Размер N

размер во железничкото моделарство

N, е еден популарен размер во железничкото моделарство кој им овозможува на хобистите градење на макети на многу помал простор од најпопуларниот размер HO, бидејќи моделите се многу помали (1:160 скоро половина) од HO (1:87).

Размер N
Макета на локомотива „Мале“ во размер N и молив за споредба
Сооднос 1:160
Макетен колосек 9 мм
Прототипски колосек нормален
Пример на големина на модел во размер N со молив за споредба

Историја уреди

Името го добива од англиската кратенка Nine millimetres што значи девет милиметри, што е растојание помеѓу внатрешниот раб на шините.

Размерот N има сооднос од 1:160 и е разработен од германското претпријатие Arnold Rapido во раните 1960-ти години, која нагло се шири низ светот благодарејќи на големината на моделите кој се практични за мали простори.

Варијанти уреди

Размерот N има повеќе потесни линии како претставници на теснолинејски железнички линии како одговор на нормалната линија во размер N .

Варијации на размерот N
Размер
Прототип
Забелешка
N
9 мм
1250 - 1700 мм колосек
Nm / N3
6,5 мм
15"
850 - 1249 мм колосек, истата ширина на колосек со размер Z
Ne / Ne2
4,5 мм
650 - 849 мм колосек
Nf / Ni
3,75 мм
400 - 650 мм колосек, во Република Македонија поради постоењето на теснолинејка од 600 мм. (Не е стандард, но фирмата Ralino го дефинира)

Надворешни врски уреди

Надворешни врски уреди

Поврзано уреди