присутни патогени организми и се појавуваат развојни клинички знаци на инфекција, која изгледа жолто, гнои, предизвикува болка и црвенило.
  • колонизирана рана, која е хронична и во која се присутни голем број на организми и е многу тешка за лекување како кај декубитус.

Отворена уреди

Отворените рани може да се класифицираат според предметите кои ја предизвикале раната. Типовите на отворена рана се:

  • Засекување или засечени рани, предизвикани од чисти, заострени предмети како нож, жилет или парче стакло.
  • Раздеротини неправилни рани во вид на солза предизвикани од груба траума.Раздеротините и исечениците може да се јават како линеарни(правилни) и ѕвездести (неправилни).Терминот раздеротина вообичаено неправилно се користи за исекотини.
  • Абразија (сринатина), површни рани кај кои најгорниот слој од кожата (епидермисот) е излупена. Абразии секогаш настануваат при паѓање со лизгане на нерамни површини.
  • Авулзии, повреди кај кои телесна структура е насилно оттргната од нејзината нормална точка на припој. Вид на ампутација каде екстремитетот е поточно кажано слупен наместо откинат.
  • Убодни рани предизвикани од предмет кој ја пробива кожата како спица, клин или игла.
  • Прострелни рани, предизвикани од куршум или сличен проектил кој влегува во телото или поминува низ телото. Овде може да има две рани, една на страната на влезот и една на страната на излезот, општопознати како влезно- излезни рани.

Затворена уреди

Има неколку категории на затворени рани кои се исто толку опасни како и отворените рани. Видовите на затворени рани се:

  • Хематоми исто наречени и крвни тумори предизвикани од поради оштетување на крвните садови кои како последица доведуваат до собирање на крвта под кожата.
  • Хематоми кои потекнуваат од патологија на внатрешните крвни садови се петехии, пурпура и ехимоза. Различната класификација се заснова на големината.
  • Хематомите кои потекнуваат од надворешен извор на траума се контузиите вообичаено познати како набиеници.
  • Контузии, попознати како модринки предизвикани од caused by a blunt force trauma кои го уништуваат ткивото под кожата.
  • Краш- повреди кои настануваат поради изложеност на голема или екстремна сила за време на подолг период.

Патофизиологија уреди

За да се излечи рана телото презема серија на дејства кои заедно се нарекуваат процес на залекување на рана.

Третман уреди

Целосниот третман зависи од типот, причината и длабочината на раната како и од тоа дали се зафатени и други структури под кожата (дермисот). Третманот на свежите рани вклучува прегледување, чистење и затворање на раната.

Мали рани како модринки, поминуваат самите од себе со избледнување на кожата најчесто исчезнувајќи за 1-2 недели. Абразиите кои се рани со неповредена кожа (непродираат низ дермисот до поткожното масно ткиво), најчесто не бараат активно лекување освен да се одржува пределот чист, главно со сапун и вода. Убодните рани може да бидат склони на инфекции во зависност од длабочината на убодот. Влезот на убодните рана се остава отворен за да се овозможи бактериите или нечистотиите да се отстранат од внатрешноста.

Чистење уреди

За лесни рани, чистењето може да се изврши со користење на бројни раствори вклучувајќи истечна вода и стерилен физиолошки раствор. Со употреба на истечна вода од региони со висок квалитет на водата може да се намали стапкат на инфекции. Чистењето на раните уште е познато како тоалета на рана.

Затворање на рана уреди

Ако личноста е донесена во здравствен центар во период од 6 часа од повредата обично таа се затвора откако раната ќе се процени и исчисти. Ако раната се затвори после овој период постои теоретска загриженост за зголемен ризик од инфекција. Затоа некои болничари може да го одложат затворањето додека други може да сакаат да ја затворат раната веднаш по повредата во рок од 24 часа. Одделни испитувања имаат докажано дека користењето на чисти нестерилни ракавици е исто како и користењето на стерилни ракавици за време на затворање на рана. Ако се реши да се затвори рана може да се употребат голем број на техники како бандажирање, цијаноакрилни лепенки, спојувалки и шавови. Апсорбливите шавови кои нема потреба да се отстранат имаат предност пред неапсорбливите. Тие секогаш се претпочитаат кај деца. Ублажувањето на pH со лидокаин го прави шиењето помалку болно. Може да се спореди козметичкиот исход кај возрасни и деца за атхезивните лепенки и шавови кај мали рани помали од 5 cm. Употребата на атхезивни лепенки бара значително помалку време за лекарот и помалку болка за личноста со раната. Значително повисока е стапката на отворање на раната, но има помалку црвенило. Ризикот од инфекции (1,1) е ист. Атхезивните лепенки не треба да се користат во регии со висок притисок или повторувачки движења како зглобови или задниот дел од телото.

Завои уреди

Во случај на хирушки рани употребата на локални антибиотици не ја намалува стапката на инфекции во споредба со неантибиотските масти или неупотребата на масти воопшто. Антибиотските масти ќе ја иритираат кожата, ќе го забават заздравувањето и значително ќе го зголемат ризикот од развој на контактен дерматитис и антибиотска резистенција. Поради ова тие треба да се користат само кога личноста дава знаци на инфекција а не како превентива. Ефектот на средствата за превивање и кремите кои содржат сребро во превенцијата на инфекции или подобрување на заздравувањето во моментот не е поддржан со докази.

Затворање на рана уреди

Ако личноста е донесена во здравствен центар во период од 6 часа од повредата обично таа се затвора откако раната ќе се процени и исчисти. Ако раната се затвори после овој период постои теоретска загриженост за зголемен ризик од инфекција. Затоа некои болничари може да го одложат затворањето додека други може да сакаат да ја затворат раната веднаш по повредата во рок од 24 часа. Одделни испитувања имаат докажано дека користењето на чисти нестерилни ракавици е исто како и користењето на стерилни ракавици за време на затворање на рана. Ако се реши да се затвори рана може да се употребат голем број на техники како бандажирање, цијаноакрилни лепенки, спојувалки и шавови. Апсорбливите шавови кои нема потреба да се отстранат имаат предност пред неапсорбливите. Тие секогаш се претпочитаат кај деца. Ублажувањето на pH со лидокаин го прави шиењето помалку болно. Може да се спореди козметичкиот исход кај возрасни и деца за атхезивните лепенки и шавови кај мали рани помали од 5 cm. Употребата на атхезивни лепенки бара значително помалку време за лекарот и помалку болка за личноста со раната. Значително повисока е стапката на отворање на раната, но има помалку црвенило. Ризикот од инфекции (1,1) е ист.

Атхезивните лепенки не треба да се користат во регии со висок притисок или повторувачки движења како зглобови или задниот дел од телото.

Завои уреди

Во случај на хирушки рани употребата на локални антибиотици не ја намалува стапката на инфекции во споредба со неантибиотските масти или неупотребата на масти воопшто. Антибиотските масти ќе ја иритираат кожата, ќе го забават заздравувањето и значително ќе го зголемат ризикот од развој на контактен дерматитис и антибиотска резистенција. Поради ова тие треба да се користат само кога личноста дава знаци на инфекција а не како превентива. Ефектот на средствата за превивање и кремите кои содржат сребро во превенцијата на инфекции или подобрување на заздравувањето во моментот не е поддржан со докази.

Снимање уреди

За следење и набљудување на процесот на заздравување раната може да се снима со различни техники кои се состојат, но не се ограничени на:

  • Фотографии со субсеквентна квантификација на регијата со употреба на компијутерска обработка.
  • Ацетатни ленти за следење на рани.

Компликации уреди

Пациентот има длабока рана на коленото и се користи радиографија за да покаже дека нема скриени скршеници на коската. Бактериските инфекции може да го попречат процесот на заздравување и да доведат до живото-загрозувачки компликации. Научници од Универзитетот во Шефилд имаат откриено начин за брзо откривање на присуството на бактерии со користење на светлина. Тие развиваат преносен прибор во кој специјално дизајнирани молекули испуштаат светлосен сигнал кога ќе се сврзат со бактерија. Моменталното детектирање на бактериите кое се заснова на лабораторија може да трае со часови или дури и денови[1].

Испитувања уреди

Личностите кои имаат рани кои не се лечат треба да се испитаат за да се најдат причините. Многу микробиолошки причинители може да бидат одговорни за ова. Основни испитувања вклучуваат проценка на раната, нејзината проширеност и сериозност. Обично се прави култура и од раната и од крвта. Рентген зраци и антитетанична вакцина може да бидат администрирани доколку постои сомнеж за претходна вакцинација[2].

Хронични уреди

Незаздравувачките рани кај дијабетичното стапало се сметаат како една од најзначајните компликации кај дијабетот претставувајќи голем медицински социјален и економски товар ширум светот кој во голема мера влијае на квалитетот на живот на пациентот. Според Центарот за контрола и превенција на болести во Америка има речиси 24 милиони американци, еден во секои 12, кои се дијабетичари а болеста предизвикува широко распостранета неспособност и смрт со епидемиска брзина. Се проценува дека од тие со дијабет, 6.5 милиони страдаат од хронични рани или рани кои не заздравуваат. Раните кои не заздравуваат и се поврзани со слаба циркулација, лошо функционирање на вените и неподвижност најчесто се јавуваат во староста и кај луѓе со дијабет,популација која забрзано расте како што нацијата старее и се зголемува бројот на хроничните заболувања.

Иако дијабетот може да го уништи телото на многу начини, незаздравувачките чири на стапалото и на потколениците се честа надворешна манифестација на оваа болест. Дијабетичарите исто така секогаш страдаат од оштетување на нервите на нивните стапала и нозе, дозволувајќи им на малите рани или воспаленија да се развиваат без да бидат свесни за тоа. Поради нарушената микроциркулација и други попратни ефекти на дајабетесот на овие рани им треба долго време да заздрават и бараат специјален пристап во третманот за да дојде до соодветно лечење. Околу 25 проценти од пациентите со дијабет развиваат чир на стапалото. Ако не се третираат интензивно овие рани може да доведат до ампутација. Се проценува дека на секои 30 секунди некаде во светот се врши ампутација на долен екстремитет поради рана од дијабет.

Ампутациите секогаш предизвикуваат опаѓање на квалитетот на животот, често водат до инвалидност и смрт. Всушност само една третина од лицата со ампутација поради дијабет живеат повеќе од пет години, стапка на преживување иста како и кај многу канцери. Повеќето од ампутациите на долните екстремитети може да бидат спречени со интердисциплинарен пристап во третманот кој вклучува разновидни напредни терапии и техники како дебридман, хипербаричен кислороден третман, специјална облека, специјални обувки и едукација на пациентот. Кога раната постои потребен е специјален метод на лекување[3].

Историја уреди

Во периодот од Антиката до средниот век врз основа на некои теории поставени од страна на филозофот Платон се верували дека телото и душата се директно поврзани. Се верувало дека раните на телото се поврзани со рани на душата и обратно. Раните се гледале како надворешен знак на внатрешна болест.Така за човек кој е сериозно физички ранет се велело дека е не е попречен само физички туку и духовно. Ако душата била ранета тогаш таа рана станувала физички израз кој ја изразува вистинската состојба на телото. На пример раните добиени во војна ја кажувале приказната на војникот во форма која секој може да ја види и да ја разбере а раните на маченикот ја кажувале приказната за неговата вера.

Испитувања уреди

Кај луѓето и глувците покажано е дека естрогенот може да влијае на брзината и квалитетот на лекување на раната.

Наводи уреди

  1. „Light to detect wound infection“ (web). UK scientists have identified a way of using light to rapidly detect the presence of bacteria. BBC News. 11 март 2007. Архивирано од изворникот 22 август 2007. Посетено на 17 март 2008.
  2. Work Up Архивирано на 31 јануари 2010 г. eMedicine General Surgery. Retrieved 27 January 2010
  3. "The Clinical Case for Use of Hyperbaric Oxygen Therapy in the Treatment of Diabetic Wounds," Diversified Clinical Services, copyright 2009