Ракија (срп., хрв., бос. ракија / rakija, буг. ракия, унг. pálinka, алб., тур. raki, ром. rachiu (дијал. răchie), сло. žganje, свк. pálenka ) — жесток алкохолен пијалак популарен на Балканот. Се прави речиси исклучиво од овошје, но постојат и ракии кои се прават и од мед или од ореви. Во индустриското производство вообичаено е процентот на алкохол да биде помеѓу 40 и 45 проценти, но во домашното производство овој процент се движи на пати дури и над 60.

Ракија
Бела ракија во чаши и шише
Алкохол по волумен35%–55%
Состојкигрозје, комина, разно овошје
Варијанти
Шопска салата со ракија
Казан за варење ракија

Во Македонија традиционалната ракија е лозовата ракија со процент на алкохол помеѓу 40 и 60 проценти. Во другите земји на Балканот, покрај лозовата ракија, многу често се среќава и сливовата ракија (срп. шљивка) која е особено популарна во Србија. Ракија се прави и од кајсии, круши, јаболка, праски, дудинки и други сочни овошја. Покрај чистата ракија, при процесот на производство може да се додадат најразлични зачини. Особено позната и популарна зачинета ракија е мастиката или узо која содржи анасон и има сладок вкус, а е карактеристична за јужните предели на Македонија и Бугарија и Грција. Друга позната зачинета ракија е т.н. пелинковец кој содржи пелин и има горчлив вкус.

Ракијата обично се консумира во друштво и секогаш со мезе. Не се препорачува пиење ракија „на голо“, т.е. без мезе или само со вода. Како мезе најчесто се користат разни зеленчукови салати (традиционално тоа е шопската салата), иако во Далмација, Црна Гора и Србија неретко како мезе се користат и месни или сувомесни производи (најчесто пршута).

Покрај индустриското производство, ракија се произведува и во рамките на едно домаќинство, за неговите потреби. Многу домаќинства имаат „традиционални“ начини на приготвување на ракијата, специјални места и опрема за чување и складирање на истата кои наводно се пресудни за квалитетот на производот.

Видови ракија уреди

Врз основа на суровината од која се произведува уреди

Врз основа на додатоците уреди

Врз основа на начинот на подготовка уреди

Производство и потрошувачка на ракија во Македонија уреди

 
Лозова ракија од Тиквеш

Во април 2014 година, жолтата лозова ракија со ознака "VS" на винарската визба „Тиквеш“ била наградена со златен медал за виок квалитет на меѓународниот натпревар на вина и жестоки пијалаци, одржан во Пловдив. Оваа ракија, со јачина од 45 степени, се произведува на природен начин, од гроздов дестилат кој стареел повеќе од пет години, чуван во дабови буриња.[15]

Прометот на ракија во 2017 година изнесувал 2,2% од вкупниот промет на алкохолни пијалаци.

Полнолетните македонски граѓани во 2017 година испиле по 0,9 литри ракија.[16]

Ракијата како тема во уметноста и во популарната култура уреди

Ракијата како тема во македонското народно творештво уреди

  • Вино пијам, ем ракија“ - македонска народна песна
  • „Од ракија боли грбот“ - македонска народна приказна

Македонски народни поговорки за ракија[17] уреди

  • Да не даваш милостина вино и ракија, оти грео не ти се проштаа.
  • Како што се арџат пари за вино и ракија, така да се арџеа и за наука, не ќе тргаа сиромасите мака.
  • Мртоец да вардиш и ракија да вариш, не треба да спиеш.
  • Поминал низ меана и ич не се напил ракија, само ја мириснал.
  • Пријатели има и за чаша вино и ракија.
  • Ракија и вино со пари го пиет, водата бадијала ет и не пиет.
  • Умнио чоек ако пие вино и ракија, ама умо не си го пиет.
  • Сирење без дупчиња, леб со дупчиња, вино без пена и раќија со пена секогаш се арни.
  • Ако носиш од једна страна раќија, од другата носиш ќотек.
  • Малечко зрно е леблебија, ама го јадат по раќија.
  • Од вино и раќија нема прокопција.

Наводи уреди

  1. „гроздовица“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „комовица“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „коминарка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „вишновка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „дренковица“Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. „крушовица“Дигитален речник на македонскиот јазик
  7. „мастика“Дигитален речник на македонскиот јазик
  8. „сливка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  9. „сливовица“Дигитален речник на македонскиот јазик
  10. „анасонка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  11. „евловица“Дигитален речник на македонскиот јазик
  12. „пелинковец“Дигитален речник на македонскиот јазик
  13. „превареница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  14. „препек“Дигитален речник на македонскиот јазик
  15. "Злато за жолтата на "Тиквеш", Дневник, година XVIII, број 5439, петок, 11 април 2014, стр. 12.
  16. За виното низ бројки на семрежното место на Заводот за статистика на Република Македонија
  17. „Македонски пословици“. Посетено на 28 јуни 2019.