Пчеларство (или апикултура, од латински apis - пчела) — чување на пчелни колонии, најчесто во сандаци од страна на луѓето. Пчеларот ги одгледува пчелите со цел да добие мед, други производи, како: пчелин восок, прополис, полен и матичен млеч, за опрашување на некои култури или за производство на пчели за продажба на други пчелари. Во Македонија во 2018 година биле произведени 561,2 тони мед.[1]

Сандаци за пчели
Пчелар во Македонија на почетокот на XX век

Директна корист од пчеларството пчеларот добива во следните производи: мед, пчелен восок, пчелен отров (убод), матичен млеч, цветен прав (полен), прополис. Покрај тоа добива и роеви и матици за репродукција на пчеларството.

Индиректна корист од пчеларството е опрашувањето на земјоделските билки и таа е значително повисока од директната, за околу 100 до 150 пати, бидејќи во природата околу 80% од билките се ентомофилни (билки кои опрашуваат инсекти). Околу 150 културни билки на подручјето на Балканот бара опрашување на помош на пчелата.

Пчеларството може да биде: хоби, дополнителна работа или комерцијална работа.

Историја на пчеларството уреди

Во одреден момент, луѓето почнале да ги населуваат пчелите во вештачки кошници, направени од дрвени кутии, керамички садови и ткаени сламени кошови. Во Египет пчелите биле чувани уште од антиката.[2] Во Стара Грција аспекти за животот на пчелите и пчеларството биле дискутирани од Аристотел.

Број на пчелни семејства во Македонија уреди

Број на пчелни семејства во Македонија (2002-2021)[3]

Пчеларството како мотив во уметноста уреди

Наводи уреди

  1. „ Медот исчезнува пред климатските промени“
  2. Пчеларството во Стар Египет
  3. „МакСтат база на податоци: Вкупен број на добиток, живина и пчелни семејства, во Република Македонија, по години“. Посетено на 2024-03-12.
  4. Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 41.

Надворешни врски уреди